Досега сите посериозни обиди за некаков контра-напад на украинците завршија со огромни загуби по нив, особено ова на Змиски остров ги кошташе премногу, многу летала, но и многу високи офицери и специјалци. Наводно и некои запдни маринци и команданти ама тоа неможе да се потврди.
Со оглед на обликот и должината/големината на фронтовите, мега надбројноста на украинците и 8 годишното утврдување и вооружување, како и самиот факт што се на сопствен терен, навистина е зачудувачки и незамисливо како не успеваат да повратат некои делови од фронтот. Баш напротив, постојано се повлекуваат или губат клучни стратешки точки или како што некои тука ги нарекуваат селца, без да го знаат теренот и што тие значат за понатамошниот ослободителен поход.
Во однос на руските загуби, секако дека постојат и некаде има повеќе некаде помалку некаде ич, но генералниот консензус (од укр, западни и руски извори) е дека соодносот е во просек 1:30 или 1:40. И тоа ги вознемирува западњациве јер полека сваќаат дека е неодржливо, на Русија и одговара таков развој што подолго да трае јер воената опрема што се праќа за Украина донесена е одлука дека не се враќа назад, дали ќе биде уништена или ќе остане по ослободувањето за гарантирање на мирот сеедно.
На западот веќе му станува прескапо, почнуваат да се блокираат средства, Макрон и Шолц се јавуваат кај Путин, Зеленски го обвинува Макрон дека бара Украина да се предаде, американците анализираат дека воената помош и залихи од недела дена ги троши/губи у ден. Најавува вооружување на миљон граѓани, а тоа покажува дека професионална војска станува проблем, се помалку обучени за ракување со тешко вооружување и артилерија а да не збориме за авијација.
Сума сумарум, што подолго во ваков сооднос на загуби, толку подобро за Русија. Колку попретпазливо и споро одат русите толку повеќе шанси да го одржат тој однос на колосални загуби кај украинците, минимални кај себе.
Настрана тактики, стратегии, котели, фронтови, ваквиот пристап математички им гарантира напредок без оглед на факторот време.