"На времето" до пред 5 години, уживанција беше после град да се фукнеш на гиро во Аркадија, посебно ако го земеш во порција пошто имаше еден тон месо. Откако ја затворија Аркадија, јадев еднаш во Гироманија демек големо, уствари беше прцорец спрема тие од Аркадија на кои бев навикнат и никогаш повеќе не купив пошто нормално не може да те најаде.
Кај Беко го немам пробано, иако пред едно 15 години токму таму за првпат во животот пробав гиро, пред повторно да го отворат дуќанот по години пауза.
Стварно мајку му, каде има добро гиро? Не сум к'снал 2 години од последната посета на Солун. Да се изнајадеш за еуро и осамдесетак