А што треба да напраи еден човек кој ете абе ептен многу сака да влезе таму негде во некој клуб (елитен клуб/друштво) ама ете нешто домаќините таму не го пуштаат, избацивачот/чуварот на врата не го пушта, постојано му наоѓаат безброј фалинки, де кондурите му смрделе, де не бил убав, клемпави и големи уши имал, бушав бил, прљав бил, небањат, де бил сиромав и немал пари да плати, де гаќите му биле скинати и газот му бил гол, де одел бос со цепани чорапи... тоа се глупости и прикаски за мали деца, ако некој те сака и сака да те прими ќе те прими онаков каков што си па макар и да си магаре, жаба или гуштер...