Баш Вмро и Левица му ја донесоа победата во втор круг. Сам, едвај стигна до таму и без нив ќе си завршеше позади СДСМ како и во прв круг.
Не знам дали се 70 станови или нешто друго ама не само резиденцијата во Жданец него и станот на син му во Мајами (сега е преселен во Канада) сигурно не се од чесна работа. За време на 2013-2017 мандатот, пред да си отиде за Америка, син му Гоце вршеше транспорт на нафта, цистерните едно време ги паркираа на последна 24ка во Тафталиџе, така да бар ние од ова маало знаеме и за вакви работи. Колку тоа било легално или нелегално, колку е поврзано со тоа што омилен градежник му беше Пуцко Петрол не знам, ако за ништо друго бар за тоа како знае да скрие траги треба да му се пружи рака.
Инаку сега има многу интересни муабети за земјиштето околу Систина, ако се вистина би биле прејаки. Мене лично најјак момент ќе ми биде кога ќе се смират со СДС, зошто без совет нема како да ја тера удобно работата.