Ќе се обидам да одговорам иако не сум повикан за одговарање, плус не сум „навивач„ за Украина, особено не за ваква Украина (што не значи дека изразувам омраза кон „обичните„ Украинци), туку сум на руска страна, од свои причини.
Да бидеме чесни до крај; нашите умови (не се самоамнестирам...) се „перени„ со децени и децении од англо-саксонско (американско!) влијание на секој можен начин: филмски, музички, спортски, забавен, научен, образовен, информативен...По толку децении „перење„, каде на пример, Американците се прикажани како „добрите момци„ кои редовно победуваат, тепаат, убиваат, глумејќи исполнување некоја фиктивна правдина, ги имаме „затуцаните„ Руси (и Срби, и Арапи, и источни Азијати, Марсовци и томе слично...) кои се прикажани како лошковци и кои редовно, на крајот од филмот, го јадат стапот, стекнуваме лажна претства за американската моќ (видлива само на филм, не во реалност...) па по начинот на кој реагирало кучето од Павлов, сметаме дека ете токму Русите (медиумски веќе сатанизирани како „лоши момци„), се главните виновници за војната во Украина. Не, не е бино што кажа Путин за причините за овој воен упад, битно е дека и Путин и Русија, во нашите глави веќе се квалификувани како злонамерници.
Се‘ додека не ни се промени умот и не се исчисти од западните медиумско-забавни идолатриски повраќаници, ќе бидеме непријателски наострени кон Русија, притоа немајќи грам претстава за која држава и за какви нејзини вредносни системи се работи...