Добро искористив неколку случувања што успеав навремено да ги забележам. Пред неколку години кога имаше референдум, пазарот беше супер позитивен се до петокот, тогаш продадов се што имав освен ФАКМ, главно голема количина ТТК и НЛБ. Референдумот беше во недела, во понеделникот берзата падна и во вторникот купив се повторно со истите пари многу поголема количина.
Во 2020 кога почнав да слушам карантини по светот, уште пред да го спомнат зборот "пандемија" повторно продадов се освен ФАКМ пошто не е многу ликвидна акција. ТТК повторно ја продадов на 1730 а ми беше купена по 1150. И на НЛБ заработив доста во овој период. Имав и други акции што беа многу пораснати, но за ТТК тоа беше рекорд. Кога берзата падна во март, јас почнав да купувам и собрав голема количина КМБ по ниска цена. За девет месеци цената и порасна за 2.5 пати. Во меѓувреме собрав добри дивиденди од овие компании што ги реинвестирав. Во ТТК купив помала количина овој пат затоа што направија глупост во инвестирањето на странските пазари и изгубија многу пари. Во НЛБ престанав да купувам затоа што откако Народна банка забрани компании со надворешни сопственици да исплаќаат дивиденди, НЛБ се покажа како многу вешта во изнаоѓање начини за вадење на парите без да ги дели со акционерите.
Мојата стратегија е едноставна, нема големи филозофии и има минимален ризик. Инвестирам во стабилни компании што би требало да растат, ама пошто тоа никој не ти го гарантира, тогаш барем нешто да даваат како дивиденда. И тоа го правиш без големи ризици за умерен поврат, се додека не се случи некој хаос што ќе ја бутне берзата, а тоа се случува на секои година две. Со ППИВ и ФАКМ се научив дека не е безбедно да се инвестира во Ф3 компании зашто е тешко да се излезе од нив, а дивидендите им одат нагоре надоле. Од СТБ излегов веднаш после авансната дивиденда зашто ми светна црвено светло. Во УСЈЕ влегов и покрај тоа што е Ф3 компанија пошто е монопол, а данците редовно повлекуваат добивка преку дивиденда.
На почетокот кога учев да инвестирам прочитав дека поголемиот дел од инвестирањето е играње на сигурно додека не ти се укаже можност за хоумран. Имав можност/среќа да начекам неколку хоумрани. На странските берзи го практикувам истото само што таму има повеќе можности за редовен приход да се вади од берзата преку користење опции.