Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Синоќа кога ја прочитав изјавата на Малдини прво помислив: Добро, у реду, разбирам дека е увек директен и збори од срце за Милан, ама не морало баш сега, 3 дена после прослава за Скудето. Денеска мислам баш обратно: Не, баш сега е моментот за таква изјава, баш сега мора да се направи таков притисок, затоа што сега е моментот кога се крши амбицијата на тимот и се бира патот. Или сега ќе се искористи овој момент на ентузијазам и со 3-4 јаки засилувања и 3-4 продолжувања на договори ќе се зациментира нова доминантна генерација на Милан или ќе се покушава на ист начин како сезонава, со среќа и сила да се направи повремен блесок.

Малдини знае што збори и знае зошто баш сега го збори тоа, очигледно ултра интелегентен лик и надвор од теренот. Имаше ваков сличен испад пред да го бркаат Леонардо и тогаш му упали. Газидис иако не се согласуваше многу со него, му даде моќ и одврзани раце и овој направи што направи. Мислам дека и сега оди на истото. Оваа изјава е повеќе насочена кон новите потенцијални газди отколку кон Елиот. Не верувам воопшто дека тие ќе сакаат да се претстават пред навивачите со не-продолжување на договорите на Малдини и Масара поготово после Скудето, па и мислам дека ќе напраат напор за 2-3 јаки засилувања затоа што на Американциве маркетингот им е пред све (РедБирд се и превише насочени кон маркетинг), а вака сеа после изјавава Малдини ќе си собере и дел од поените за тоа.

Со вакви изјави тој уствари се поставува како гласот на навивачите внатре во управата на Милан, го збори она што сите ние го мислиме и посакуваме. Ако некој му замери и го тргне - оди против навивачите, а тоа ниту едни газди после Скудето не би сакале да го направат. Не мислам дека Малдини фолира и сака да собира поени, напротив, сигурен сум дека е искрен и збори од срце, ама мислам дека одлично ги бира моментите кога, што и како да изјави. Поготово после ваков успех, има право да рече буквално све што ќе му падне на памет, затоа и го избра овој момент, а посебно што клубот е на сред процес за добивање нови газди.

А за Скудетото, што да кажам. Сезона за документарец. Сега, после војна сите сме генерали, ама да се сетиме што мислевме на почетокот на сезонава и како влеговме во неа. Влеговме со напаѓачко трио составено од 40 годишен Ибра, 35 годишен Жиру и братот Пелегри којшто немаше играно фудбал 4 сезони. Влеговме со удар од заминат без пари Донарума, најверојатно најдобриот млад голман тогаш и со Мењон дојден од Лил со прашалници дали ќе биде достоен да го замени. Па и 2-3 месеци бранеше Татарушану. Влеговме со Леао којшто дотогаш беше исклучително неконстантен и отсутен со мозокот, па и покрај видливиот огромен талент скроз се сомневавме дека ќе има ваква сезона. Влеговме без класично десно крило, односно со талентиран пица мајстор земен од Кротоне и прилагоден да игра таму. Влеговме со Кеси во последна сезона од договорот и со Афрички куп на сред сезона. Со Тонали којшто имаше фина прва сезона, ама без гласен наговештај дека вторава ќе му биде олку јака. Исто така ништо не наговестуваше дека кога се повреди Кјаер ние нема да се мачиме со човекот звани капитен стагнација. Уопште не очекувавме ниту да игра, а камо ли да има ваков импакт батето Пјер Калулу.
Едино што очекувавме со сигурност ми се чини е тоа дека Томори ќе си ја повтори формата и ќе продолжи таму каде што застана лани и дека Жиру ќе реши неколку клач утакмици пошто е господин чоек и увек го праи тоа.

Сакам да кажам дека бајги играчи напредуваа со нагли скок напред, малку неочекувано, а Пиоли имаше муда да ги следи и да им верува. Или би рекол, не дека не очекувавме таков скок од некои играчи, ама сигурно не го очекувавме во една сезона, толку брзо и на ваков начин. Тоа ни го донесе Скудетото. Милан нагло порасна и прерасна во сериозен колектив со многу енергија, хемија и квалитет. И затоа е Малдини во право. Сега е моментот кога не треба да се губи време и мора да се гради на оваа основа. Не треба многу, треба само паметно и храбро и Милан ќе има одличен тим за надигрување со било кого.

За мене МВП на сезоната е Пиоли. Имаше неколку мастерклас утакмици од тактички аспект, со конкурентите практично и да немаше промашај, издоминира. А и треба топки да имаш за после повреда на Кјаер да го залепиш капитенот на клупа и да го форсираш младичот Калулу. Или во клучни последни 5 утакмици да го закачиш господинот Раде на полушпиц, а овој да ти врати со врвни партии. Све што се коцкаше сезонава и со пристап и со избор на играчи, му помина, свака му част.

Се надевам дека ова со продажбава ќе се заврши брзо, со ваков или онаков исход, небитно, само да заврши за да можеме и ние и управата да се насочиме и занимаваме со трансфери, нашата омилена работа. Ќе биде ова интересно лето.

Идемо даље и форца!!
 
Последно уредено:
Нека си останат Елиот. И така веќе се престрашив од језивиот господин Сингер.
Ја уште не сум сигурен дали е жив и дали постои. Имаше блокирана фаца као да е во некој рептил мод. Као да е маска зад која стои ботоксираниот Силвио Берлускони кој само што се вратил од жестока дружба со енглеската кралица.

За разлика наравно од син му Гордон, брат мој, кој е класична енглеска пијандура.
Да беше тука, ќе го викнев в кафана да се олешиме, имам еден другар исто така со две прстиња ја држи флашата пиво и мафта со неа во расправија, некаде на почетокот на 6тиот саат од нашиот редовен престој во таа омилена институција. Као Гордон што мафташе коа мислеше дека ги пее навијачките песни.
 
Не има се повеќе кои веруваме дека стариот е рептил.



Мене ова што се случува е една од ретките непрофесионални одлуки од Елиот. Можеби не се свесни како функционира спортот, фудбалот, па начинот на кој ги водат преговорите за продажба не им е проблематичен.


Веќе требаше да биде решено тоа, да се знае кој каква функција ќе има и да се направеше стратегија за нареден период.

Вака се праќа многу лоша порака кон оние што треба да продолжат договор, но особено кон оние што треба да дојдат.

Неколку преговори беа во напредна фаза и сега се во ризик.

Постојано се најавува "наредна недела" за заклучување на продажбата. Па треба потоа да седнат Малдини и новите сопственици, да се договорат, па да се почне со работа. Тоа се веќе неколку недели изгубени, во многу динамичен период, плус поради СП ќе треба порано да се завршуваат работите.

А што доколку не се договорат со Малдини? Ќе треба да чекаме ново име, го имаат?

Требаше да им се продолжат договорите на Малдини и Масара, са се дадеше дозвола за одреден буџет, а некои поголеми трансфери нека чекаа дозвола од новите сопственици.
 
Повеќе ми изгледа дека со таа изјава Малдини ги притиска за нов договор.
 
Maldini od Januari raboti na transferite ne Botman i Sanches , zatoa i ova izjava sega , mora da se znae sto kako , eve deneska Botman e baran od Newcasle , ne moze da ne ceka nas , vo pravo e Paolo samo sto vo pogresno vreme ova .
 
Леле Ботман и Санчез јаките играчишта ако не ги земеме нема други достапни играчи на пазарот.
 
Малдини е 10000 посто у право неможе им склопи тим за титула со мизерен буџет, башка легенда на Милан да не го седнеш на муабет да му кажеш дали ќе му продужиш договор или не......срамота е....на страна трансфер пазарот срамота е Малдини да виси за договор како да завршиле Милан на 15то место.
 
Леле Ботман и Санчез јаките играчишта ако не ги земеме нема други достапни играчи на пазарот.
Bez razlika koj se iminjata , Paolo Maldini e vo pravo , toa kazuva deka ne e arno so Eliot pa i so novite
 
Продажба се случува. Не планирана продожба. Не го понуди Елиот клубот на продажба понудите сами дојдоа. Јас го разбирам и до негде во право е Малдини, ама не е трагично ќе се среди. Ќе се заврши со продажбата и ќе се фокусираат на трансфери и обновувања на договор. До 4 јули Пиоли горе доле ќе има 90% спремен тим.
 
I koj pregovara sega , so koj pari se kupuvat igraci ?!
 
I koj pregovara sega , so koj pari se kupuvat igraci ?!

Не знам кој прегова, но со кои паре веќе е пишано.
Кога ќе правите муабет за нови трансфери или повисоки договори, имајте во предвид дека и Hm_Hm има дадено свој придонес за тоа да се оствари.

Иако бев решен да го земам тој пакет на YouTube за 30 денари месечно за да гледам и некои видеа од тренинг, по долго размислување, решив првиот месец да ги почастам со 120 денари и го земав тој вториот, демек подобар пакет. Следниот месец, нормално, на 30 денари, ако и толку.

Во време на криза и инфлација решив да дадам свој придонес за стабилизација на клубот, пред нови преговори со УЕФА.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom