Идеата беше денацификација на Укриана ако остане во границите пред војната. Сега следи денацификација со физичко уништивања на оние кои Русите ги сметаат за нацисти на територијата која је држат Русите. Она што ќе остане надвор од границите на Новорусија нема повеќе да биде интерес за Русија, ако сакаат таму Украинците можат да владеат нацисти или Марсовци, на Русија и е сеедно за западна Украина. Единствено ќе ја држат на нишан ако почне повторно за НАТО да се зборува.
Што се однесува до Нато, москаљите го актуелизираа умреното значење на алијансата до таа мера што сега
ќе имаат 1000км+ граница со Нато т.е. Финска.
Можеме да шпекулираме за "конечната цел" на кремљскиот режим, според мене целта им е уништување на украјинската држава во целост, вршење масовни убиства со цел да се втера страв во противникот и да се елиминираат сите оние кои во иднина би можеле да бидат јадро на Insurgency така што ќе видиме што ќе се случува. Масовното уништување на инфраструктура и цивили како пример варварското ракетирање на Лвив и Киев само потврдуваат за што се работи.
Последиците од Ленд Лиз ќе бидат сериозни и ќе значат потоци од поцинковани сандаци во обратен правец.
Тешко е да се прецени техничката супериорност на ПТ системите кои ги добиваат бранителите од запад. Па само од еден Џавелин агресорите немаат апсолутно никаков одговор освен комичните обиди со ставање мрежи на куполите што со право постана меме.
Тие 40 милијарди кои се одобрени само од САД сеуште не знаеме во што ќе се состојат, освен очекуваните системи за ПТ, ПА, дронови и пешадиска опрема. Засега нема ништо на нет околу тоа. Помошта и тоа како ќе има ефект, се повеќе силите на бранителите ќе се вртат кон герилски удари.
Дури и овие 100-тина дена жесток отпор делуваат нестварно споредено со предвоените предвидувања, кој можеше да претпостави, особено пост-Крим?
Треба да се има предвид дека бојното поле денес не е она што било некогаш. Денес одбрамбените системи имаат таква предност што е неверојатно.
Порано за да се уништи тенк требало специјализиран ПТ топ за кој требало добро обучена посада, камион кој ќе го влече до позиција и куп логистика, гориво, специјални и скапи гранати и што све не.
Денес просечен територијалец со просечна интелигенција опремен со NLAW може да онеспособи тенк било каде било кога без потреба од ништо погоренаведено.
Да не ги заборавиме и санкциите кои тек допрва ќе прават штети врз агресорската економија.
Но има и една друга причина зошто режимот во Кремљ се реши за воена авантура.
Имено денес повеќе од било кога, секако повеќе од времињата во кои Русија имала сериозен светски значај во поглед на култура, наука, уметност, идеологија, во последниве пола век веќе има малку од тоа ако и било што воопшто. Тотално безначајно општество кое не може да продуцира ништо кое ќе може да го пласира барем на ниво на популарна култура, не мора повеќе. Со продавање ресурси се добива некоја илузија за значај, исто како што тоа го има Сауди Арабија на пример.
Се работи за општество на гопници кои ги заменија старите кулаци, робови и закрепостени селани. Сеуште имаме цар, бољари, црква и поданици, нема ништо ново 1000 години.
Но она што постои тоа е митот кој ја одржува Русија како една целина, митот за руската воена моќ. И тој мит мора да биде одржуван во живот со постојани војни, кризи и закани.
Тоа е дел од мотивацијата, еден од двата руски државотворни митови, другиот е за друга тема.