Да не биде само ги критикуваме, пред некој ден налетав на полицаец, кој совесно си ја работеше работа. Дури не ми се веруваше.
На семафорот (сега спремаат кружен тек да има), лево за накај Качанички, десно по новиот булевар накај касарна Илинден, паркирано горе беше полициско возило, а џандарот излезен од него. Најверојатно чекаше да помине Таљат за накај дома, па да регулира.
Кој проаѓал тука, знае дека една лента е само за лево, ама бар 5-6 коли се бутаат, не им се чека ред.
Џандаров, секоја кола што ќе навлезеше преку ред да помине за накај Визбегово, ги насочуваше да идат десно накај касарната, иако комотно можеше да си дреме во колата додека му јавата иде Таљат.
Господ здравје и успех да му даде.