Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Не го разбирам ова со 1B клаузула. Ми нема никаква логика, освен ако не ја ставаат како некој маркетиншки потег.

Ако имаш ниска клаузула, поточно некоја што соодветствува со цените на пазарот, добива фудбалерот доколку сака да си оди, но кој добива со клаузула која што никој никогаш нема да ја исплати?

Клубот е заштитен, затоа што го има играчот под договор, не може да му избега во никаков случа, нема потреба од вакви клаузули.

Курч од клубовите, као демек многу е јак играчот и има милијарда евра откупна клаузула или со други зборови нема шанси да се преговара.
Ако му стаиш 90 милиони рецимо, ќе добиваш понуди од 60-70 или евентуално некој ќе ти ја плати клаузулата што значи си спремен да го продадеш играчот. Вака со миљарда го блокираш дека е многу јак и недостапен.

Најчесто ваквите идат на позајмица у Виљареал или Фиорентина пред да се сконцентрираат во Рајо Ваљекано, Удинезе и Брајтон.

Само Барса става вакви клаузули од миљарда евра за сомнителни играчи.
Ако некој клуб одлучи да активира откупна клаузула на играчот, клубот кај шо игра играчот не се прашува. Таков беше случајот со Нејмар. Имаше откупна клаузула од 222 милиони, дојде ПСЖ ја плати клаузулата и го зема Нејмар.
И не го почна Барселона ова, Реал го почна. Кога Нејмар имаше 222м клаузула, Бензема (кога се уште беше предмет на хејт и потсмев во фудбалскиот свет) имаше милијарда откупна клаузула. Меси имаше 750м.
После таа случка со Нејмар, почна и Барселона да става вакви клаузули кај играчите.
 
Meне Кунде ми е мноооогу сомнителен играч.

Пак игра добра сезона во Севиља. Еве веќе трета во низа. Да, може да претставува проблем висината во Премиер Лига. Освен тоа, другите сегменти во неговата игра мене навистина ми се допаѓаат.
Е сега, ќе се надокнадат сантиметрите некако. Или со висок стопер до него, или со петмина во одбрана како досега.
 
Со петмина може да помине, нешто како Азпи што играше. Со 4ка ќе си имате проблем против секој тим со сидраш.
 
Фала курцу завршија драмите со Халанд и Мбапе. Ќе гледаме сега големо ривалство во Шпанија, Мбапе во Реал, Халанд во Барса, како основа на новиот проект на Чави.
Имаш 50+ год, баниран си од минимум 25 профила сигурно. Чисто онака ме интересира, мајка ти и татко ти некако крвно се поврзани?
 
Со петмина може да помине, нешто како Азпи што играше. Со 4ка ќе си имате проблем против секој тим со сидраш.

Не е баш така едноставно. Висок играч, низок дефанзивец - под дифолт ќе патиш. Прво, затоа што не играат сите тимови мен маркинг одбрана и не бранат сите така прекини. Па дури и да играат, ќе го преземе друг сидрашот. Второ, нема во секој противнички тим по еден Вуд или Вегхорст, а и не игра секој тим на тој начин.

Проблем во тој поглед несомнено би имало, не е спорно, но надокнадливо и поправливо е.
Плус, Кунде е доста скочен со оглед на висинита, не е миџет-миџет вкопан во земја.
 
Пак игра добра сезона во Севиља. Еве веќе трета во низа. Да, може да претставува проблем висината во Премиер Лига. Освен тоа, другите сегменти во неговата игра мене навистина ми се допаѓаат.
Е сега, ќе се надокнадат сантиметрите некако. Или со висок стопер до него, или со петмина во одбрана како досега.

Баш ме интересира како ке изгледа во ПЛ и би сакал да се оствари трансферов.
 
Meне Кунде ми е мноооогу сомнителен играч.

Мене истово ми се врти околу Тимбер. Гледам нашиве гризат за него, а искрено не ми е по мерак за стопер.
 
Мене истово ми се врти околу Тимбер. Гледам нашиве гризат за него, а искрено не ми е по мерак за стопер.

2 минути го немам гледано дечково. За 25 милиони, и немам некои преголеми очекувања. Ке му судам откако ке одигра 10+ меча.
 
Имаш 50+ год, баниран си од минимум 25 профила сигурно. Чисто онака ме интересира, мајка ти и татко ти некако крвно се поврзани?

Кој си ти, и со кој се караш? Ти се обратив нешто, те навредив? Не знаев дека постоиш реално.
 
Не е баш така едноставно. Висок играч, низок дефанзивец - под дифолт ќе патиш. Прво, затоа што не играат сите тимови мен маркинг одбрана и не бранат сите така прекини. Па дури и да играат, ќе го преземе друг сидрашот. Второ, нема во секој противнички тим по еден Вуд или Вегхорст, а и не игра секој тим на тој начин.

Проблем во тој поглед несомнено би имало, не е спорно, но надокнадливо и поправливо е.
Плус, Кунде е доста скочен со оглед на висинита, не е миџет-миџет вкопан во земја.

Не е баш така едноставно да го превзема друг играч... На корнери, прекини секако дека да но на долги топки од одбраната/голманот итн. ќе биде таргетирани понискиот.
 
Сега гледам статистика за овие двајца што ги спомнавте, плус уште еден низок дефанзивец, Калулу од Милан. Овие се и најперспективни млади ниски дефанзивци.

Кунде (180 цм) има во просек добиено 2,4 (60%) воздушни дуели по натпревар.

Тимбер (182 цм) има 1,5 (61%).

Калулу (179 цм, иако има различни податоци) е најлош со 0,8 (36%).

Еве за споредба со високите, на кои предност им се и воздушните дуели (од крај на март се, тогаш ги гледав за еден муабет во наш фан клуб, да не проверувам сега повторно, сигурно се слични).

Стоунс 3,6 (87%).

Вирџил 3,6 (74%)

Конате 3,3 (68%)

Матип 3,7 (69%).

Кога ќе се земе висината во предвид Кунде и не е нешто лош и може да се истрпи, Диас со 188 цм, е само на 1,8 (59%).

Значи Кунде и покрај висината е доста скочен, но и знае добро да процени, да се постави.

Во овие последни две работи, Калулу е слаб. Овие слабости ги има само на високо топки, при ниски е добар, одлично чита и се поставува.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom