Има зимава да го јадеме за сите пари. Прво ЕУ ни забрани да ја гасифицираме РЕК. Второ во битката за секој кубик јаглен Северџанија нема да добие ниту грам од извоз. Трето и надворешната струја (ако ја има да се купи) ќе кошта три пати поскапо од сега.
Најверојатно ќе купуваме некој вишок и колку толку ќе им плаќаме (покриваме) на французите и германците за нивната мака.
Спремете се за ќебиња што да кажам...
" ЕВРОПА ВЕЌЕ НЕ Е ЗЕЛЕНА, ПУТИН ЈА „ПЕПЛОСА“ Ако ги намалите климите за 2 степени сѐ ќе биде во ред?
Ако ја намалиме температурата на греењето во просек за два степени во Европа или на климатизерот, Европа ќе ги замени сите набавки преку Северен тек, рече шефицата на ЕК во интервју за шпанскиот весник „Диарио“. Во меѓувреме земјите членки ги враќаат старите централи на јаглен и започнуваат битка за купување на секој расположив кубик за зимата.
Зелената агенда на Европа пропаѓа, а четири земји од континентот веќе ги тријат прстите како да набават што повеќе јаглен за зимата, како единствена шанса да се стоплат поради фактот што имаат намален или воопшто немаат руски гас,
пишува Ројтерс. Германија, Австрија, Холандија и Италија ќе ги вратат централите на јаглен од пепелта во сет на кризни мерки, за кои велат дека се привремени.
Едно е сигурно, заклучоците на светскиот самит за климата, ЦОП26, нема да важат додека трае војната, а цените на струјата ќе бидат високи во следните 3 до 5 години, велат од РВЕ, најголемиот германски снабдувач.
Европа од зелена ќе стане, можеби не црвена, но дефинитивно „јагленосана“.
– Тоа е болно, но во оваа ситуација е чиста потреба да се намали потрошувачката на гас – рече министерот за економија Роберт Хабек, член на партијата на Зелените.
Тешко им е на Зелените во Германија кои претходно се залагаа за побрзо исфрлање на јагленот поради тоа што предизвикува повеќе стакленички гасови.
– Но, ако не го сториме тоа, тогаш ризикуваме складиштата да не бидат доволно полни на крајот на годината кон зимската сезона. И тогаш сме уценливи на политичко ниво – додава Хабек.
Германија располага само 40 отсто од рускиот гас кој ѝ беше достапен. Холандија во понеделникот рече дека ќе ги отстрани сите ограничувања на централите со јаглен во „рано предупредување“. Данска и Италија излегоа со свои кризни планови, со тоа што Италија е веќе во состојба на „енергетска готовност“ бидејќи на компанијата Ени ѝ било речено дека од понеделник ќе добива само дел од рускиот гас.
Со други зборови, Европа се подготвува за целосно сопирање на гасот. Државите ќе го штедат секој кубик, а можно е и зимава Европејците да мораат своето парно да го држат на два-три степени подоле и буквално, да смрзнуваат.
– Ако ја намалиме температурата на греењето во просек за два степени во Европа или на климатизерот, Европа ќе ги замени сите набавки преку Северен тек –
рече шефицата на ЕК во интервју за шпанскиот весник „Диарио“.
Урсула Фон дер Лејен ги цитираше пресметки дека така би се заштедиле 20 милијарди кубни метри, иако планот на Европа е да намали 100 до крајот на годината. Тоа се две третини од сите испораки.
Tурбината да ја вратите
Што се однесува до руската страна, Кремљ веќе има оправдување. Сервисираната турбина на гасоводот „Северен тек 1“ за Германија, која е поправена, но не може да биде испратена од Канада во Русија поради западните санкции е доволна причина за застој.
– Имаме гас, тој е подготвен за испорака, но Европејците мора да ја вратат опремата, која треба да се поправи според нивните обврски – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, мислејќи на турбината која ја сервисира „Сименс Енерџи“.
Не проработе ни идејата на Украина таа преку своите гасоводи да помогне да се пополнат дупките во снабдувањето. Москва изјави дека не може да пумпа повеќе нафта низ оние гасоводи кои Украина ги остави отворени.
Кафеав јаглен, стари централи, нови цени
Во меѓувреме, цените на струјата ќе растат. Маркус Кребер, извршен директор на најголемиот германскиот производител РВЕ, рече дека ваквите бројки може да потраат три до пет години пред да почнат да паѓаат. Тоа е производ на цената на гасот кој во некои земји како Холандија бил продаван и за три пати поскапо од лани. Ова e многу повеќе од претходните информации дека Кремљ ја подигнал цената за 60 отсто во првите 100 дена војна.
Најголемите нафтени компании во Германија, „Ени“ и „Унипер“ требаше да бидат 80 отсто наполнети со гас до октомври, односно 90 отсто до ноември. Но, тие во понеделникот беа само 54 отсто, нешто над половина. Затоа на земјата ѝ се потребни уште 10 гигавати од јаглен, а енергија од плус 1 гигават ако биде потребно ќе дава и кафеавиот јаглен од три други електрани, соопштија од РВЕ. "