Криптовалути - Генерална дискусија

Член од
12 април 2020
Мислења
471
Поени од реакции
886
Пополека уште не сме виделе ништо. Не би ме изненадило криптово пак да крене високо.
Инфлација има, сеа мислат демек малку ќе ги кренат каматите и готово малку рецесија и решен проблем. Не би рекол, државите едвај дочекаа инфлација да си ги намалат кредитите, со години се трудеа да ја створат. економисти некои ако ги читаш по новини и интернет е јасно што пишуваа, само за инфлација пишуваа дека со тоа се бришат кредитите. Не пропуштаат ваква прилика. Ќе остават бар 5 ако не и 10 години инфлација да тера да намалат кредитите од 150% на 30% од бдп па после ќе прават пак наново. Ќе се преправаат со некои мали кревања на камати. Ама сеуште се исплаќа да земеш кредит пошо каматата ти е пониска од инфлацијата. Во меѓувреме цела индустрија ќе оди по ѓаволите, стандардот ќе ни стане како во Еритреја ама тоа е.
Засега видовме само почеток едвај неколку месеци инфлација и малку паника.
Така да кога ке има две три последовалтени години со 10/15% инфлација тогаш иди интересното. Пошо тогаш ни долари ни евра не те спасуваат, ќе мора некоја алтернатива да се бара. Тоа ќе е вистинскиот тест за криптото.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
А ти имаш искуство во крипто? Толку ли многу имаш загубено што така зборуваш?
Само ако изгубиш смееш да зборуваш лошо?
Автоматски споено мислење:

Темава е чист пример зошто основи на економија треба да се изучува во основно. Неверојатно е колку народов е неписмен на оваа тематика. Држава што чека од спортска, од богатство преку ноќ со биткоин, а воедно нема појма од основни економски принципи... :гомце:
Не во основно, туку од основно до крај на студии, ппа може и ќе им влезе во глава.
Ама лакомоста е тука проблемот, не математиката.
 
Член од
12 април 2020
Мислења
471
Поени од реакции
886
Само ако изгубиш смееш да зборуваш лошо?
Автоматски споено мислење:

Не во основно, туку од основно до крај на студии, ппа може и ќе им влезе во глава.
Ама лакомоста е тука проблемот, не математиката.
Нема да верувате, ама најдобрите трејдери (не во крипто него во акции, суровини и слично), се многу помалку образовани од вас двајца. Не корелира образованието со успех во трејдање. Други вештини се во прашање и сигурно не знаење од економија.
Да беше така едноставно овие со докторати најаки ќе беа, си завршуваш докторат по економија и оп милјардер.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168

Знаење не е секогаш еквивалентно на образование.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Нема да верувате, ама најдобрите трејдери (не во крипто него во акции, суровини и слично), се многу помалку образовани од вас двајца. Не корелира образованието со успех во трејдање. Други вештини се во прашање и сигурно не знаење од економија.
Да беше така едноставно овие со докторати најаки ќе беа, си завршуваш докторат по економија и оп милјардер.
Дај листа од тие необоразованите што имаат таков успех?

James Simmons, Warren Buffet, Charlie Munger, Michae Bury, Peter Linch, George Sorors, Ray Dalio, Benjamin Graham, Ken Griffin...јас од овие не гледам ниту еден неписмен и необразован, напротив сите се потковани со математика и максимално добро познавање на економијата.

Трејдањето е математика, а најлошото нешто што може да те уништи се емоциите. А теле кое не ги разбира овие две работии може да направи пари само и само по случаен погодок на настаните, или па во бул маркет како минатата година кога се можно отиде нагоре и што би рекле во другата тема и „кафе куварките“ станаа инвеститори.
 
Читни го Талеб малку за почеток, за промена, колку да отвориш хоризонти да видиш други имиња. Почни од таму па ќе добиеш и други предлози.
Пошо светов е доволно полн со луѓе што слушнале за Грахам, не пали таа стратегија повеќе... Теорија на глорифицирани обврзници... помина тоа.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Читни го Талеб малку за почеток, за промена, колку да отвориш хоризонти да видиш други имиња. Почни од таму па ќе добиеш и други предлози.
Пошо светов е доволно полн со луѓе што слушнале за Грахам, не пали таа стратегија повеќе... Теорија на глорифицирани обврзници... помина тоа.
Ете Талеб не сум го читал, ама колку што знам и тој е математичар.
Најди ми еден успешен на берза кој не разбира математика?
Грахам не пали за американските, ама кај Кинеските се наоѓаат сеуште value компании.
 
Член од
22 јуни 2019
Мислења
924
Поени од реакции
1.430
Темава е чист пример зошто основи на економија треба да се изучува во основно. Неверојатно е колку народов е неписмен на оваа тематика. Држава што чека од спортска, од богатство преку ноќ со биткоин, а воедно нема појма од основни економски принципи... :гомце:
Не постое такво нешто БОГАСТВО ПРЕКУ НОЌ. Вчера беше биткоино 17700$ пример некој ако купил на таа цена сега е 19400$ во моменто значи тоа ти е профит некаде околу 1500-2000 евра што и не е некоја пара да се смета за богаство..Можно е да падне на 12000-15000$ некој пример и да го купе сеа на таа цена неможе да очекува некоја огромна цена за богаство...Ќе треба едно 2-3-4 години за повторно биткоино да достигне 40.000+ долара за реално да се направеа некоја пара... Исто е и со другите шиткоини...Некоја личност пример да купе 80.000 dogecoins и да очекува да рипне на 10-20 долара мислејки дека ќе направе некоја брза пара одма тогаш и нешто не е во ред со таа личност...Технични невозможно е маркет кап на некој шиткоин да биде преку трилиони долари..Можеби после 20-30 години ако се разложеме масивно со повеќе народ во свето...
 
Член од
12 април 2020
Мислења
471
Поени од реакции
886
Ете Талеб не сум го читал, ама колку што знам и тој е математичар.
Најди ми еден успешен на берза кој не разбира математика?
Грахам не пали за американските, ама кај Кинеските се наоѓаат сеуште value компании.
Поентата на Талеб е друга, ама ете си отвори википедија виде шо факултет завршил и готово ме растури.

моделите кои се јавно достапни, по книги, научни списанија и слично не вршат работа повеќе. Моеш 10 факултети за математика да завршиш, џабе, нема да ти помогнат во успех по берзи или со крипто.
Валју е страшно застарен концепт, не постојат зборови со кои може да се опиши. Да ти вратам со иста мера еве најди ми еден единствен човек со име и презиме што направил сериозни пари со валју во последниве 10 години. Еве најди еден шо го победил пазарот со 100% не мора да станал богаташ на ново.
Автоматски споено мислење:

Знаење не е секогаш еквивалентно на образование.
Јас тоа разбирам ама некои би да воведат обавезно изучување на економија. И што ќе се случи? Ќе им дојде некој кејнесијанец или марксист и ќе им продава на младите идеи од типот на модерн монетари... Штампај пари ко Тито и се ќе е супер.
 
Последно уредено:

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.417
Поени од реакции
24.583
Поентата на Талеб е друга, ама ете си отвори википедија виде шо факултет завршил и готово ме растури.

моделите кои се јавно достапни, по книги, научни списанија и слично не вршат работа повеќе. Моеш 10 факултети за математика да завршиш, џабе, нема да ти помогнат во успех по берзи или со крипто.
Валју е страшно застарен концепт, не постојат зборови со кои може да се опиши. Да ти вратам со иста мера еве најди ми еден единствен човек со име и презиме што направил сериозни пари со валју во последниве 10 години. Еве најди еден шо го победил пазарот со 100% не мора да станал богаташ на ново.
konceptite ne se zastareni nego premnogu amateri i fools with money pocnaa sami da trguvaat pa site parametri se pomesteni. klasicen primer ti e tesla ili red drugi IT kompanii pa i kriptoto. mesto ekonomski/matematicki koncepti sega imame tviter watch i influenceri na koj pazarot reagira. osven ako ne si ti eden od niv i da kontroliras sto i kako mada imaj na um togas si del od cela prevara togas drugoto e dzabe. u princip svetot bez pravila ke otide u kurac i eve veke odi sektor po sektor, del po del.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Поентата на Талеб е друга, ама ете си отвори википедија виде шо факултет завршил и готово ме растури.

моделите кои се јавно достапни, по книги, научни списанија и слично не вршат работа повеќе. Моеш 10 факултети за математика да завршиш, џабе, нема да ти помогнат во успех по берзи или со крипто.
Валју е страшно застарен концепт, не постојат зборови со кои може да се опиши. Да ти вратам со иста мера еве најди ми еден единствен човек со име и презиме што направил сериозни пари со валју во последниве 10 години. Еве најди еден шо го победил пазарот со 100% не мора да станал богаташ на ново.
Автоматски споено мислење:

Јас тоа разбирам ама некои би да воведат обавезно изучување на економија. И што ќе се случи? Ќе им дојде некој кејнесијанец или марксист и ќе им продава на младите идеи од типот на модерн монетари... Штампај пари ко Тито и се ќе е супер.
Абе ти евреј си станал, најде ли некој не-математичар што прави пари на берза?

Инаку на value секој што купил пред короната, а продаде минатата година. За некој месец пак ќе имаш шанса да си купиш valuе и за 2-3 години да ги продадеш за 30-40% поскапо.

Инаку кој вика дека кај крипто е применлив тој концепт? Еве јас на крипто тргував со мои ботови, целосно автоматизиран процес: од комплет анализи, па се до промовирање и маркетинг на валути. На ден сме имале и по преку 300 трансакции купување и продавање, и за 99% од нив немам ни појма дека се случуваат во позадина. Во прв момент кога почнуваше да крвари маркетот имав продадено и ботовите паузираа.

Кажи ми ти како може да победиш компјутер во позадина кој работи 24/7/365 дена во годината, секоја секунда собира податоци од стотици сервери на дискорд, веб сајтови и тн. и со 0 емоција купува валути самиот во однос на дневниот тренд и истите ги продава во прв момент кога почнуваат да паѓаат? (исклучиво математика).

Е слична работа спремам и за тргување на берза со акции, само што таму се малку потромави платформите и има повеќе рестрикции, па ќе земе троа повеќе време за кодирање.

Затоа ти го пишав погоре, ако јас како обичен смртник сум успеал да составам тим на математичари/програмери со заеднички интерес, и сме создале автоматизација и модели кои работат, може да замислиш што се случува со огромни корпорации и фондови каде се вртат милијарди.
И Спасе со едвај познавање на таблицата ќе се клади на берзата, и ќе направи пари ;)
 
Со среќа. Не заборавај на спасе, трајко, петко да му платиш 500 евра за поправка на климата летово.
Фигуративно, кој разбра разбра.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Со среќа. Не заборавај на спасе да му платиш 500 евра за поправка на климата летово.
Фигуративно, кој разбра разбра.
Те следам некое време и ти го гледам комплексот, ама на погрешно место го бараш проблемот.
 
Член од
12 април 2020
Мислења
471
Поени од реакции
886
Те следам некое време и ти го гледам комплексот, ама на погрешно место го бараш проблемот.
Не барам проблем, дискутираме. Ок е се.
Ти имаш програм и тоа е ок.
Петко нема програм и тоа е ендакво ок пошо има други вештини.
Секој се бори да преживее како што знае.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.417
Поени од реакции
24.583
Не барам проблем, дискутираме. Ок е се.
Ти имаш програм и тоа е ок.
Петко нема програм и тоа е ендакво ок пошо има други вештини.
Секој се бори да преживее како што знае.
dobro ajde da cueme za vestinite na petko, sto ustvari TI mislis deka e bitno za da predvidis dvizenje na kripto....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom