Шо се однесува до сезонава шо треба да почни за некоја минута, пишав и во фан клуб интер, очекувам да биди решена од то кој ќе ја истера сезоната со помалку повреди и од то како ќе се покажи Инзаги во Интер. Не мислам дека Јувентус по ростер е нешто подобар од осакатениов Интер и (нормално, ко секој фан) очекувам борба за титула, со надеж дека нема реалноста да ме спушти на земја.
Моја прогноза за топ 4 е Интер, Јуве, Аталанта, Наполи. Мислам дека Рома нема ростер, Милан и лани беа overachieverи, a на тимојте на Сари му треба време за адаптација. Од друга страна Наполи се плус-минус недопрени, со класика топ4 тренер и мислам дека конечно ќе се вратат во ЛШ.
Нека е со среќа сезоната.