Абе и на САД тоа му биле мировни мисии. Што тогаш ти е толку гајле за САД? Па и да ја нападне Русија, еве тоа ќе биде мировна мисија.
Не, сад нема свои малцинства никаде каде што вршеше геноцид досега. Ниту одлука на СБ на ОН. Затоа е агресија и затоа се агресори. Не само сад, не заборавај дека тоа се мисии на нато, кое нели беше дефанзивн...а досега само напаѓало.
Русија, напротив, во согласност со конвенциите на ОН, секаде кај што спроведувала мировни или ослободителни мисии има свое малцинство или пак на барање на легитимно избрана власт (Сирија).
Верувам дека на просечниот Русин би му одговарало да се ориентираат кон запад. Путин не е Русија, тој е канцерот што и го кочи прогресот.
Русија со Путин е најзападно ориентирана од постоењето на Русија. И имаа бенефит. Прогресот на Русија за време на Путин е астрономски, од 99та кога вода и леб немаа, греење беше луксуз во земја со нафта и гас бесконечно, олигарсите владееја народот буквално по улици умираше, а за меѓународната репутација да не збориме. Постојат безброј репортажи кои се траорни од тоа време. Од доаѓањето на Путин па се до денес, Русија го бележи најголемото катапултирање од мизерија во светска сила која сега ги диктира условите и светските процеси и поредок.
Иначе, народот многу добро ги осеќа придобивките, ѕирни го само ГДП и ЦПИ од 99та и види го денес. Или подобро ако имаш директни контакти со руси/нки прашај. Јас како што имам пишано сум во постојан контакт веќе над 15 години и многу добро ја знам разликата и прогресот. У ријл тајм ја следам од тогаш.
Е сеа да не се обидеш да извртиш, не велам дека станало повисок стандард од сад или западна еу. Но, растот е неспоредлив (освен со Кина). Од економија на ниво на Сомалија до ниво на Италија во само 21 година власт. Тоа е прогрес со кој никој друг неможе ни приближно да се спореди (бар ја незнам таков) и заради тоа има рејтинг 70-80%. Тие 20% останати се оние кои не ги живееле кошмарите пред 00та год.
No shit дека се минорен дел. Русија е диктаторство, ова не е демократија каде што правото на протест не ти претствавува опасност кон животот. Буквално во никоја држава просечниот граѓанин не поддржува државата да започне војна за децата да му умираат. А и особено не со санкциите во овој случај.
Од војна корист добиваат само тие на власт или некои ултранационалисти. Просечните граѓани сакаат да живеат во мир.
Русија е парламентарна демократија со еден куп партии, опозиција, слобода на говор, слободни медиуми и сите останати атрибути на демократско општество. Никој не сака војна, најмалку Путин и русите. Тоа го знаат сад/нато и затоа уште одамна ја подготвуваа Украина за да ја испровоцираат Русија да мора да се брани. Ништо ново, веч видено. Досега никогаш не успеало, да видиме дали и овојпат повторно ќе пропадне обидот за уништување на Русија или пак ќе им се удри од глава неучењето историја, останува да видиме.
Иначе да, од ова најмн ќар како и секоја друга војна започната од сад/нато ќе има воено-индустрискиот комплекс. Најмалце просечниот европеец/амер/украинец .
1. Повисоки плати, еднакви права, итн.
2. Корупција, крадење пари, недозволување да се избере нов претседател. И започнување бесцелна војна.
100 кратно го има зголемено стандардот, го европеизираше политичкиот систем, воведи еднакви права за сите и уште миљон позитивни промени и бенефити за рускиот народ.
Најмногу искоренета корупција во негово време, олигарсите му предат како мачиња, работниците заштитени и платени. Народот задоволен, дозволено е да се смени претседателот, си има избори, ама не си го дава, задоволни се и паметни. Не се македончиња па да си пукаат у мозок да го сменат тој што им го подобрува животот за да да шарени им ја уништат државата и поклонат на сад кои ќе им ги испијат ресурсите и ќе ги очистат со некој геноцид во иднина.
Фактот е дека Русија не е способна во сегашната состојба да им ги понуди истите услови на своите граѓани како западните земји. Прогресот е чисто поголемата способност за подобри животни услови што може да ги обезбеди државата на обичните граѓани.
Делумно си во право, неможе истите услови, но во руралните делови. И си има причини за тоа кои се друга тема. Иначе, во поголемите и развиени градови, стандардот е ист или недалеку од просечен европски стандард.
Прогресот на Путин е токму тоа што го кажуваш, поголемата способност да обезбеди што подобри услови за живот и повисок стандард за своите граѓани. А тоа го прави подобро од било кој во споредба од 99та до денес. Таков скок искрено незнам дали постои друг пример, можда Кина...