Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024

  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.892
Поени од реакции
44.779
Урко а ако Милан тепа на двете тогаш ќе треба ли да го бркаат Инзаги?
Па не бе, реков само у каква ситуација треба да почне да се размислува за ногирање, ако Милан повторно изгуби. Преку кур ако барале од него да е 4ти, а за титула да му требаат 2 победи против Каљари и Сампдорија. Ова само роден лузер може да го пропушти, некој налик на Купер. Башка што цел тим го има на располагање, бар сеа за сеа за Каљари би требало Бастони да е тука и Госенс. Нема изговори тука, нема ништо, тука ако не освоиш си фејлнал on so many levels.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Добро така да, би се согласил. Само немој да испадне дека имал зицер за освојување и дека пропуштил нешто многу лесно до сега,пошто не е така.
Имавме шанси точно е тоа, ги имавме стварите у наши раце ама дека е лузер тоа сеуште не го докажал.

Имаше утакмици што идат на негова душа што е и нормално, не можеш да не згрешиш ниеднаш на 50 текми.

За мене до сега не е крив за конечниов (моментален) исход. Управата ми е број еден кривец ради летното фијаско и многу поише ради зимскиот курч и занемарување на истото и фокусирање на летово што следи.
Видоа јака форма до јануари и мислеа ќе се одшлепаат до крај со лимитираниот избор на играчи.

Им се удри од глава недостигот на квалитетни резерви и свежина од истите.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.892
Поени од реакции
44.779
Aко сезонава се истера со сите победи до крај а притоа сме втори, не заслужува нога ама у никој случај нема да е имун на критика и он, си имаше низа пропусти, ко второто дерби, периодот после дербито и слично, ама не до толку драстично за да се ногира зашто такви грешки и периоди и се очекуваа со оглед на неговото неискуство а притоа и притисокот кој доаѓа со водење на тим чија фан база не се задоволуваше моментално со топ 4, без оглед на се.

Управата, односно кинезите се најкриви, Марота не одржуваше у живот заедно со Аусилио али они ако се критикуваат за нешто е што место Госенс не земаа некој за средина, ко Фратези пример, очајно ни фалеше опција плус таму нарочито тој период со дербито и по дербито. Од денешна перспектива така е, Госенс касно се врати, а и голем кур ако се врати со оглед на тоа дека не игра, Перишич скоро и со статус на недопирлив е кај Инзаги моментално. Така да реални да бидеме, играч од средина беше бољи трансфер потег, а Госенс да се пазареше летово.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.985
Поени од реакции
9.571
После егзодусот прошлото лето и тоа што на 3 недели пред да почне сезона му го сменија Лукаку за Џеко, не знам со кој памет му судите на Инзаги.
Да, имаше и негови грешки, глупави или доцни замени, ама во првата сезона успеа да освои трофеј, помине група во ЛШ и е во конкуренција за уште 2 трофеи. Јбг, млад е и неискусен и има уште за учење, ама јас мислам дека он е најмалку крив за ова што се дешава годинава.
Кривци се сопствениците кои не го ослободуваат клубот во кој не можат да инвестираат, а богами и директориве кои изминатава година, со исклучок на Чалханоглу и Дамфриз се избламираа максимално.

Кореа за 30 милиона е промашај на ниво на Габигол и Жоао Марио.
Џеко е гага, ама исто е дупе класично, да имаше добри 2 месеци и престана да постои, а планиран за првотимец и замена на Лукаку.
А и не се они двајца криви, кога едниот е лимитиран, а другиот у години.

А особен мастерклас имаа зимава, кога го донесоа Каиседо и Госенс, кој игра на една од ретките позиции на кои бевме одлично покриени.
Каиседо синката од дома гарант уште го мислат дека е у Лацио, пропадна ко жетон сезонава и у Џенова, а тек па кај нас.

По мене Бепе и Аусилио се многу поголеми виновници за ова што е дешава сезонава него ли Симоне.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.830
Поени од реакции
23.073
Сум се ложел на него. Хххх.
Абе намерно скокав тука во негова одбрана затоа што го подувте курот со Конте цела сезона. Некад идев и против свои убедувања само за да бидам против Конте. И не дека Конте е лош, напротив, топ класа тренер, туку дека како пиче не остави, а особено збеснав кога го браневте и покрај тоа што остави шампионски тим за да води тим кој се бори за 4то место. Респектот за тоа што ни донесе титула ќе си го имам ама нема никад да плачам по него како вас тука ниту па да го возвишувам во сите теми поврзани со фудбал па макар станал и од класата на Анчелоти.

И секогаш овие муабети за Инзаги ги читаме по некој кикс, а сега доаѓаат и кога стварите се надвор од негова контрола. Милан има сезона каква ни Малдини не очекуваше ама ние размислуваме за ногирање веќе на нашиот тренер. И после кога фактите се изнесени, се враќаме на кинезите.

Јас сум свесен кој е Инзаги и мојата подршка за него доаѓа затоа што ми се свиѓа стилот на игра. Да е перфектен, нема да биде тренер на Интер туку на Челзи, Реал, Баерн...кај што се парите. Нека останува уште една сезона најмалку па после ќе го евалуираме.
Не ми текнува бе вака за Конте после првата сезона да се тресевте а реално не направи ниту пола од ова што го направи Инзаги. Ок, идеме пак дека начекал шампионски тим од Конте а реалноста е дека начека хаос во тимот и веројатно пад на мотивација кај одредени играчи заради се што се случи летото.
Перишиќ изјавил дека ако сакаат Интер да продолжат договор со него, да донесат засилувања и да бидат компетитивни. Ете до кај е работата. Инзаги е најмал проблем и доста е веќе со него.

Ти Урко си мастер за вртење на муабети па сега намерно и поставуваш услови за да имаш што да везеш во случај на икс на Аталанта и кикс на Интер. Фудбал е, се е можно. Болоња со ич игра не добија, истото може и Сасуоло со Милан, Каљари и Сампдорија со нас. И да освои титула, ма и да освои две титули кај тебе Инзаги ќе биде само ок тренер. Секој мал неуспех одма е лузериште. Божем води дрим тим се понашате, а не тим со замени како Димарко, Дамброзио, Весино, Гаљардини и Каиседо.
Па уште што не барал трансфери. Хааах, важи. Подобро од слеп очи да бара.
Сигурно му рекле - види царе, ги имаш Санчез, Видал, Коларов, Џеко. Шампион до шампион.
Пак ќе кажам, за тим со вложени минимални средства, сезонава е позитивна од многу гледни точки и треба муабетот да се фокусира на тоа како ќе се одвива наредната и што играчи би ни биле потребни. А не ногирање на Инзаги.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.892
Поени од реакции
44.779
Па се ложиш зашо епско фијаско ќе е ако Милан изгуби пак, а он пак да не освои титула, тоа доволно говори за неговиот карактер зашто ваљда е свесен дека следна година уште потежок ќе е истиов предизвик ако се реализираат најавите со Сунинг за следна година. Ти ова го дефинираш ко again, ништо страшно сценарио, вакво лето имал, онаква зима имал бла бла, ниеден изговор у едно такво сценарио нема да му помине, никаков кредит за тоа нема да има.

Што поише да ти се каже при евентуално неосвојување ако Милан сега изгубат, класичен Купер момент ќе биде ова, чоук, гушење и покажување на нешампионски карактер, односно карактер на победник. А на Интер му е потребен баш таков тренер, победник, а не лузер и чоукер. Јакиот услов, да се победат Каљари и Сампдорија, две умрени незакопани екипи од кои си 200 пати појак, ова ако е страшен услов од мене ондак ти потсвесно изгледа тераш на муабетот дека Инзаги е мехара од тренер, зашто ова у ниеден универзум не е богзнае каков услов, под дифолт треба да се подразбираат 2 победи тука нарочито после очајното издание против Болоња. Сите услови за тоа ги има, апсолутно сите.

Истиов муабет и за Пиоли важи, не дека Милан го купија светот минатото лето, изгубија битни играчи а едниот заврши кај нас, не му дава тоа на Пиоли кредит да му се лизне титулата на лузерски начин, сигурно нивната фан база нема да е задоволна после едно такво чоукерско сценарио. Да те потсетам ли пред сезона што све се пишуваше на сметка на Пиоли и Милан и тоа од фан базата на Интер, додека други ја критикуваа управата што го усра клубот во рок од месец дена. Лузер бил, ваков бил, онаков бил слаби биле Милан, уживајте, ок, таков ќе е и Инзаги ако дозволи таков пенал (пораз на Милан следни 2) да не искористи, ќе го дефинира терминот лузер и ќе си зададе голем удар врз сопствената кариера а и врз Интер со оглед на пропуштената (лесна) прилика.

Ја таков карактер у клубот не сакам, покрај истото, не сакам и ваква управа, нит тоа клубот не го заслужува и ако си ја тераат истата песна и они комотно нека се изгубат јер ветеното не си го исполнија, наместо прогрес, ќе тераат надоле и ќе се оддалечуваат од она што првично им беше цел, а и општо, со таква политика во модерниот фудбал не можеш да функционираш, освен ако целта ти е ЛШ или ЛЕ секоја сезона.

Све е ова Ако сценарио, а тоа е Милан да изгубат, ако не, нека тераат со него никаде не реков дека треба да се тргне, једино да се сменат газди па они да инсистираат на јако име за тренер а притоа истото да е достапно иако и во една таква ситуација мислам дека Марота ако би бирал, би останал со Инзаги барем уште една сезона.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.270
Поени од реакции
11.538
Што филм е ова? Милан пак ќе изгубел, и овај ќе флопнел. Еве да речеме дека може да се случи тоа, ама која е потребава на нероден петко...
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Леао е она што треба Лаутаро да е кај нас, и што вие очекувавте да биде.
Да имавме онаков играч, ќе бевме +10 бода, лабаво.
Да, со неговите нерезонски шутеви у планина и најчестото губење сила после 70та минута.
Лаутаро има боље сезона од Леао статистички гледано. Плус Леао е лево крило и како централен напаѓач нема благе везе односно е далеку послаб од Лаутаро.

Леао да играше кај нас имаше да го корнете од пцуење дури и поише од Мартинез.
Не го омаловажувам Леао, ако освои Милан титула заслужува да земе мвп нешто на кое ти сигурно нема да се сложиш за Мартинез во обратно сценарио.

Дај преку кур од потценување на сите наши играчи.

Што е следно Бенасер е боље од Броз, Тонали од Барела и Томори од Шкринијар.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Кога веќе се дискутира кој би бил кривец за загубена титула, повеќе би ја насочил кривицата кон играчите него кон Инзаги ( тука ги исклучувам кинезите пошто се бр.1 кривци).

Па само какви мизерни грешки се правеа во одбрана, со грешни почетнички додавања, со лоша поставеност како првачиња да се по кои следеа голови, без желба за победа, за игра итн... После тоа нападот што не користеа по 6-7 шанси за гол, Инзаги да влезе и да ги реализира шансите...
Утакмицата со Милан што беше пресврт на сезоната, на полувреме 4:0 требаше да биде, за на крај да сведочам на најмизерниот пресврт што бил направен у миланско дерби, од глупости онака.

Ни мисиров не е светец, со желбата наречена Кореа, со нелогични измени, со лоши насоки кон тимот од време на време итн.

Како и да е, треба да продолжи со Интер пошто првата полусезона гледавме фудбал за мерак и со солидна клупа а не инвалиди за ротација мислам ќе продолжеше тимот со исто темпо до крај.
Гледавме доминантен Интер со тимови како Ливерпул пред се, со Реал, ама како и секогаш среќата не беше на наша страна и тука не треба да се бара кривец.

За Сериа А годинава тешко, да се освои купот и може да кажеме дека е успешна сезона после таква распродажба летото.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.892
Поени од реакции
44.779
Грешките на Инзаги што ги правеше, нарочито после Јануари требаше да бидат предвидени од Марота и компанија, својствени се за човек со такво (не)искуство, и со таков товар на грб. Муабетот дека побарале ЛШ од него апсолутно не го ослободува од притисокот кој го носи она што го бараше фан базата, а тоа е одбрана на титулата, нарочито што дојде во актуелен првак што само по себе си носи притисок.

Ваков тренер кога зимаш, на хартија му сервираш силен тим, реално него му беше сервирана само добра 11ка, толку, а модерниот фудбал бара минимум од 15 квалитетни фудбалери у ростер и едно 4-5 души со потенцијал да бидат првотимци у иднина или па да се спремни да достават. Јануари беше направена лоша проценка со Госенс, отпуштање на повреденкото Сенси и неносење на негова замена (Фратези), такви беа условите, само тоа можеа да си го дозволат. За летото да не правам муабет, едно од најсрамните лета од кога јас сум навивач на Интер, невидено нешто, потоп класичен и фудбалско самоубиство сервирано од Кина, таман беа пред тој сакан исчекор на Жанг и би рекол скоро и исполнување на целите и направија куршлус.

Затоа е и битно да се освои Скудетото ако пак се отвори таква шанса, зашто со истово вакво функционирање тој предизвик следна сезона ќе биде уште потежок од оваа, ако сме приморани пак да продаваме јак играч. Ја верувам дека Аталанта е кадарна да испорача, викендов што доаѓа ќе знаеме дали ќе имаме шанса за титула или не, во Сасуоло 0 доверба имам ама не се слагам со тоа дека во моментов све е готово, Милан се пред најсериозниот тест до сега, наше е да се надеваме дека ќе паднат, ако не, нека им е честито потполно заслужената титула. Разочарувањето ќе е големо со оглед на шансата која ни се пружи и сезонава али реални да бидеме, клуб со такво очајно функционирање ко ние што имавме во рок од 3 месеци ланското лето и сами сте свесни што заслужува на крајот во било кој спорт.

100 пати кажав и пак ќе кажам, така ако освоиш титула, нарочито со ваков неискусен тренер, е право на чудо денес и редок примерок ќе сме од големиве првенства што воопшто и сме успеале во еден таков предизвик, тие титули ти се множат со 10, и ја не памтам пример ко нашиов, некој од топ 4-5 првенствава, на крај да е шампион а притоа такви загуби у едно лето да доживеале. До душа генерално гледано, ваков пример прашање е и дали некад се десил у топ 4 лигиве кога ќе размислиш што е и нормално (нека пише некој ако памти ваква ствар), и доволно говори колку уствари бевме усрани од мртвата комуњарска и секташка земја, Кина.
 
Ти си драми друже. Пола работи што ги пиша тука е мојата поента од претходно, ама битно пишувавме реферати, се објаснувавме.
Кажуваш дека има само 11 играчи и дека биле потребни најмалку 15, што значи признаваш дека Инзаги оваа сезона е над очекувањата ама никако да го пофалиш. Увек некои зборови како лузер, неискусен користиш за него.
Па сега ако во случај Милан изгуби па он лизне а добро знам дека без разлика на се, наредна сезона пак ќе си анти-Инзаги од едноставна причина што не ти е по мерка и после секој кикс ќе го кењаш.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.892
Поени од реакции
44.779
Ти си драми друже. Пола работи што ги пиша тука е мојата поента од претходно, ама битно пишувавме реферати, се објаснувавме.
Кажуваш дека има само 11 играчи и дека биле потребни најмалку 15, што значи признаваш дека Инзаги оваа сезона е над очекувањата ама никако да го пофалиш. Увек некои зборови како лузер, неискусен користиш за него.
Па сега ако во случај Милан изгуби па он лизне а добро знам дека без разлика на се, наредна сезона пак ќе си анти-Инзаги од едноставна причина што не ти е по мерка и после секој кикс ќе го кењаш.
У реду е друже
Над очекувањата у ваква сезона не е, што можеше подоле од ова со ваков Јуве и Наполи или Аталанта кажи ми, сакаш да ми кажеш дека треба блекаут да удриме на она што се дешаваше после Јануари? На она што се дешаваше на дербито? Сакаш да кажеш дека треба да заборавиме дека против Џенова не можевме шанса од игра да створиме? Дека максимумот на Интер е ова што го гледаме сега, односно, не максимумот, и над максимумот сме отидени.

Не е така, потфрливме на моменти во Калчото во најклучниот период кога нештата беа лошо менаџирани, ако Инзаги е виновен за добрите работи, ќе го правиме имун на оние лошите врз кои исто он директно влијаеше? Со Болоња гости и менаџирањето на таа текма? И за тоа ќе е имун Инзаги?

Сеа ти смета што не го фалам, голем кур ако не го фалам, сезонава е или-или, зашто да го фалам на полусезона кога ништо не е готово и да се летам ко прле пред магаре, наместо да го чекам крајот па да формирам мислење за него.Ти си спремен да го фалиш макар и изгуби титула а притоа Милан пак биде поразен до крај на сезона, ја нема шанса тоа да го правам, и тоа е оној или-или муабет во спортот за кој Мурињо има зборено многупати додека беше во Интер, кога у заден момент се извади гости со Динамо Киев. Кажа дека во фудбалот линијата меѓу рајот и пеколот е многу тенка, до 85та бев у пекол, партал ќе ме праевте после утакмица, задњи 5 мин преминав у рајот.

Така ќе е и со Инзаги ако изгуби титула у тоа АКО сценарио, а ако Милан тепа све до крај и е втор, за мене не направил нешто воув за да го глорифицирам, ама и не потфрил дебело за да го бркам, односно истера сезона со која заслужил да биде тука и следната и притоа да му се сервираат подобри услови. Ко што не го глорифицирав и Спалети после неговата прва сезона тука кога после години и години не пласираше во ЛШ ( пак или-или сценарио, зашто у задње коло успеа во тоа ), ама бев за да остане и следната зашто тоа го заслужил, горе доле, истиот став ќе го имам и за Инзаги освен ако пак не му се сервира на тацна титула.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.830
Поени од реакции
23.073
Над очекувањата у ваква сезона не е, што можеше подоле од ова со ваков Јуве и Наполи или Аталанта кажи ми, сакаш да ми кажеш дека треба блекаут да удриме на она што се дешаваше после Јануари? На она што се дешаваше на дербито? Сакаш да кажеш дека треба да заборавиме дека против Џенова не можевме шанса од игра да створиме? Дека максимумот на Интер е ова што го гледаме сега, односно, не максимумот, и над максимумот сме отидени.
Буквално кога му беа повредени Брозовиќ и Бастони/ДеФрај изгуби бодови кои требаше да ги добиеме за да ни беше многу полесен патот до титулата. Сасуоло, Торино и Фиорентина. На сите овие натпревари беше приморан да игра со резервите што се враќаме на муабетот дека имал само добра 11ка.
Брозовиќ е клучен за играта во средниот ред а Видал, Весино и Гаљардини не се ни близу. Едноставно незаменлив играч ни е, без него средината е неповрзана.

Сеа ти смета што не го фалам, голем кур ако не го фалам, сезонава е или-или, зашто да го фалам на полусезона кога ништо не е готово и да се летам ко прле пред магаре, наместо да го чекам крајот па да формирам мислење за него.Ти си спремен да го фалиш макар и изгуби титула а притоа Милан пак биде поразен до крај на сезона, ја нема шанса тоа да го правам, и тоа е оној или-или муабет во спортот за кој Мурињо има зборено многупати додека беше во Интер, кога у заден момент се извади гости со Динамо Киев. Кажа дека во фудбалот линијата меѓу рајот и пеколот е многу тенка, до 85та бев у пекол, партал ќе ме праевте после утакмица, задњи 5 мин преминав у рајот.
Брат ние сме само фанови, што или-или за нас. Нема сега да ги кењам, затоа што ми се свиѓа овој тим и гледам потенцијал. Тренерот е најмал проблем. Нам ни требаат нови играчи на одредени позиции а не нов тренер па пак од нула. Ги имаме Шкриниар, Бастони, Брозо, Барела, Лаутаро, Думфриз, Госенс...
Со вакви играчи се билда топ тим за наредни неколку сезони. Само треба да се пазарат добри играчи на тие позиции каде страдавме сезонава, и пак ќе е јак Интер догодина.
Јас сум реален и малку оптимистичен. Секако, може и да ми се удри во глава летоска кога ќе продадат некој од овие што ги набројав ама тоа е друга тема.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.985
Поени од реакции
9.571
Зборите за квалитетни 11 дека сме имале... Од прееска пробувам да ги набројам, ама стигам до кај 9 максимум.

Ханданович сезонава ја игра просечно, фала му за последниве неколку кола што реално го врати нивото, ама првата половина на сезоната особено на моменти беше аматер. Не е квалитет по мене.

Имаме топ одбрана: Шкринијар - Де Фрај - Бастони. Овој вториов не заслужува со игрите сезонава да го броиме у квалитетни играчи, ама нека стои.

Средина: Чалха - Брозо - Барела. Може да кажеме дека сите се квалитетни. 6 до сега.

Бекови: Перишич - Дамфриз. Првата половина од сезоната Дамфриз не играше и не беше на нивото, вторава почна да испорачува и е квалитет. Ете нека се +2 квалитетни, тоа се 8.

Напад: Џеко - Лаутаро. Останатите не сакам ни да ги спомнам. Буквално у ниеден момент од сезонава не се погодија двајцата у форма. Или едниот ќе пркне, или другиот. Уиграност 0. По мене Лаутаро е квалитетен сезонава, иако и тоа климаво, ама ете ги 9 тотал.

Од клупата за резерви сите да ги собереш нема да направиш 1 квалитетен играч, така да толку се по мене.

И покрај ова, на над 80% од утакмиците сигурно имаме преку 20 шута на гол, ама пошо немаме стрелец у тимов се доведовме у оваа ситуација.
Да му останеше Лукаку на Симоне ќе имаше 30 гола до сеа дадено лагано, ама некој реши дека Џеко сосем е ок за првотимец и прв стрелец на екипава.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom