Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Нема што да се пише. Стари вести се вртат цело време. Погба е сигурен и веќе две недели е на чекор од нас, уште пенкалото да го најде да потпише и фотограф бараат. Остало Ди Марија, Молина, Де Лигт, Мората...рециклирани вести само по твитер...

Вие арни сте иначе. По дома добри? :D
 
Ди Мариа сакал да оди во Шпанија (Мадрид или Барса)

Нашите тргат по Берарди.

Гати ќе добие шанса за прв тим, Мирети ќе добие шанса :)
 
Сандро, Рабио и Артур тешко да си заминат, Мората сакаат да го продужат, се интересираат за Берарди, Емерсон Палмиери....

Не чека долго лето дечки, buckle up.
 
За мене носењето на Берарди ќе е како да сме го донеле Бернардески или Кулушевски по втор пат...тапкање во место. Не ми прави мерак играчов, црн бумбар (n)
 
Абе кога гледаат дека не ја бива работава, земи млади надежни деца и дади им шанса, башка помали плати ќе имаат, башка ќе имаш буџет барем 2 ѕвезди да земеш.. Рецимо ги земаш Погба и СНМ, а другото све младо и надежно лупај го во оган.. Така се прават играчи.. А не со берардовци, моратовци и други мртваци..
 
Di Maria мисли на бегање (Аргентина)уште не стигнат а и преферирал Шпанија му давал предност на Атлетико и Барса (ако се вистина гласините )
 
Кеан изразил желба да си оди од клубот...:(

 
Плачко, демек многу го сакал Јувентус... копиле предавничко, му посакувам најлошата кариера да ја има во животот и да пропадне комплетно како фудбалер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom