Економска Криза 2022; Како до полесно справување со кризата - Ќе се преживее ли?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Coca Cola
  • Време на започнување Време на започнување
Нешто околу цените, моја лична констатација е дека сите освен кинезите до негде у задње време последниве две год. лупаат екстремно високи маржи. Може да појдеме од произведувачите, трговците, транспортерите и т.н. Како сите на стероиди да се и да сакаат да станат богаташи преку ноќ. А заради тоа што цените одат нагоре цело време, не постои начин пазарот да ги избалансира цените.
Ова е еден феномен, кој никој не го адресирал до сега а го имам приметено. Лично и од мене да почнам, ако пред две год. сум заработувал по 30 денари од Кг оваа година сум одел 3 пати повеќе, и ретко кој се буни. Ова е некоја сложена ситуација, каде не постои начин пазаров да дојде во рамнотежа што создава повратна спрега која ја зголемува цената на производите уште повеќе. Све потекнува мислам од бродскиот транспорт кој се зголеми 5 пати па и повеќе, а е под контрола на САД и Британија.
Постои некоја тенденција експоненцијално да заработуваат сите како сите одиме у поголема и поголема криза, како лавинска реакција. Може исто било и пред WW2, баш ме интересира. А ова на @Bafra со негативните кам. стапки и недостатокот на производи е така, ама тоа е веќе макроекономски гледано. Све некако иде синхронизирано, и војнава и пандемијата како некој да штелува све од страна :D
 
За почетниците веќе е презаситен.
За тие со слаб квалитет скоро и да нема простор.
За квалитетните ќе има и понатаму :)
ИТ пазарот ќе има мака за неколку години, т.е како што ѓупците од Индија/Пакистан/Бангладеш го подобруваат квалитетот, и се описменуваат.
Тоа ако фирмата ја интересира само цената на ресурсот и ништо друго. Во повеќето од огласите бараат да си резидент или бар да си у нивна временска зона, исто добар англиски е подеднакво важен ко и останати скилс, нешто што не е својствено за доста од тие што си ги набројал.
 
za brakjata od tie 3 zemji - i got 99 problems but a time zone ain't one :ROFLMAO:
gledaat nesto da zarabotat i ako moze da se maanat od tamu vo prva prilika,
casovni zoni i spienje se eventualno :D

delot so resident si e na mesto. mada ne znam za gazda i manager koj odbil da dobie
kvalitetna usluga za poeftino.
 
Тоа ако фирмата ја интересира само цената на ресурсот и ништо друго. Во повеќето од огласите бараат да си резидент или бар да си у нивна временска зона, исто добар англиски е подеднакво важен ко и останати скилс, нешто што не е својствено за доста од тие што си ги набројал.
Временската зона е проблем на тој што работи, а не на тој што ја дава. Имам работено со клиенти на 9 саати различна временска зона од мене, и проблемот го имав само јас (работев ноќе).
Инаку освен што имаат глуп акцент, имам сретнато Индијци со многу подобар англиски (граматички и вокабулар) од наши. Сепак биле колонија, и скоро и да нема некој што не го зборува.
И од искуство, со 1-2 ца искусни локално можеш да водиш тимови од по 15 луѓе таму, секогаш кога ќе заглават тамошните, интервенираат тукашните.
Цените таму се смешни, за квалитетен мид/сениор имаш од 700 до кај 1200 евра бруто ( понеквалитетни имаш и по 400-500 евра бруто).
 
Ова ти го кажувам како побарување на фирмата, да си од европска земја, не само ради часовна разлика. Ја на пример сум губел можности пошто Македонија не е дел од ЕУ или може ако сакам да се преселам таму. Ѓупците не се од вчера, долго време се на пазарот, кај мене у фирма имаат доста предрасуди кон нив пошто немале добри искуства, со чест на исклучоци.
 
Не е само Ит, браќата од таму доминираат во секој сектор и се доста теоретски спремни. За електро 90% од видеата се од нив. Меѓутоа кога и да бараме странски изведувач на работа, никогаш не е индиец туку најчесто е шваба.

Просечната плата на програмер во Америка е повисока од таа за енергетичар, иако работата е он сајт и никакви индијци или пакистанци не можат да ти конкурираат. Тоа значи дека од некоја причина не сакаат да ги заменат своите девелопери со 10-20 пати поефтини ремоте вработени. Која е точната причина не би знаел, ама далеку сме ние од некакви индијци да не заменат.
Ние сме белите индијци.
 
Нешто околу цените, моја лична констатација е дека сите освен кинезите до негде у задње време последниве две год. лупаат екстремно високи маржи. Може да појдеме од произведувачите, трговците, транспортерите и т.н. Како сите на стероиди да се и да сакаат да станат богаташи преку ноќ. А заради тоа што цените одат нагоре цело време, не постои начин пазарот да ги избалансира цените.
Ова е еден феномен, кој никој не го адресирал до сега а го имам приметено. Лично и од мене да почнам, ако пред две год. сум заработувал по 30 денари од Кг оваа година сум одел 3 пати повеќе, и ретко кој се буни. Ова е некоја сложена ситуација, каде не постои начин пазаров да дојде во рамнотежа што создава повратна спрега која ја зголемува цената на производите уште повеќе. Све потекнува мислам од бродскиот транспорт кој се зголеми 5 пати па и повеќе, а е под контрола на САД и Британија.
Постои некоја тенденција експоненцијално да заработуваат сите како сите одиме у поголема и поголема криза, како лавинска реакција. Може исто било и пред WW2, баш ме интересира. А ова на @Bafra со негативните кам. стапки и недостатокот на производи е така, ама тоа е веќе макроекономски гледано. Све некако иде синхронизирано, и војнава и пандемијата како некој да штелува све од страна :D
Не знам од каде заклучоков дека бродскиот транспорт е под контрола на САД и Велика Британија, кога ниту една од најголемите бродски компании во свет не е нивна односно од овие земји.

Маеrsk-Данска
МSC-Швајцарска/Италијанска
COSCO-Кинеска
CMG CGM-Француска
ONE-Јапонска
Evergreen-Тајван
Hapag-Lloyd- Германска
и ред други германски, тајвански како Хамбург Суд, Јанг Минг, Зим итн...

Единствена поголема Американска е APL која за овие горенаведениве е мало дете (иако АPL e во сопственост на CMG CGM).
 
А заради тоа што цените одат нагоре цело време, не постои начин пазарот да ги избалансира цените.
Ова е еден феномен, кој никој не го адресирал до сега а го имам приметено. Лично и од мене да почнам, ако пред две год. сум заработувал по 30 денари од Кг оваа година сум одел 3 пати повеќе, и ретко кој се буни. Ова е некоја сложена ситуација, каде не постои начин пазаров да дојде во рамнотежа што создава повратна спрега која ја зголемува цената на производите уште повеќе. Све потекнува мислам од бродскиот транспорт кој се зголеми 5 пати па и повеќе, а е под контрола на САД и Британија.

Дали претходно кога си заработувал 30ден /кг ти било доволно да покриеш основните потреби за живот, да си дозволиш месо, да си дозволиш викенд на страна, или летен одмор во поскап хотел? Не верувам дека ти биле доволни. Додека па, многумина неоправдано, т.е. без труд и памет заработиле тоа да си го дозволат.
Епа сега пазарот баш е тој што ќе ги избалансира работите. Не може градежник, сточар, кокошкар, градинарски култури, комуална хигиена одвај да врзат крај со крај, додека 200.000 администрација (вкупен број на луѓе кои земаат плата од буџет по разни основи) да си ги прчи, или народ на пазар за храна се ценка за 10 денари, а истите во кафич плаќаат кафе 100 денари, што кошта 10 денари.
Пазарот, слободната рака секогаш на крај победува, само колку подолго тераме против природните закони и циклуси (наместо да ги пратиме), толку повисока цена на крај плаќаме.
Ти сега викаш наплаќаш х3. Други ќе видат дека има добра заработка во тоа што го работиш (дај пиши во пп со што се бавиш, не ради конкуренција :D), па и тие ќе почнат, но за да привлечат клиенти, поевтино ќе нудат, па некои твои клиенти ќе отидат кај нив, ти ќе намалиш малку цена и ете ти природен баланс.

Не може власта (и сдс и дпне) кога има светска криза, да се фалат и во најголема криза ние даваме, подигаме плата. Од каде тие даваат, кога ништо не создаваат?
Тоа е спротивно од циклусот, но народ гледа на системот како на родители и дебела цена за тоа ќе платиме. Исто ти е насекаде, само во земјите богати со природни ресурси, нема да дојде нож до коска.

Тоа со намерно затворените пристаништа, е доказ дека недостаток на материјали, е вештачки креиран.

1654090381558.png
 
Пак тој со централните банки, а никако да објасниш како тоа би изгледало....
1. Зашто од 2014 до 2020та кога централните банки навлегоа во негативни каматни стапки, инфлацијата НЕ се крена ни за 1%.

2. Зашто Европската Централна Банка, иако веќе со месеци има инфлација и јасно е дека ќе си пичи нагоре, НЕ ги крене каматните стапки? Зашто кај САД и УК иако ги зголемија каматните стапки, немаше ефект, а и зашто минимално ги зголемуваат, а не како Русија и Турција? Турција иако ги зголемува, пак инфлацијата си пичи нагоре, па сега пак Ердо ќе војува?

Оваа инфлација НЕМА никаква врска со зголемено количество на пари во оптек, туку со недостаток на производи. Причината за недостатокот на производи не е од природен карактер, ама штом народ си наоѓа оправдување дека е поради короната или Русија, крај на лето, најверојатно пак ќе си има оправдување или друга пандемија или повторно Русија.
Крај на краева и да е од короната (а не е) , мерките, владите ги носеа, значи пак се директно одговорни.

@Coca Cola што да елаборирам, кога се си е најавено, и од аналитичари (во кои Владе не верува, мисли како Стефус се или оној Лупхоле) и од самиот принц Чарлс.

Уште од 2015 аналитичарите кажуваат, дека сите мерки што ги превземаат владите се само за нивна што поголема контрола и влијание во општеството, на сметка на народот. Негативните каматни стапки ги сјебаа пензиските фондови. Државното непродуктивно, неконтролирано трошење и задолжување се знае дека не може до бескрај да си тече, па сега за да сокријат нивните кражби, во многу држави ќе имаме граѓански немири и хаос.
Светската елита, јавно кажаа: овој систем е неефикасен, корумпиран, неодржлив и мора да се сруши, па нов да изградиме.
Рушењето не е завршено, затоа од 2024 ќе биде поголем хаос, таман да се изберат новите месии (премиери, претседатели) во државите, во кои народ повторно ќе се надева, дека се различни од претходните и ќе се грижат за нив како свои деца.

Ама да не заборавиме овој систем тие го изградија, тие управуваа со него, тие одлучуваа за се и сешто, а целиот кајмак кај нив си идеше. Сега истите тие, ќе ни имплементираат нов систем, кој ќе е техно феудализам, нормално со добар маркетинг, народ ќе го лапне без никаков проблем, ама мора да се потенцира, дека со оваа свест и интелигенција кај народот, само тоа и заслужуваме, оти ќе направиме поголема штета без строг газда.

Не умри магаре до зелена трева. Имало стимуланси, имало многу пари во оптег :pos:
Стимуланси даваа државите, ама дај види колкави беа загубите од корона мерките, па спореди колку стимул даваа државите. По твое треба поголем да е износот на стимулот од загубата, а не е така.

Стефус, хипер инфлацијата во Германија била поради многу пари или поради нешто друго :свиркам:

Ајде издржете 2 години (пардон недели) да ја израмнат кривата и ќе биде ок. Ако не, уште 2 ќе издржиме, најверојатно ќе треба 5х2.
Јас би рекол дека двајцата сте во право. Недостатокот на производство е суштината на проблемот, а принтањето пари и корупцијата на државни ресурси е фрлање масло во оганот. Во превод ако инфлацијата беше околу десет проценти во, со принтање пари и нивно непродуктивно трошење/крадење таа би дошла до петнаесет или дваесет проценти.
 
Ова ти го кажувам како побарување на фирмата, да си од европска земја, не само ради часовна разлика. Ја на пример сум губел можности пошто Македонија не е дел од ЕУ или може ако сакам да се преселам таму. Ѓупците не се од вчера, долго време се на пазарот, кај мене у фирма имаат доста предрасуди кон нив пошто немале добри искуства, со чест на исклучоци.

Абе со секоја работа треба да имаш реални очекувања, и добра организација.
Јас ти гарантирам дека ако знаеш што правиш, со нив можеш да правиш бизнис.
Не се најдобра опција, ама се далеку подобра од преплаќање на локален неписмен кадар.

Не е само Ит, браќата од таму доминираат во секој сектор и се доста теоретски спремни. За електро 90% од видеата се од нив. Меѓутоа кога и да бараме странски изведувач на работа, никогаш не е индиец туку најчесто е шваба.

Просечната плата на програмер во Америка е повисока од таа за енергетичар, иако работата е он сајт и никакви индијци или пакистанци не можат да ти конкурираат. Тоа значи дека од некоја причина не сакаат да ги заменат своите девелопери со 10-20 пати поефтини ремоте вработени. Која е точната причина не би знаел, ама далеку сме ние од некакви индијци да не заменат.
Ние сме белите индијци.
Не за џабе Америка ги собира квалитетите луѓе од цел свет.
За да си платен такви пари треба да си маестро во тоа што го правиш, истото е и во АУС.
Минијатурен процент од кадарот во мк е на тој левел, и е далеку од ефтин.
 
Јас би рекол дека двајцата сте во право. Недостатокот на производство е суштината на проблемот, а принтањето пари и корупцијата на државни ресурси е фрлање масло во оганот. Во превод ако инфлацијата беше околу десет проценти во, со принтање пари и нивно непродуктивно трошење/крадење таа би дошла до петнаесет или дваесет проценти.

Принтањето пари многу ретко е причина за инфлација. Примери имаш безброј, а најтазе ти е од 2014 до 2020 што се пуштаа трилиони долари низ светот, па инфлација ниту 1% не успеваа да подигнат. ЕЦБ парите што им ги даваше на банките за да им ги отукупува долговите, банките не ги внесоа во реален сектор во ЕУ, туку ги си ги паркираа во ФЕД, бидејќи ФЕД им даваше мислам 0,25% камата, додека во ЕУ беше нула или негативна.

Државата принта/пушта пари.
1. Каде идат тие пари? Ретко идат во реален сектор.
2. Со тек на време дел од парите ќе почнат да стигаат кај граѓаните (реален сектор), но кога народ смета дека е криза, тешко за работење (милион регулации и рекет), основен човечки инстинкт е да ги чува, штеди. Значи пак немаш инфлација.

Во МКД имаш 5 милијарди евра во физички депозити, каматна стапка 0, значи инфлација им ги грицка, ама многу малку некој да ги инвестира тие пари. Зашто?

Основа за секоја хиперинфлација што историски досега се случила е губење на довербата.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: TOT
Не за џабе Америка ги собира квалитетите луѓе од цел свет.
За да си платен такви пари треба да си маестро во тоа што го правиш, истото е и во АУС.
Минијатурен процент од кадарот во мк е на тој левел, и е далеку од ефтин.
Во тој просек не влагаат само инженери во гугл, најголем дел се просеци. Ја иам другари во УСА кој работат како програмери, далеку се од некакви мастери. Само имаа среќа да закачат документи и да отидат таму. Сигурен сум дека има еден куп пакистанци и индијци со знаат поише од нив, али јбг, тоа е животот, нема да ја стигнат ни нашата а не па америчката плата.
 
Чисто се сомневам дека земаат такви плати ако не ги бива :)
Да, има и квалитетен кадар од азиските земји, само треба трпение и троа замаранции додека да ги фатиш контактите од таму, ако одиш на слепо голема е шансата дека ќе налеташ на чкарт.
 
Јас би рекол дека двајцата сте во право. Недостатокот на производство е суштината на проблемот, а принтањето пари и корупцијата на државни ресурси е фрлање масло во оганот. Во превод ако инфлацијата беше околу десет проценти во, со принтање пари и нивно непродуктивно трошење/крадење таа би дошла до петнаесет или дваесет проценти.
Принтањето на пари за стимул не е направено прв пат, меѓутоа комбинацијата принтање пари со стопирано производство беше оверкил. Сега пак го прават истото, полека се враќа производството меѓутоа луѓето ќе почнат да ги чуваат парите и да не трошат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom