Имаат војнава и санкциите влијание на зголемувањето на цените. Е сега прашање е дали волкаво влијание е реално или некој друг во позадина го пумпа ова со некои други намери? Околку намалувањето на протрошувачката. Може да е војнава на поголем простор, поголем дел од Европа да е фатен, па да се намали нешто значително потрошувачката, вака кога војнава не е дури ни на цела територија на Украина, не би требало тоа мноугу да влијае на некој во Франција, Германија, САД.
За останатото се сложувам. Повеќе од година дена веќе се збори за енергетска криза во Европа. Цените константо растат во последнава година.
Нешто друго интересно и во исто време загрижувачко е што веќе некое време уназад се збори за некаков недостиг на храна. Транспортот беше во застој, танкери укотвени на пристаништа. Доста луѓе веќе некое време зборат дека на светов му следува нова криза, каде ќе се проба да се уништи средната класа, средните и малите бизниси, огромен број на население од средна класа ќе премине во сиромашно, а тие кои се сиромашни моментално се под закана од гладување.
Ние сме посебна приказна. Ние и без кризава имавме огромен број на сиромашни луѓе кои не можат да си ги задоволат основните потреби, да имаат бар 3 оброка на ден. Тоа се информации кои се стари неколку години. После Коронава, после последнава година константо накачување на цените, од бензин, до прехрамбени производи, вода, струја, додатно и новите ценовни шокови кои не маваат од почеток на годинава, а допрва уште појако ќе не маваат, бројот на луѓе кои се во ваква или уште полоша ситуација е многу поголем од тие 450 илјади.
Дека нешто не е во ред, дека светот иде во погрешна насока, поготово западот, е очигледно години уназад. Јас во случајност, поготово во политика, геополитика, интереси на глобано ниво не верувам. Проблемот е што и обичниот човек, поготово европејците и општо тоа што го нарекуваме запад, ко да се помирени или го сакаат тоа. Буквално се изгубени сите вредности, традиции, вера. Ништо повеќе не е свето, дури ни семејството. Константно опаѓа наталитетот, разводи огромен број, луѓе кои предност даваат на милениче место на дете и семејство. И уште многу други работи кои модерниот човек ги прави и со тоа ја угорзува сопствената иднина.