Геополитички размислувања за минатото и иднината на Македонија

Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.312
Поени од реакции
7.668
Кога Грција официјално почнува да го употребува поимот Македонија за етничкиот регион примарно населен со Македонци?
Датум се бара.
Дал е вистина или не, ама прикаската иде вака:
Пред 4-5 децении, Грците бараат од Америте да им платат повеќе долари, затоа што на Грчка територија имаат неколку воени бази. Америте им велат, точно е дека имаме бази, ама 2 од тие 3, не се наоѓаат на грчка територија, туку на територија што и припаѓала на Македонија.
Од тој момент Гејците засукуваат ракавите и почнуваат да менуваат имиња. :D
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.849
Поени од реакции
34.091
Тоа се истите квази патриоти кои плукаат кон секого кој зборува со факти и кој не се занесува со некаков вековен македонски идентитет и истите кои си замислуваат дека само тие имаат право на името Македонија и се против договорот со Грција.
Дали некој друг повеќе од Грција има право на името Грција?
Дали некој друг повеќе од Србија има право на името Србија?

Итн, истата логика важи за идентитетот на сите држави/култури/народи... Но само во Македонија, Грција и трети држави имаат „еднакви“ и поголеми права на името Македонија?

Кога повторуваш пропаганда, сам си се осудил да повторуваш туѓи лаги. Како и секој предавник, логиката те издава.
Самото тоа што ставовите (и интересите) ти се поклопуваат со тие на Арнаутите, Грците, и другите крвници, самото тоа те покажува што си и каков си.

Еве веќе се бунат зошто не била македонска а охридска. Бегале од часови по историја па незнаат дека едина црква на овие простори со најдолга историја, авторитет и традиција која некогаш постоела е Охридската Архиепископија која никогаш немала предзнак "македонски" во името но еве, си ја сметаме како наша. Нема поздрав темел за затврднувањето на еден идентитет од признавањето и повикувањето на старата Охридска Архиепископија.
Македонската православна црква е наследник на Охридската Архиепископија. Охридската Архиепископија ѐ МАКЕДОНСКА православна црква. Да се негира македонското во МПЦ е да се негира народот, па до ѓавола и краткорочните црковни интереси.

Немало „поздрав темел за затврднувањето на еден идентитет од признавањето на црквата“ со негирање дека истата е македонска. Патлак од колено не препознаваш, тѝ ќе ми збориш за идентитет и родољубие... Иди изгуби се!
 
Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.620
Поени од реакции
716

МПЦ-ОА нема канонска врска со Охридската архиепископија ништо што функционира на истата територија (на која функционираат други цркви) и ништо што ја има додавката Охридската архиепископија во своето име (а другите цркви ги имаат овие зборови во своето име).
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168

Што подразбираш под канонска врска? Да е легално (црковно легално) произлезена од ОА?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.525
Поени од реакции
27.343
Дал е вистина или не, ама прикаската иде вака:
Пред 4-5 децении, Грците бараат од Америте да им платат повеќе долари, затоа што на Грчка територија имаат неколку воени бази. Америте им велат, точно е дека имаме бази, ама 2 од тие 3, не се наоѓаат на грчка територија, туку на територија што и припаѓала на Македонија.
Од тој момент Гејците засукуваат ракавите и почнуваат да менуваат имиња. :D
Ова е приказна за времето пред малата хунта во Грција. Грција донесува политичка одлука да излезе од НАТО и веќе се струи да се приклучи на Варшавскиот Пакт, се дешаваат големи анти-НАТО протести низ цела Грција и барања да се тргнат воените бази од Грција. Тогаш легендата вели дека Хенри Кисинџер ја кажал онаа реченица „САД нема бази во Грција, туку во Македонија“ и следствено на тоа се случува хунтата во Грција, инструирана од ЦИА, Грција се враќа во НАТО политички (не ни излегува официјално) и Јоргос Пападополус владееше додека не им ја изби идејата за излегување од НАТО на Грците.

Значи добра паралела за демократските принципи...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Точно. Според канонот потекнува од СПЦ.
Точно. Според истиот канон Преславската и Трновската патријаршија, и Охридска архиепископија немаат никаква врска со егзархијата и со денешната Бугарска патријаршија. Тоа е канонски факт. Ама ти изгледа ли тебе разумно?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.849
Поени од реакции
34.091
МПЦ-ОА нема канонска врска со Охридската архиепископија
Ќе повторам: Македонската православна црква е наследник на Охридската Архиепископија. Охридската Архиепископија била и ѐ МАКЕДОНСКА православна црква.

Факти.

Немам потреба да се замарам со „канони“ на разни „вселенски“ и секакви други структури кои во основа се политички организации. Кој ги ебе. За мене Македонската православна црква и Охридската Архиепископија се една иста Црква, во различни временски епохи. Логиката е на моја страна, а семантика и „канони“ понуди му на некој друг.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Ќе повторам: Македонската православна црква е наследник на Охридската Архиепископија. Охридската Архиепископија била и ѐ МАКЕДОНСКА православна црква.

Факти.

Немам потреба да се замарам со „канони“ на разни „вселенски“ и секакви други структури кои во основа се политички организации. Кој ги ебе. За мене Македонската православна црква и Охридската Архиепископија се една иста Црква, во различни временски епохи. Логиката е на моја страна, а семантика и „канони“ понуди му на некој друг.
Охридската Архиепископија е многу повеќе од било каков национален предзнак. Се работи за друг историски период, со друга позадина. И зборуваме за црква која имала епархии во Добруџа, Мизија, Шумадија, Епир... Не бива таа симплификација, посложено е.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Ако добро памтам и Сицилија, Калабрија...
Многу е смешно кога геополитичките превирања и обидите на Византија да ги направи Словените природен дел од империјата се гледа низ денешна национална перспектива.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.050
Поени од реакции
83.491
Многу е смешно кога геополитичките превирања и обидите на Византија да ги направи Словените природен дел од империјата се гледа низ денешна национална перспектива.
Тие обиди, тоа тежнеење на Византија да ги инкорпорира овие, дури и денес може да се препознае во фактот што сите тие словенски (и несловенски) властелини го имале прифатено царскиот грб за свој, па денешните балкански нации и не знаат за други симболи. Тоа се нивните симболи кои љубоморно ги бранат. Двоглави орли, во мнозинство.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Тие обиди, тоа тежнеење на Византија да ги инкорпорира овие, дури и денес може да се препознае во фактот што сите тие словенски (и несловенски) властелини го имале прифатено царскиот грб за свој, па денешните балкански нации и не знаат за други симболи. Тоа се нивните симболи кои љубоморно ги бранат. Двоглави орли, во мнозинство.
Тоа е всушност импресивно. Не знам која друга империја покажала толку висок потенцијал за инкорпорирање на различни и такви демографски промени. Освен можеби САД, ама за нив е рано да се збори во историски контекст.
 
Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.620
Поени од реакции
716
Ќе повторам: Македонската православна црква е наследник на Охридската Архиепископија. Охридската Архиепископија била и ѐ МАКЕДОНСКА православна црква.

Факти.

Немам потреба да се замарам со „канони“ на разни „вселенски“ и секакви други структури кои во основа се политички организации. Кој ги ебе. За мене Македонската православна црква и Охридската Архиепископија се една иста Црква, во различни временски епохи. Логиката е на моја страна, а семантика и „канони“ понуди му на некој друг.
Да кажеш дека МПЦ-ОА е наследник на Охридската архиепископија е исто како јас да кажам дека сум директен наследник на цар Калојан, само затоа што сум роден таму каде што царувал пред векови.

Канонот одредува кој на кого е наследник во црковните работи, а не личното размислување на членовите на Кајгана.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.849
Поени од реакции
34.091
Да кажеш дека МПЦ-ОА е наследник на Охридската архиепископија е исто како јас да кажам дека сум директен наследник на цар Калојан, само затоа што сум роден таму каде што царувал пред векови.
Ти не можеш да кажеш дека ти лично си наследник/потомок на Калојан, не со аргументи изведени од шупак (читај без генетски тестови, кои не се можни во случајов). Можеш да се обидеш да кажеш дека си некаков културен наследник на спомнатиот, но тоа можат да го кажат и сите други Бугари. Немаш екслузивност. Од друга страна Македонците денес колективно се потомци на Словените Македонците кои во Охрид биле свештеници во Охридската архиепископија.

Можам да ти отстапам право да тврдиш дека си потомок на Старобугарите татарскиот народ (великодушно се чуствувам), иако искрено не знам зошто би се фалел со татарско потекло кое генетски скоро и да го немате (премалку Старобугари наспроти премногу Словени)... Но ако Бугарите можат да посочуваат татарско потекло тогаш макар по таа „логика“ Македонците уште повеќе имаат право на наследство на Црквата на нивните директни претци.

Пази богати, вие Бугарите можете да се повикувате на старобугарско/татарско наследство иако генетски тоа е неточно, а денешната македонска црква нема право да се повикува на наследство на поранешната македонска црква.

Споредбата на Старобугари со Бугари, наспроти споредбата на македонските цркви - тоа е споредување на баби и жаби. Еве ти релевантна споредба: На Ватикан денес никоја од другите католички цркви не му спори дека е наследник на првата католичка црква.

Така да, повторно: Македонската православна црква е наследник на Охридската архиепископија од секој аспект.
Да не беше така, немаше да ти требаат политичи прокламации (канони) за да го докажуваш спротивното.
Автоматски споено мислење:

Канонот одредува кој на кого е наследник во црковните работи, а не личното размислување на членовите на Кајгана.
Ова е форум и овде дискутираме ние членовите на форумот.
Од аспект на дискусијата - аргументи и логика се алатките. Ти мене аргументите и логиката не можеш ни да ми ги допреш.

Од аспект на играњето дрвен адвокат на политичките игри скриени зад параван на религија/цркви - ти и „канонот“ и политиката која овде ми ја продаваш, можете сите заедно да се гоните у три лепе.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom