До и Од модераторите на подфорумот Политика и вести

  • Креатор на темата Креатор на темата Dumbledore
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Прашање до модераторите.

Дали би било океј и прифатливо да се отвори тема за "Македонска Пролет", во врска со дискусија за "големото дигнување на Македонскиот народ", да се стави крај на сево ова што ни се случува овие последни 30 години.

Дали постои таква тема, и ако не, дали би било проблем ако отворам таква тема?

Се надевам дека Македонскиот народ, и "онлајн" патриотите, а особено тие што кукаат по интернет за тоа како ни е мизерен животот дека имаат созреано за ваква дискусија.
Што подразбираш под "Македонска пролет"?
 
Што подразбираш под "Македонска пролет"?
Па напишав.

Потенцијално сценарио:

На Македонскиот народ му доаѓа паметот, се буди и прави голема револуција да се симнат тие што ја уништуваат оваа држава до корен.
Секој си ја добива заслужената казна, и евентуално доаѓаат подобри времиња? Нешто во стилот на 27 април, само не политички инструирано за да дојде друга политичка партија на власт, туку масовни протести од народот за да се стави крај на ова што ни се случува...
Автоматски споено мислење:

Каква пролет бре, какви бакрачи.
Зошто да нема тема за дискусија на ова? Сигурно сме созреани сите за вакви дискусии, или уште ќе кукаме и изигравме патриоти по интернет?
 
Па напишав.

Потенцијално сценарио:

На Македонскиот народ му доаѓа паметот, се буди и прави голема револуција да се симнат тие што ја уништуваат оваа држава до корен.
Секој си ја добива заслужената казна, и евентуално доаѓаат подобри времиња? Нешто во стилот на 27 април, само не политички инструирано за да дојде друга политичка партија на власт, туку масовни протести од народот за да се стави крај на ова што ни се случува...
Значи потенцијално сценарио! Што се однесува до мене, може да се отвораат теми, некогаш ги прераспределувам кон помалку активните подфоруми, ако темите припаѓаат таму или се на граница. Така слободно. А можеш и да го цитираш КЗ, зошто да не! :noze:

И јас имам нацрти за една тема, за овој подфорум, ама ме мрзи да ја отворам. :icon_mrgr:
 
Значи потенцијално сценарио! Што се однесува до мене, може да се отвораат теми, некогаш ги прераспределувам кон помалку активните подфоруми, ако темите припаѓаат таму или се на граница. Така слободно. А можеш и да го цитираш КЗ, зошто да не! :noze:

И јас имам нацрти за една тема, ама ме мрзи да ја отворам. :icon_mrgr:
Имам нешто на ум, и би било навистина добро место за дискусија.

Секако, ќе си напишам да се почитуваат правилата, и ако не оди се како што треба, слободно затворете ја темата.
 
До модераторите!
Може ли да ја знам причината за моето блокирање да пишувам во темата Политиките на Бугарија кон Македонија?
Кое правило на форумот го прекршив затоа што сум ги прочитал и внимавам да ги следам, за разлика од многу од македонските корисници.
Точно е дека објавувам мислења кои се разликуваат од општоприфатените во Македонија, но барем засега тоа не е забрането. Мислам дека ова е целта на секој форум - да се искажуваат различни мислења, да се расправаат, дискутираат. Ги молам модераторите да ми ја вратат способноста да пишувам на темата. Благодарам однапред!
 
Секако дека може да знаеш!

Начнуваш историски теми! За историските проблематики го имаш целиот подфорум Историја на располагање.

Потоа пишуваш на јазик различен од македонскиот. Официјален јазик на форумов е македонскиот. Препорачливо е да се пишува на кирилица.

Сега ќе те одбанирам, нареден пат држи се до правилата!
 
За секој јазик различен од македонскиот се банира , или само кога е бугарскиот во прашане ? :)
 
^^ Работава „ем шуто, ем боде“... Абе бидете му благодарни на човекот што има трпение со вас. Повеќето сте очигледни ботови со политичка агенда, само тоа е доволно за перма-бан, настрана правилата што ги прекршувате со навреди и адхоминем, офтопици и некултура во комуникацијата/дускусиите.

Повторно, бидете му благодарни на модераторот што има трпение и има принцип на неказнување. Било кој друг да беше, досега ќе бевте банирани макар со акумулација на помали казни - а повеќете заслужувате инстентен пермабан после навредите и заради полтичката агенда што ја одработувате овде.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom