Еве ви “криминал” спакуван во целофанче со срценце за подобро утре!
Заштита од ценовните шокови е можна со зголемување на домашното производство и на енергенти и на прехранбени производи, смета Трајан Ангелоски, претседател на Сојузот на стопански комори. Неговиот став е дека и покрај кризата има можност за зголемување на производството, а како клучна пречка за...
a1on.mk
За тие што не знаат да читаат меѓу редови и не ги разбираат состојбите…. Ќе ви преведам!
Дотичниов бара да им се укинат сите ограничувања на крими… пардон бизнисмените за да можат да садат соларни панели на ниви и ливади од I-ва до V-та класа земјоделско земјиште и уште(!!) дава аргумент дека Македонија доволно(!?!) произведува земјоделски производи и храна, па овие панели сега се насушно потребни!!
Ова е нашата “нормалност” веќе триесет години!
Јанко и Петко што садат јачмен кој ги е*е! Ние обичните смртници исто сме небитни!
Али сиротите “бизнисмени” сад су мало у кризи, па не им се повеќе сигурни парите по Панами, Белизеа, Кипари и слични вукојебини! Најсигурно да ги насадат во енергетика тука кај нас, Господ кај што шета по земја, и кај што државата уште и субвенции ќе им плаќа за секој kw/h!
По можност да не се мачат по скрки и камења, еве дури и плодни ниви до пат и вода ќе им дадеме…
Еее нашата чудесна Земја