Утакмицата се играше на Кале, добро се сеќавам ама против кого беше не ми текнува. Се ме влече дека беше против Бешикташ на тоа организираното мини турнирче од 3-4 екипи или против Копенхаген некоја таква скандинавска екипа.
Мислам дека го има видеото на Јутуб од тој момент, цела трибина знаевме што ќе се деси а девојкава појма немаше
Sent from my 2109119DG using Tapatalk
Случката беше на полуфинале од КПК, сезона 2010/11.
Во 1/16 елиминиравме екипа од Луксембург (Берхем), кога еден познат член на Комити го доби надимакот по фрлање на патиката во терен. Во исто време се играше Работнички-МЗТ, а ние пак бевме едно 350 навивачи на трибина.
После се случи Кале со Швервери и следуваа двете легендардни утакмици со Копенхаген и Решица.
Копенхаген го дочекавме во тешка финансиска криза и два пати ги размонтиравме. Во Скопје навивавме саат време пред натпревар, имавме договор да се навива за да се збуни противникот на загревање.
Тоа беше натпревар кој се одигра една недела по настаните од Кале, па на крајот не вадеа од трибини двајца по двајца. Тогаш се пееше онаа
"Нозете ме болат вечерва,
ради некоја ороспија,
слушај Гордана, курво голема,
вечер ти ќе бидеш ебана/бричена"
Следуваше двомечот со романска Решица вп 1/4. Пет години ККВ, хаос на мостот кај Жабарот, се тресеше цела конструкција на зига зага. Едно од најдобри навивања, цела трибина за нас. Плус 6 од Скопје и Комити на гостување во реваншот. Изгубивме 5 и влеговме во полуфинале. Чурувија го завери полуфиналето со гол за 4-5 разлика.
И тука ни падна Гумерсбах кој после ја освои титулата.
Не истресоа 10+ разлика во Германија и на реваншот имаше полупразна сала. Влијаеше и тоа што беше некој продолжен викенд (веројатно први мај).
Е на возвратната во Скипје, Слатко ја бараше за жена. She said yes, ама на крај се омажи за друга, а клипот го нема никаде.