Понекогаш посакувам сиот овој антибугарски сентимент што владее кај нас Македонците да беше пренасочен кон друг внатрешен фактор во земјава.
Ќе живеевме во многу поубава средина ама Македонецот мора со наведната глава кон овој фактор...зашто и како, самиот не сум кадарен да одговорам.
70-80% од македонскиот негативен набој оди кон УЧК и домашните северџани, зошто се во моментов најголемата закана. На анти-листата за соседите Бугарите се доста ниско, освен ако не се јават самите, на никој во Македонија воопшто не му е гајле за Бугарија.
Проблемот кој Бугарите го имаат со нас е што они мислат дека нашиот однос треба да биде како тој помеѓу Србија и Република Србска или порано со Црна Гора каде во случајот на Србија е Белград а во нашиот би била Софија и она ќе ни биде нашиот културен, образовен, економски центар. Впрочем и како што било пред првата светска војна. Али тоа е едноставно невозможно, поради многу едноставната причина што Македонија беше во иста држава со Хрватска и Словенија 40 години и стандардот за што би требало да биде еден културен центар е далеку повисок од тој на Бугарија.
Никогаш нема да биде за фалење ако си завршил факултет во Софија, да си завршил во Љубљана да. Да си завршил во Загреб/Белград, до некаде и зависи во какво друштво си и што си завршил. Али во Софија ако си завршил, на кој му е гајле. Нема никаков престиж во тоа.
И од тука произлегува гневот на Бугарија, што територија која ја контролирале комплетно и од која во еден добар временски период извлекле огромен човечки потенцијал одеднаш е за нив загубена.
Единствениот грев од наша страна во односите со Бугарија е до некаде расистичкиот став наспрема нив.