- Член од
- 4 октомври 2010
- Мислења
- 8.510
- Поени од реакции
- 14.959
Знам што сакаш да кажеш, доста читам такви коментари од фанови на Милан, еве сега и од интерашите кои се соочуваат со финансиски проблеми и немање желба од Кинезите за трошење.Влогот не е повеќе само да се влезе во топ 4 во Италија.
Финтата е што тоа нема да го добиеме ниту ние, ниту тие.
Еве за Милан. Ќе се продолжи со ваков постепен процес на растење. Нема големи долгови, претерување со плати, ниту прескапи трансфери.
Ако пред година две, максимум биле парите што ги дадоа за Леао, Томори и Тонали (пред попустот), сега можат и малку повеќе или да се направат повеќе трансфери.
Но принципот на работата ќе им е ист околу трансферите, само постепено ќе се зголемува сумата, ако продолжат вака добро со финансиите.
Е сега доаѓаат оние муабети дека тоа не е доволно за да се конкурира во ЛШ и доминира во Италија, а Милан е клуб што мора да биде меѓу најсилните.
Точно е тоа, не е конкурентен со најдобрите, но таква е реалноста. Или ќе ја прифатиме или постојано ќе кукаме.
После една деценија огромни промашувања и упропаствања на клубот, за сега мене и ова ми изгледа добро.