Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    678
Член од
8 мај 2022
Мислења
551
Поени од реакции
1.617
Можеби ни Ердоган нема намера вето да стави. Може само бара нешто.
Eрдоган реално има моќ да стави вето, само се сомневам дека тоа ќе го направи, мислам се ценка за нешто со САД. Инаку Турција е една од најмоќните држави во НАТО, со огромна армија, со важна стратешка позиција, наоружана до заби. Хрватска е шака јада на ниво на НАТО. Хрватска може да стави вето колку ние што можеме, во теорија, дури и кога Миланович би имал законска моќ да го направи тоа.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.384
Поени од реакции
36.320
Русија може да си дозволи пораз и во Украина. Поразот нема директно да ја загрози егзистенцијата на Руската федерација, но ќе биде историска пресвртница од надворешно-политички аспект и геостратешка катастрофа за нив.
Вакви прокси-војни има константно последните 70-80 години.
Употребата на нуклеарно оружје е опција единствено ако физичката егзистенција на државата што го употребува, е доведена во прашање. Се друго е ставање на коцка на иднината на својата држава и на целата човекова цивилизација.
Тоа го повторија неколку пати највисоки претставници на руската власт, се друго е глупав медиумски jingoism на нивни Миленковци и воини-политичари, кои немаат реална моќ на одлучување.
Употребата на нуклеарно оружје е ескалирање до точка од која нема враќање, тоа го знае секоја лидер на нуклеарна сила. За наша колективна среќа, ниту една од тие држави, вклучително и Русија, нема ирационален лидер на чело, со сериозни ментални растројства, за да употребува никлеарно оружје како политичка алатка во геополитички конфликти.
И да се врати руската војска на границите пред 24ти февруари, Русија ќе продолжи да функционира како и претходно, сигурно нема да видиме инвазија на нивна територија. Од друга страна, помислата дека употреба дури и на тактички нуклеарки, ќе помине како трендинг топик на твитер и за два дена светот ќе се врати да се смее на судењето на Џони Деп, е апсурдна. Тогаш влагаме во комплетно нов свет.
Заканата за употреба мора да постои, тоа е нормално, бидејќи Русија е фактички во конфликт со цел Запад. Традиционален game of chicken, кој постои во текот на цела Студена војна. Али од таму, до реална употреба на нуклеарно оружје во некоја прокси-војна, има многу долг пат.
Ја мислам дека малку веројатно е да видиме нуклеарно оружје. Барем се надевам дека е така и дека Путин е сеуште способен да расудува.

Тоа ќе се случи, сакал Зеленски или не. Како се одвива војната досега, односно како иде и оваа офанзива во Донбас, ќе треба Русите да голтнат голема кнедла. Меѓутоа отстапки ќе добијат, тоа и на Зеленски му е јасно. Нормално, нема да го каже тоа јавно дури неговата армија е сред борбени дејствија, ама претпоставувам е свесен за тоа. Крим е изгубен тоа на сите им е јасно, веројатно Донбас и Керсонската област ќе останат како отворени прашања.

Она што е интересно е однесувањето на Германија и Франција во текот на цела оваа интервенција. Нивната рамнодушност за иднината на Украина, покажува само каква историска глупост беше одлуката за инвазија. Да почекаа уште 5-6 години Русите, Кина ќе станеше преголем и прескап проблем за САД, за да можат да си дозволат активно да трошат пари и енергија за добивање влијание во Украина, односно да губат внимание на други, помалку битни, регионални точки на судир. Тогаш ќе ја повлечеа подршката за Украина, а Европјаните очигледно немаат проблем да и ја отстапат трајно на Русија. Украина немаше да влезе ни во Нато ни во Еу до тогаш. Ќе ја добие на тацна, ко што Кина ќе го добие Тајван на тацна.
Затоа, за мене, ова е примарно одлука ради некои (погрешни) геополитички калкулации на Русија, а не нож до коска ситуација. Мислеа дека намирисаа слабост на Западот и дека светот се променил за нив, онака како што се промени за Кина последниве 2-3 години.
Не знам колку може Русија да си дозволи пораз во оваа војна одма на својата граница. Пораз за Русија тука значи дека нивната војска е целосно разбиена а Украина е вооружена до заби со западни оружја. Не е тоа закана за Белгород, Курск, Воронеж па и други руски градови?

Не е ова војна позади седум реки и седум планини. Секој ден стрелаат накај Белгород, руски села се гаѓани со артлилерија а диверзантски групи ја уништуваат пругата. Ова е на 500 километри од Москва. Треба Русите да чекаат Америте да им дадат ракети со среден дострел и да паѓаат во предградија на Москва?

САД сега ќе усвои воена помош за Украина од 40 милијарди долари. Заедно со тоа претходно што им доставија износот е околу 50 милијарди долари или поголем од годишниот воен буџет на многу европски држави. Германскиот воен буџет е околу 50 милијарди. А тука не е вкаклкулирана помошта што доаѓа од другите земји која е исто значителна. Така да за Русија тука остануваат две сценарија, или да победи на терен или со мировен договор или да добие страшно силна и вооружена натовска армија на своите граници. Со овие пари којзнае какво све не оружје ќе им дадат.

Не знам зашто се потценува сериозноста на ситуацијата. Па тоа испаѓа како Мексико да го победи САД со руско оружје и САД да се повлече и да дозволи овие да му бидат на границите. Ја од америте во такво сценарио би очекувал да го направат Мексико воден канал помеѓу Атлантикот и Пацификот си нуклеарки.

За Русија не верувам дека нуклеарната опција ќе биде искористена зошто имаат многу други опции на располагање. Ама мислам дека во најлошто сценарио за нив нема да дозволат пораз по никоја, зашто како што нагласи неколку пати и самиот Путин дека ова е борба за опстанокот на Русија и Рускиот народ. Не го кажува тоа напразно.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.299
Можеби ни Ердоган нема намера вето да стави. Може само бара нешто.
Да знаеја русите што можат “нашиве” за една-две Луј Витон-ки да направат…

Колку само ќе се смеам…
 
Член од
8 мај 2022
Мислења
551
Поени од реакции
1.617
Не знам колку може Русија да си дозволи пораз во оваа војна одма на својата граница. Пораз за Русија тука значи дека нивната војска е целосно разбиена а Украина е вооружена до заби со западни оружја. Не е тоа закана за Белгород, Курск, Воронеж па и други руски градови?

Не е ова војна позади седум реки и седум планини. Секој ден стрелаат накај Белгород, руски села се гаѓани со артлилерија а диверзантски групи ја уништуваат пругата. Ова е на 500 километри од Москва. Треба Русите да чекаат Америте да им дадат ракети со среден дострел и да паѓаат во предградија на Москва?

САД сега ќе усвои воена помош за Украина од 40 милијарди долари. Заедно со тоа претходно што им доставија износот е околу 50 милијарди долари или поголем од годишниот воен буџет на многу европски држави. Германскиот воен буџет е околу 50 милијарди. А тука не е вкаклкулирана помошта што доаѓа од другите земји која е исто значителна. Така да за Русија тука остануваат две сценарија, или да победи на терен или со мировен договор или да добие страшно силна и вооружена натовска армија на своите граници. Со овие пари којзнае какво све не оружје ќе им дадат.

Не знам зашто се потценува сериозноста на ситуацијата. Па тоа испаѓа како Мексико да го победи САД со руско оружје и САД да се повлече и да дозволи овие да му бидат на границите. Ја од америте во такво сценарио би очекувал да го направат Мексико воден канал помеѓу Атлантикот и Пацификот си нуклеарки.

За Русија не верувам дека нуклеарната опција ќе биде искористена зошто имаат многу други опции на располагање. Ама мислам дека во најлошто сценарио за нив нема да дозволат пораз по никоја, зашто како што нагласи неколку пати и самиот Путин дека ова е борба за опстанокот на Русија и Рускиот народ. Не го кажува тоа напразно.
Русија нема друга опција освен да ја добие оваа војна. Сега прашање е што е точно победа за Русија, а што нејзин пораз. Како ти би дефинирал победа на Русија во војната?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.035
Поени од реакции
80.883
Eрдоган реално има моќ да стави вето, само се сомневам дека тоа ќе го направи, мислам се ценка за нешто со САД. Инаку Турција е една од најмоќните држави во НАТО, со огромна армија, со важна стратешка позиција, наоружана до заби. Хрватска е шака јада на ниво на НАТО. Хрватска може да стави вето колку ние што можеме, во теорија, дури и кога Миланович би имал законска моќ да го направи тоа.
Не верувам дека било кој смета дека Милановиќ може да направи нешто. Неговиот, да го наречам пркос (во недостаток на подобар збор), има друга, пропагандна вредност.
А, како што реков за Ердоган - и јас мислам дека се ценка нешто и дека кога ќе го добие, ќе попушти.
Не мора да сум во право.
 

Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.345
Поени од реакции
1.955
Русија нема друга опција освен да ја добие оваа војна. Сега прашање е што е точно победа за Русија, а што нејзин пораз.
Буквално што и да е резултатот, руската пропаганда ќе го претстави тоа како победа.
 
Член од
8 мај 2022
Мислења
551
Поени од реакции
1.617
Не верувам дека било кој смета дека Милановиќ може да направи нешто. Неговиот, да го наречам пркос (во недостаток на подобар збор), има друга, пропагандна вредност.
А, како што реков и јас мислам дека се ценка нешто и дека кога ќе го добие, ќе попушти.
Не мора да см во право.
Миланович си брка внатрешна популистичка политика, и не е вреден за разглабање. Турците се. Мислам дека има околу 5% шанса да стават вето, 95% мислам дека се ценкаат за нешто. Реално, нема ниту да се влезе за гласање за прием на нови членки ако претходно не е постигната согласност од сите членки. Она што реално може Ердоган да го направи е да го развлече приемот на Финска и Шведска во НАТО, па да им спадне малку еуфоријата.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.709
Поени од реакции
21.691
Како ти би дефинирал победа на Русија во војната?
Мислам дека е горе-доле добра сликава.

yjghvhjkb.jpg

4те цели на РФ беа: денацификација, демилитаризација, Крим и Донбас. За разлика од 3 и 4, 1 и 2 може сите различно да ги толкуваат.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.035
Поени од реакции
80.883
Буквално што и да е резултатот, руската пропаганда ќе го претстави тоа како победа.
Што и да е резултатот, што и да каже руската пропаганда, ние ќе знаеме според други информации, дали победиле или не. Цел свет ќе знае.
Целите на војната се јавно декларирани на почеток. Секој ќе може (ваљда) да процени дали се исполнети, кога евентално, би завршило ова.
Автоматски споено мислење:

Мислам дека е горе-доле добра сликава.

Прегледај го приврзокот 332278
Значи, според ова, Decisive Ukrainian Victory вклучува исполнување на една од јавно декларираните причини за војна.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.384
Поени од реакции
36.320
Не верувам дека било кој смета дека Милановиќ може да направи нешто. Неговиот, да го наречам пркос (во недостаток на подобар збор), има друга, пропагандна вредност.
А, како што реков за Ердоган - и јас мислам дека се ценка нешто и дека кога ќе го добие, ќе попушти.
Не мора да сум во право.
Ваљда ги сака Ердо курдите и Фето што се мотаат у Шведска да ги добие пред ратификацијата за Нато членство да помине во Турскиот парламент.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.035
Поени од реакции
80.883
Ваљда ги сака Ердо курдите и Фето што се мотаат у Шведска да ги добие пред ратификацијата за Нато членство да помине во Турскиот парламент.
Тоа му беше официјално, а дали се ценка баш за тоа, не знам.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.709
Поени од реакции
21.691
Што и да е резултатот, што и да каже руската пропаганда, ние ќе знаеме според други информации, дали победиле или не. Цел свет ќе знае.
Целите на војната се јавно декларирани на почеток. Секој ќе може (ваљда) да процени дали се исполнети, кога евентално, би завршило ова.
Автоматски споено мислење:


Значи, според ова, Decisive Ukrainian Victory вклучува исполнување на една од јавно декларираните причини за војна.
Па самата Украина вели дека не прифаќа договор во кој ќе дадат било каква територија вклучително и Крим а мислам дека и најголемите поддржувачи на Украина на форумов не веруваат дека Крим може да биде вратен.
Автоматски споено мислење:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom