Bogatatvoto na Cile ne e sporno ic deka e golemo ama edno e to drugo e budzetot na klubot...
Duri ne se pocni sala da se praj se drugo e dzabe
И јас би прво сала, па се останато...
Џабе ти тим, кога нема кај да играш....
Уште играме на стружен ламинат, гефлор подлога на само 5-6 европски утакмици, ладна сала, мизерни тоалети, без собелкувална, топла вода, па смрдени бегат играчите после утакмица, бараме преку леб погача и ние, мора да се тргни од основното...
То ти е исто како секој еден од нас, да работи во мизерни услови, пример во некоја канцеларија, стара дограма, да дува ветер од сегде, стар инвертар, да нема затоплување, ќе ти се одмили и работа и сабота...
Исто и во ракометот, салата е втор дом за играчите, мора да понудиш добри услови за да привлечиш играчи и мислам дека голем проблем е токму тоа шо не можиме да донесиме квалитетни и звучни имиња во Битола, исклучок само Мандалиниќ кој доби плата небаре претседател на државата е.
Исто голем минус е инфрастурктурата во државата, патиштата, оддалечен аеродром, па некој странец да дојди треба 3 и пол саати од аеродром да го влечкаш, низ никаков пат, онде на плетвар, одрон на камења карпи на секој метар сега имаш, не си безбеден, пренасочување на сообраќај од една во друга колозовна лента, некој ќе си помисли дека за Пакистан го носиш, не за Битола. Жално, но вистинито, и прво ова низ очи шо ќе видиш, не фала ќе речиш.... Побрзо од Солун ќе стигниш, отколку од Скопје....
Мора да се почни од основните работи, па да привлечиш екстра играч, иначе не е спорно дека клубот нема пари....
Памтам во кошарката ко дојде играч и дури да го донесат до бт, па спремен си дојде батето, со апаратчиња за мерење пулс, за кардио вежби му кажваја се, стегачи, ваква таква опрема, ко дојде тука да игра и ко измери дека внатре всала е поладно од надвор зимата, му идеше сам да си ја плати картата за назад, учени се играчите во современи и модерни услови...
Никој не ти игра во минусни температури, каде на такви услови повредите се поголеми и поризични, секој си одговара на крај за своето здравје, помина времето од 80тите, каде ги болеше средното уво некој за условите и се играше со срце, сега то го нема, плати па клати
П.С. И далеку сме од лш, дури не се среди се ова, ни вајлд ни ништо, 10 екипи има пред нас шо би добиле.