украинците се во третиот бран на мобилизација. Мобилизираат луѓе преку 50 години стари. Секојдневно губат по 200 до 500 војници. Прашање на време е кога ќе им дојде преку глава на народот од оваа ситуација. Два до три месеци максимум со ова темпо ако издржат.
Еден од проблемите, кај нив, се човечките ресурси. Како тече војнава, тоа е проблем кој се зголемува.
Нивното надополнување со искусни борци-платеници у старт беше исечено. Не само заради руските напади врз првите собирни центри, после граница, туку и заради тоа што брзо сфатија, дека ова не е уште една привремена работа, од типот на Мали, Сирија, Ирак, Афганистан, ЦАР... Потоа, имаше премногу сведоштва за тоа како игнорантно биле третирани од украинска страна, која не ферма специјализации, него ги строи им дава пушка и чао - на фронт.
Како и да е, со платеници, и така и така, не може таа дупка да се пополни. Може, во судири од ограничен карактер, како Афганистан, Ирак..., но тука, во овие воени услови, си треба мобилизација.
Посебен проблем е квалитетот на замените, но тоа е друга приказна.
Можеби ќе излезе голем проблем со очекувањата на мобилизираните. Имено, како што ваљда знаете, на тие мобилизации (колку и да ги правеа) имаш избор да се приклучиш кон војска и кон територијална одбрана (секако, ескивирање не ти е избор). Територијална одбрана дејствуваше во местото каде што живее припадникот, а војска, низ цела земја, на фронт и сл.
Затоа се пријавуваа масовно во територијална одбрана, а војската на фронт беше предимно од ВПД-а.
Но, сега кога чешмата на човечки ресурси почнува да секне, Украина е приморана да ги надополнува фронтовите дупки со територијална одбрана. Тоа е голем потенцијал за внатрешно незадоволство. Затоа што многумина си викале, зашто да се заебаваат со судови, затвор и казни, при избегнување на мобилизација, кога можат да си се пријават во ТО и да си бидат дома цело време, т.е. не буквално дома, туку во тој реон.