ATP тенис - општа дискусија

Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.730
Поени од реакции
2.806
Тоа јебано АО Финале 2014 увек ќе боли. За неупатените, Надал во тој момент имаше 12-0 скор против Вавринка, немаше ниту еден сет у кариера изгубено против него. Ако го добиеше финалето ќе го имаше секој гренд слем освоено по два пати во тој момент. И го губи финалето ради повреда...

Имаше на АО неколку болни порази Рафа. Изгубени водства у 5ти сет против Ноле и Федерер. Ама си ги свртеа и си тепаа поштено. Овде, болно беше...
Да и плус Доха изигра топ и ја зема, одличен старт имаше, после и Рио на земја го зема.. ја предходниот ден уште ја пишав победата на Рафа у Мелбурн, како играше предобро тој турнир.. ако добро памтам у сф и Роже го акна 3-0, а Новак изгуби баш за мој роденден од Вавринка у 1/4. Ама и сам си беше крив за првиот сет, можеше да го врати сервисот и три втори сервиси на Вавринка ритернираше Рафа у аут.. ама да и повреден не се откажа, мислам дека и брејк направи и у 4ти сет ама после тоа веќе не можеше.. ама стварно боли тој турнир највеќе.. ај 2012-2017 Новак и Роџе отидоа у god mode.. (Роже повеќе, со Новак повеќе е Рафа сам крив бидејќи утна паралела зицер од метро од мрежа..)
 
Член од
8 мај 2022
Мислења
551
Поени од реакции
1.617
Надаловци кукаат за изгубени финалиња на терен, не сметаат дека Новак има две директно изгубени титули заради глупости. Онаа на УС Опен пред две години кога беше апсолутен фаворит и кога ненамерно ја погоди судивката со топчето, и оваа на Ози Опен кога бившиот премиер Морисон му поклони шанса на Надал за уште една титула. Ама овие јадните уште зборуваат за некои титули кои ги изгубил Надал на ТЕРЕН. Што да каже Федерер тогаш, во последното финале на Вимблдон кога против Џокович на свој сервис не искористе две меч топки, или слично на УС опен кога на меч топка на Федерер Џокович едноставно замижа и погоде ненормален ритрн?

Ама не, Надал е вечна жртва и херој, игра со повреда и нема среќа, инаку ќе освоеше 137 слема. На крајот на краиштата, на кого му е гајле за повредите на Надал? Ако си здрав играј, ако не си, не играј. Просто ко грав.
 
Последно уредено:
Член од
6 март 2019
Мислења
404
Поени од реакции
600
Офморимајко...да, Новак има изгубено две МОЖНОСТИ за гренд слем титули ради глупости, ама НЕГОВИ глупости. Работи на кои свесно можел да влијае и да ги промени. На пример не мавај со топчињата ко луд. имај малку осет дека иам народ околу тебе и дека можеш да повредиш/погодиш некого. Надал искочи на терен, спремен да игра против играч кој беше негов редовен пациент и изгуби ради повреда која ја здоби во тој момент. Тоа е несреќа, тоа е болен пораз. Тоа се дешава и нема што да правиш тука. Може да плаче и да му биде криво, разбирливо е. Новак сам си го начука у гз и за двата гренд слема....
 
Член од
8 мај 2022
Мислења
551
Поени од реакции
1.617
Тоа е несреќа, тоа е болен пораз.
Драма, у пм. Можеби ако не се акал по теренот како несаглам во претходните мечеви, и ако не трчал дупло повеќе од другите играчи, или ако не трчал во рикверц за да се извлече на сила на форхенд кога можел да удри бекенд би имал помалку повреди. Можеби и не, кој знае, и кому му е гајле?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Добро брат извини вака глупав да не си? Бар ти пратиш тенис, види што глупости си изнапишал... Сериозно мислиш дека Рафа не беше повреден против Стен? Го гледаше мечот? Јасно ти е дека не можеше да направи никаква ротација со телото и дека маваше со сета сила од двете крила, а ако имаше промена на правец не трчаше воопшто? Сет зема затоа што Стан го фати паника, почна многу да промашува, на Надал му влегоа пар топки внатре и отиде третиот сет. Секако џабе зашо беше одложување на неизбежното. Дај бе зар стварно мислите дека ќе лажира повреда у финале на ГС, аман. :facepalm:

За лани рече дека во четвртиот сет осетил болки но не сакал да предаде од почит према Новак, што е спорно тука? Он не изгуби зашо беше повреден, кога ја осетил болката веќе беше 2 1 и брејк за Новак у четвртиот. Свесен си дека го пропушти останатиот дел од сезоната лани ради таа повреда, дека правеше операција? И што се чудиш за АО бе мајсторе, како што реков ја пропушти пола и више од ланската сезона, направи операција, почна припреми пред другите кои играа фул сезона и тоа е тоа, имаше време убаво да се спреми за слемот. Со Шаповалов имаше топлотен удар иначе, ќе повратеше и затоа се напи таблета, нешто што по милион пати го гледаме на турнирите и не гледам што е тука спорно.

На пример некои викаат дека имале скинат стомачен мускул и освојуваат ГС титула, може и така нели?:icon_lol:
Да, глупав сум.

Глупав сум бидејќи не ми е верно да земеш сет а да не можеш да се движиш на терен.
Ја не викам дека воопшто немал некој проблем туку дека се фолира малце и ги преувеличува неговите повреди.
Стен изгубил сет бидејќи го фатило паника, а противникот едвај оди на терен, ок. И после јас сум бил глуп.
Еве за мечот одамна беше ама ме држело меморија дека грбот го мачел али повредата не му се појавила во прв него во втор сет. Значи првиот сет си го изгубил здрав и жив.
После во втор сет има мака, зема медицински тајм аут, и продолжува. Трет сет се враќа во нормала и го освојува.

После АО, имаше некакви знаци на повреда кај Надал, одмараше нешто, снимаше грбот ова она, или си продолжи да игра на турнири како ништо да немало? Да не освои турнир две недели после финалето?

Ова со Шапо дека имал топлотен удар првпат го слушам од тебе сега. Рафа самиот си кажа на прес после мечот дека живее со повреда и му се активирала болката во стапалото во вториот сет против Шапо. Никаков топлотен удар.

Добар ти е коментарот за Новак и скинатиот стомачен мускул.
Еве ја како него фан викам дека имал повреда на АО 2020 ама преувеличувал и се фолирал ко колегата му.
Тогаш ако се сеќавам добро, и Рафа имаше некои саркастични коментари за наводно скинатиот мускул на Новак. Изгледа од искуство знае како е да преувеличуваш повреда.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.356
Поени од реакции
113.676
Надаловци кукаат за изгубени финалиња на терен, не сметаат дека Новак има две директно изгубени титули заради глупости. Онаа на УС Опен пред две години кога беше апсолутен фаворит и кога ненамерно ја погоди судивката со топчето, и оваа на Ози Опен кога бившиот премиер Морисон му поклони шанса на Надал за уште една титула. Ама овие јадните уште зборуваат за некои титули кои ги изгубил Надал на ТЕРЕН. Што да каже Федерер тогаш, во последното финале на Вимблдон кога против Џокович на свој сервис не искористе две меч топки, или слично на УС опен кога на меч топка на Федерер Џокович едноставно замижа и погоде ненормален ритрн?

Ама не, Надал е вечна жртва и херој, игра си повреда и нема среќа, инаку ќе освоеше 137 слема. На крајот на краиштата, на кого му е гајле за повредите на Надал? Ако си здрав играј, ако не си, не играј. Просто ко грав.
Оф мори мајко, кој кука бе? Хаха :facepalm: Ти кажувам кои финалиња мене ко фан ме болат, што не спомнам за АО 2020? Изеде ќотек ко магаре Рафа, и уште многу други мечеви и финалиња. Сигурно и фановите на Новак имаат болни порази, РГ 2013 убеден сум дека е еден од нив, ете тие два случаи што ги спомна, особено она со судијката, итн итн. Исто и Роџеровци, па три пати Новак му спасува 15 40 и 40 15 на ГС турнири, што повеќе да се каже? Не знам зашо си ги врзуваш така муабетите у глава, стварно не си ми јасен.
 
Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.730
Поени од реакции
2.806
Новак да имаше пола од понашањето на Рафа(на терен), до сега лагано 25+ слема ќе имаше, тоа е просто ко грав.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.356
Поени од реакции
113.676
Да, глупав сум.

Глупав сум бидејќи не ми е верно да земеш сет а да не можеш да се движиш на терен.
Ја не викам дека воопшто немал некој проблем туку дека се фолира малце и ги преувеличува неговите повреди.
Стен изгубил сет бидејќи го фатило паника, а противникот едвај оди на терен, ок. И после јас сум бил глуп.
Еве за мечот одамна беше ама ме држело меморија дека грбот го мачел али повредата не му се појавила во прв него во втор сет. Значи првиот сет си го изгубил здрав и жив.
После во втор сет има мака, зема медицински тајм аут, и продолжува. Трет сет се враќа во нормала и го освојува.

После АО, имаше некакви знаци на повреда кај Надал, одмараше нешто, снимаше грбот ова она, или си продолжи да игра на турнири како ништо да немало? Да не освои турнир две недели после финалето?

Ова со Шапо дека имал топлотен удар првпат го слушам од тебе сега. Рафа самиот си кажа на прес после мечот дека живее со повреда и му се активирала болката во стапалото во вториот сет против Шапо. Никаков топлотен удар.

Добар ти е коментарот за Новак и скинатиот стомачен мускул.
Еве ја како него фан викам дека имал повреда на АО 2020 ама преувеличувал и се фолирал ко колегата му.
Тогаш ако се сеќавам добро, и Рафа имаше некои саркастични коментари за наводно скинатиот мускул на Новак. Изгледа од искуство знае како е да преувеличуваш повреда.
Па пеинкилерите почињаат да делуваат, затоа и почна да удира али движењето му беше лимитирано. Надал 2014 имаше лоша сезона на земја али го извади титулата на РГ. Еден мочан Мадрид го освои со судни маки откако Нишикори се повреди и му предаде, а до повредата го толчеше. Отвори и види какви резултати има таа година и кажи ми дали имал или немал повреда. Какво стапало со Шаповалов бе, се слушаш ли што збориш? Чек за АО ми правиш муабет или за Рим? Ја за АО ти зборам. Во Рим имаше проблем со стапалото и тоа го кажа завчера на пресот, во Париз дошол со сомнеж дали ќе игра и со сопствен доктор и понатаму ја објасни дијагнозата со примање инјекции во стапалото кои делувале како анестетик. Затоа и рече дека вака нема шанса да продолжи да игра, или ќе се реши проблемот или нема да игра заши постои опасност да остане траен инвалид.

А за Новак намерно те пецнав да видиш колку е бедно кога ќе тресне некој глупост. Повреден беше и он, истегнат стомачен мускул, успеа да санира и тоа е тоа.
 
Член од
8 мај 2022
Мислења
551
Поени од реакции
1.617
Оф мори мајко, кој кука бе? Хаха :facepalm: Ти кажувам кои финалиња мене ко фан ме болат, што не спомнам за АО 2020? Изеде ќотек ко магаре Рафа, и уште многу други мечеви и финалиња. Сигурно и фановите на Новак имаат болни порази, РГ 2013 убеден сум дека е еден од нив, ете тие два случаи што ги спомна, особено она со судијката, итн итн. Исто и Роџеровци, па три пати Новак му спасува 15 40 и 40 15 на ГС турнири, што повеќе да се каже? Не знам зашо си ги врзуваш така муабетите у глава, стварно не си ми јасен.
Па провери на темата, само навивачите на Надал кукаат во неа. Јас сакам Новак да заврши со најголем број слемови, најмногу заради фаците на Англичаните кои секоја година мораат да му ја дадат титулата на Вимблдон, ама не седам тука да ви кажувам колку титули ќе имал Новак ако се случело ова или она. Што се однесува до Надал, факт е дека човечкото тело си има граници, и ако се обидуваш да одиш над тие граници, следуваат повреди. Надал тоа го правеше цела своја кариера, па од таму и поголемиот број повреди. Не може и јаре и паре, затоа кукање дека ќе освоел повеќе ако ги немал повредите е малку смешно. Значи ако трчаш како несаглам во рикверц за да се извлечеш на форхенд, кој то е едно 5 пати подобар од бекендот, нормално е дека ја зголемуваш шансата да го освоиш поенот, ама уште понормално е дека ризикуваш повреда.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.737
Поени од реакции
18.483
Новак да имаше пола од понашањето на Рафа(на терен), до сега лагано 25+ слема ќе имаше, тоа е просто ко грав.
Новак потенцијалено си ја уништи шансата за најмногу слемови заради ебана вакцина, понашањето е најмал проблем.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Па пеинкилерите почињаат да делуваат, затоа и почна да удира али движењето му беше лимитирано. Надал 2014 имаше лоша сезона на земја али го извади титулата на РГ. Еден мочан Мадрид го освои со судни маки откако Нишикори се повреди и му предаде, а до повредата го толчеше. Отвори и види какви резултати има таа година и кажи ми дали имал или немал повреда. Какво стапало со Шаповалов бе, се слушаш ли што збориш? Чек за АО ми правиш муабет или за Рим? Ја за АО ти зборам. Во Рим имаше проблем со стапалото и тоа го кажа завчера на пресот, во Париз дошол со сомнеж дали ќе игра и со сопствен доктор и понатаму ја објасни дијагнозата со примање инјекции во стапалото кои делувале како анестетик. Затоа и рече дека вака нема шанса да продолжи да игра, или ќе се реши проблемот или нема да игра заши постои опасност да остане траен инвалид.

А за Новак намерно те пецнав да видиш колку е бедно кога ќе тресне некој глупост. Повреден беше и он, истегнат стомачен мускул, успеа да санира и тоа е тоа.
Значи осакатен Надал без проблем му зема сет на Стен иако овој првите два ги издоминира? Шо човек ќе беше у пм, супермен.

Ај еве отворив за 2014.
Освоил Катар, АО финале, одма после АО зема РИО против Долгополов па губи од него во Индијан Велс, Мајами финале со Новак губи, па два пораза од Ферер и Алмагро, и после две финалиња со Кеи и Новак пред да кулминира со победа на РГ.
Прелош прв дел на сезоната нема што, само седум финалиња на 10 турнири. 3 од 5 на земја.

Нормално дека зборам за Шапо во Рим, ве буцкав на темава дека после скоро секој пораз оправдување му е повреда. Не знам зошто си се префрлил на АО??
Уште со Феликс кога изигра сега 5 сета Надал изедов говна на темава за тоа како наеднаш ора по терен, а во Рим една недела предтоа не можеше да оди. Па ти мислам дека нешто пиша "допинг хехех".

Па да де, истегнат мускул, не скинат. Новак викаше скинат, па затоа и заслужи ремет. Што нормално е пак проблем да играш со истегнат стомачен мускул, ама да беше скинат немаше да може да оди нормално.
 
Брат без заебанција ко вчера се сеќавам на цела 2014 година и сите тие мечеви, ај Доха ок ја зема пред АО и повредата, АО повреда нели, Рио освои против Долгополов ако не се лажам со 3 или 4 винери во цел меч не ме фаќај за збор, Мадрид ти кажав имаше среќа со ждребот и повредата на Кеи во финалето иначе немаше теорија да освои и како што реков едино РГ го вади. Јас тогаш бев убеден дека Новак добива, препросечен беше тогаш Надал и реално таа титула му е можда титула со најслаба игра од сите негови 22. Остатокот од сезоната нема потреба да се коментира пошо не ни постоеше. :D

Не знам како може да тврдиш дека фолирал кога имаше просечна игра и просек сезона 2014 после АО, барем за негови стандарди.
 
Па како да не викам дека преувеличува повреди кога во Рим едвај оди се влече на терен, а една недела подоцна доминира на РГ без знаци на повреда.
Ова не му е првпат, он цело време е нешто повреден па пак си осваја.

Мене ми нема логика искрено.
 
Не се тоа страшни повреди, има болки кои го спречуваат слободно да се движи и да игра. Прима инекции, ги смирува нервите и игра растеретен. Немаше он скршеница или богзнае што. Ама на тоа ниво на натпреварување и мала болка знае да направи голем проблем, поготово на него пошто он игра со 120% од себе у секој момент. Се форсира..
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Новак потенцијалено си ја уништи шансата за најмногу слемови заради ебана вакцина, понашањето е најмал проблем.
Да, најмал проблем е понашањето, требаше ко сите да ја наведне главата и да остане послушник и поданик на креаторите на најголемото здравствено, медицинско и човечко фијаско во историјата на универзумот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom