Дежа ву на муабетите од лани.
Пред утакмица невиден оптимизам, преголема еуфорија, спремни за славење титула, Вардар никогаш не бил послаб, сега или никогаш, ако сега не победат толку ќе биде во наредни 10 години итн. Заборавате една работа, Вардар игра во ЛШ со екипи како Веспрем, Кил и остали, Пелистер игра во ЛЕ со екипи како Аек, Татабања, Нексе. Разликата е огромна и споредба на резултатите остварени при ваква конкуренција е нереална и невозможна. Факт е дека Вардар е ослабнат, далеку послаб од претходните години кога конкурираа и играа за Ф4, ама далеку од тоа дека екипата е нешто под Пелистер во нивото и дека имате за што да жалите. Реалноста е дека сезонава квалитетот беше тука некаде, на крајот може да се каже дека пресуди карактерот и искуството кое беше апсолутно на страната на Вардар, пред се благодарение на Тимур и Столе, додека Пелистер целосно се изгуби во завршницата и „изгоре“ во желбата за победа, топки од раце им паѓаа во клучни моменти.
И после пораз, тотална депресија, распад систем. Една работа не ја согледувате, дека полека разликата помеѓу двете екипи се топи, дека Пелистер е во нагорна, а Вардар во надолна линија, дека конечно се игра ракомет во Битола, дека конечно градот и спортот заживеаа, играте европско натпреварување и не сте топовско месо и се борите за титула во домашно првенство. Во предност сте со домашните играчи, имате втор тим кој работи засега одлично и има доста потенцијални момци кои полека би можеле да се приклучуваат во првиот тим. Вие сте земале да ги бркате од прв до последен после еден пораз, прво страшно потценување на Вардар, второ страшно преувеличување на вашиот тим. Така тим не се гради, за тоа Вардар ви е најдобар пример, јасно е дека поразот боли, поготово што доаѓа од најлутиот ривал и после победата во Скопје, ама ние тоа најдобро го осетивме во ЛШ после неколкуте по ред болни 1/4 финалиња. Ама тимот постепено се градеше и растеше и од година во година стануваше посилен. Вие фативте да ги бркате од управа до тренер до играчи баш сите, пак тие муабети за битолчани во тимот, абе баталете го тој локал патриотизам и заборавете ја победата на вториот тим која беше мал блесок и пред се голем кикс и лежерност на Вардар, за шампионски тим потребен е пред се квалитет, а после тоа карактер. Единствено ќе се сложам можеби за Бабиќ, бидејки веќе го достигна максимумот со овој тим и потребна е свежина, ама ако секоја година менувате по цели ростери со се тренери, управи, само ќе му ја олесните работата на Вардар. Реалноста е дека кај нас сеуште нема договорено ниту едно засилување, не се знае до кога ќе тераат Тимур и Столе, во проблем сме со домашни играчи, титулата кај вас кога-тогаш ќе дојде, евидентно е тоа.
Ако сакате малку посериозни успеси, треба долгорочен план, треба нова сала, треба инфраструктура, треба постепено градење на тим и
трпение. Ако сакате да си го исполните егото и напатеноста, тогаш пробувајте со нов тим секоја година, може некогаш ќе ви се погодат играчите па ќе го симнете Вардар од тронот на кратко
За крај, би додал по милионити пат, страшно радува ривалствово и тесната битка за титула, се надевам ќе потрае ова, колку и да се стресни одлучувачките утакмици, за тоа се живее, очајно фали поголема и модерна сала во Битола за сликата да биде целосна.
П.С. Не се губете со судиите и теориите на заговор, секогаш губитникот ќе биде „оштетениот“, ама мислам дека и самите сте свесни што беше пресудно за победата.