- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 4.010
- Поени од реакции
- 6.487
Такви бакрачи како уништени стотици тенкови, БТР, IFV, сеуште украинското небо е contested airspace во кој една шака прастари советски авиони сеуште делуваат, за пример во втора заливска 91 небото над Ирак кој ја имаше една од најјаките авијации на свет беше обезбедено за десетина дена.Пријател, каков црн ленд лиз, какви бакрачи. Украинската армија се наоѓа пред огромна катастрофа. Русија буквално ја дави Украина како змија жаба.
Донбас наскоро ќе падне, после тоа Русите буквално можат да маршираат до полска граница ако сакаат. Украина до сега доби воена помош во висина од 50 милијарди долари, за три месеци. Севкупниот буџет на руската рмија за цела година е околи 40 милијарди. Значи за се, од пешадија до нуклеарни подморници. И со сите тие пари, со цела воена помош, Украинците не успеа никаде да направат ниту една значајна победа, нула, ништо. Изгубија 20% од територијата и се во константна дефанзива, а се бројчано надмоќни во војната. Батали го наративот на западните медиуми, каков жесток отпор, прашање на недели е кога се ќе се сруши како кула од карти.
Ова што го пишуваш со 50 милијарди досегашна помош ми е чудно, би бил благодарен за линк. Не за друго, опремата која ја добиваа беа ефтини но крајно ефикасни ПО системи и дронови со по некоја самоодна хаубица, муниција и пешадиска опрема, далеку од некакви 50 милијарди, не ми делува возможно.
Рускиот буџет за 2021 беше 66 милијарди долари, не знам од каде ти се цифрите и тоа последна деценија секоја година имаат поголем буџет од претходната. За оваа 2020 имајќи предвид војната секако ќе натфрли сто милијарди само во тековни трошоци на терен, 900 милиони долари дневно коштала оваа авантура.
Колкав за споредба бил украинскиот воен буџет?
Како што реков, треба да сме скептични околу цифрите од обете страни, пропагандата е активна и се тоа треба да се зема со сериозна резерва.
Еве ти само една од бројните украјински победи.
Подоцнежните прикаски за decoy при 64км логистички поток и постепеното вкопување на москаљските орди пред Киев остануваат прикаски. Првичната цел да се освојат аеродроми на кои потоа секојдневно ќе слетуваат појачања, особено специјалци пропадна уште на почеток.
Настрана потопувањето на адмиралскиот брод, наводно непотопивата Москва. Таков блам е нестварен. Има уште многу судари кои добија бранителите, кој го интересира може да најде инфо.
Еееј сеуште неможат да искоординираат на оперативно ниво напад на пешадија и оклопни сили со својата сопствена авијација! Нешто кое е на прво место во Нато.
Ако ги сметаш Крим и делот од Донбас како освоени,тоа беше во 2014 а не во оваа војна. Едино паднаа Хершон и Мариупољ. Сепак нели, се работи за наводно втората најјата армија на светот, или грешам па тоа е Кина?
Останува да видиме за колку недели украјинските бранители ќе се срушат како кула од карти, ете да земеме колку...4 недели т.е. месец дена, се согласуваш? Знаеме како завршија предвидувањата за блицкриг во почетните денови кога се очекуваше кула од карти ама ништо од тоа. Според некое инфо досега пцовисале околу 30К агресори, но како што реков, се ова треба да се земе со резерва.
Живи били па видели
И после Вуковар ќе паѓаа Осијек, Винковци, Вараждин па и Загреб ама знаеме што се случи.
П.С.
Не е добро да се омаловажува херојството на бранителите кои се борат на повеќе фронтови. Барем тоа не треба да е point of contention. Не знам од каде ти е инфото за скорешниот крах на украјинската војска, не гледам такви знаци воопшто.
Како и да заврши војната, Русија е веќе надвор од Европа, полека ќе се престане со увоз на руски суровини, очигледно запад е решен да ја затвори Москва на сите полиња. А дали имаат било каква инфраструктура кон Кина и Индија освен танкери и ЛГС.