Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Какво лигле, он ќе бирал кои играчи да ги носат и продаваат на 23 години и без никаков позначаен успех на клубската фудбалска сцена.

Циганиве како овој и Погба му ебаа матер на фудбалот. Не за џабе Фергусон му даде шут карта на нашиов кога почна да се курчи со 18 минути изиграни на некоја ревијална утакмица.

Мбапе во ПСЖ е колку, 4-5 сезони некаде? Тој и Нејмар беа донесени да освојат ЛШ за клубот. Поминаа толку години, им се сменија неколку тренери и соиграчи, тие флопнаа секоја сезона.

Sorry, ама не гледам со што заслужил ваков статус и како си дозволил да се дрзне со вакви барања. Дечково има голрма шанса на крај да излезе најголемата превара во фудбалот. А најискрено, и се надевам дека ќе биде така.

Не успеав да побарам потврда за ваквото инфо освен ова што видов од овој Никола Шира(Скира) кој патем не е новинар, а гледам упорно се става тука како извор на информации.

Не би ме чудело да има побарано Мбапе да биде консултиран за проектот, но не верувам дека се до толку отидени да му дадат такви права тој да одлучува кој ке биде тренер.

Руни нешто вакво направи 2011-та, кога виде дека клубот почна да донесува играчи како Обертан, Бебе и остала боранија. Како играч кој е прва виолина на клубот, мене ова не ми е невообичаено. Ако ти давам 2 години од својата играчка кариера, а на друга страна е Реал, би сакал да ги имам најдобрите шанси за да освојам ЛШ, а сходно на тоа и Златна Топка.
 
Не, не, тука се виновни Арапите, па и Леонардо до некаде (кој со толку пари доста лошо работи).

И фудбалот оди во правец каде ќе има ѕвезди околу кои се ќе се врти, но ова е премногу. Иако имавме нешто слично, посуптилно изведено со Меси во Барса.
Не се виновни арапите. Сега се они, претходно беше челзи и во иднина ќе биде некој друг. Клубовите не функционираат врз база на некаков бизнис модел туку преку инјектирани пари од разни тајкуни. Ако ги немаш овие надворешни пари, нема никакви шанси да си конкурентен. Тоа е концептот на фудбалот моментално. Најбогатиот газда ти гарантира најдобри играчи,тренери и со тоа и горе доле најдобри резултати.

Суперлигата ќе го сменеше овој круг, ќе имавме 20 подеднакво конкурентни клубови, меѓутоа на повеќето фудбалски фанови не им се свиѓаше таа идеа.
 
Како и да е, малиот одржа лекција како се молзат пари од шеици. По овој циркус ќе следува бран на молзење од други играчи и во ПСЖ и наоколу.

Гадно испадна ова за фудбалот генерално.

Ќе си го лади сега со Меси, Нејмар и остали во Франција додека на други места се игра озбилен фудбал.
 
Одвај го челам дербито во Примера, Мбапе во Реал, Халанд во Барселона, мераци ќе биде.
Скапа е нафтата, сигурно и доживотно имаат бесплатно точење.
 
Не се виновни арапите. Сега се они, претходно беше челзи и во иднина ќе биде некој друг. Клубовите не функционираат врз база на некаков бизнис модел туку преку инјектирани пари од разни тајкуни. Ако ги немаш овие надворешни пари, нема никакви шанси да си конкурентен. Тоа е концептот на фудбалот моментално. Најбогатиот газда ти гарантира најдобри играчи,тренери и со тоа и горе доле најдобри резултати.

Суперлигата ќе го сменеше овој круг, ќе имавме 20 подеднакво конкурентни клубови, меѓутоа на повеќето фудбалски фанови не им се свиѓаше таа идеа.

Во Челзи немало никој изнад клубот. Абрамович е сопственик, па некои некои негови одлуки не треба да се гледаат во ваков контекст.

Арапите сега го издигаат Мбапе изнад клубот, што тој веројатно и е. Фудбалските ѕвезди разбираат каква моќ имаат и ја користат, но ова е премногу што го направија Арапите. Барем кога збориме за фудбал и Европа. За друг спорт и друг континент, можеби не е.

Не се проблем парите, проблем е улогата што му ја даваат, позицијата негова во однос на клубот.

Барса и Меси сепак е поинаква приказна, а и не можеш во фудбал да имаш еден играч клуб. Може во кошарка, во фудбал тоа не ми оди некако. Не верувам дека може да се направи и резултат така. Всушност можело пред неколку децении, сега не.

Берлускони, Абрамович, Арапите во Сити, се немаат доведено во ваква ситуација.
 
Берлускони, Абрамович, Арапите во Сити, се немаат доведено во ваква ситуација.
Па на овој Насер од ПСЖ во суратот му се познава дека не е пресметлив. Си влече некои фрустрации изгледа, ништо чудно како мал да го малтретирале врсниците и да го заебавале дека нема да успее во животот, па сега кога не знае колку милијарди има реши да гради фудбалска империја во сред Европа.

Со донесувањето на Нејмар и Меси покажа дека можат да си го дозволат секој играч кој ќе го посакаат, а со задржувањето на Верати (видеото на кое се извинуваше Верати наликуваше на тие заробеници од ИСИС, нешто налик на Скендер Реџепи) и Мбапе, стави до знаење дека никој играч нема да им избега доколку они сакаат да го задржат.

Ништо чудно да реши за некоја година да стане претседател на УЕФА или ФИФА.
 
Прашање после овој потег на ПСЖ е за колку треба другите да им продаваат играчи сега ?
 
Те прашвам зошто ?
Пошто тоа што цитираше ти беа рандом цитати и не поврзани еден со друг. Чисто и сумњам дали и сама знаеш што сакаше да постигнеш со тие цитати. Еве за моите на пример ќе ти кажам во кој конотација се. Ти викаше Мбапе ако дошол во Реал ќе дремел на клупа и немало да е прв тим што беше и е глупост.
 
Како и да е, малиот одржа лекција како се молзат пари од шеици. По овој циркус ќе следува бран на молзење од други играчи и во ПСЖ и наоколу.

Гадно испадна ова за фудбалот генерално.

Ќе си го лади сега со Меси, Нејмар и остали во Франција додека на други места се игра озбилен фудбал.

Демек у Реал да отидеше, или било кој друг клуб, немаше да зема рекордна плата. Не колку сега, ама сигурно ке беше убедливо најплатен играч во светот.
 
Кој му ебе матер на мбамбе, не дојде не дојде, ништо страшно, сумите шо ги читав шо му ги нудеше Реал и онака ми беа премногу некако за играч во фармерската лига реално. Така да, парите на лекови нека си ги троше и ае кој му ебе матер х2, му ебам тоа копилето.
 
Во секој случај, Мбапе може да биде само подобар спортски директор од Леонардо, кога веќе ја има и таа функција.
 
Демек у Реал да отидеше, или било кој друг клуб, немаше да зема рекордна плата. Не колку сега, ама сигурно ке беше убедливо најплатен играч во светот.
Не е проблем платата Видук, никој не вика дека немаше да биде најплатен играч во Реал.

Проблемот е што освен платата, во ПСЖ ќе имаа 100% контрола на image rights, ќе земе 300 милиони signing fee и најважното од се ќе има контрола врз одлуките кои ќе ги носи управата на клубот.

Пази, сите викаме кур го боли после три години ќе има 26 години и во кој сака клуб во тој ќе иде зашто е Мбапе.

Епа не е баш така, зашто ако сега го бараше ова, што ќе бара 3 години од сега? И најважното, кој ќе му го исполни и даде тоа што ќе го бара?

Се е ова супер, 99% од луѓево на планетава земја не би ја одбиле понудава, не само фудбалерите. Но што после овие 3 години? Ако има неуспешни 3 сезони во ПСЖ мислиш дека некој од тимовите ќе сака да ризикува со ваков играч, со вакви барања?

Или па ако има успешни 3 сезони и освои ЛШ и Златна Топка со што ќе му даде за право да бара 100 милки нето по сезона, мислиш ќе има некој да му ги даде? Ќе има клуб да ризикува се ова за играч како него?

После ова, неговото со Реал заврши, поготово што ова е втор пат како ги извисува, првиот пат беше во 2017та. Останува да се види само после овие три сезони кој ќе остане најзаебан од ситуацијава Реал, ПСЖ или Мбапе (да Мбапе, зашто дозволи да му ја донесат одлуката луѓе близу него врз база на пари и моќ, а не да си ја донесе он самиот).

Иначе додека збориме, после соопштувањето за останувањето на Мбапе почнаа да излегуваат информации дека првите луѓе што ќе летнат од клубот се Покетино и Леонардо.
 
Џабе вергламе сите тука и изиграваме моралисти, секој од нас да беше на местото на Мбапе ќе прифатеше ваква понуда. Можда е сеуште зелено наивно дете, али фамилијата и тимот околу него не се. Некој да ти даде стотици милиони евра само за да ставиш потпис на лист хартија, никој не е имун на тоа. Плус секоја година невидена плата. Еве замислете дека сте Мбапе на пар секунди, и видете шо ќе правите.

Дали ќе освои ЛШ или не мање битно, дечкото стана светски шампион на 18 годишна возраст. ЛШ е непредвидливо натпреварување, малце фали да се мрднат коцките и да испаднеш од Бенфика тип на тим. Во септември Реал не беше ни во топ 5 фаворити за освојување па еве го сега ќе игра финале во сабота.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom