Живот после смртта?!?!?
Сите живи организми за да ѓи извршат животните процеси користат енергија,така????Според физичките и хемиските закони,материјата кружи,а енергијата се претвора од еден вид во друг,епа каде иде таа енергија кога ние умираме?????????
Кај Бог и не се вика енергија туку животен дух.
Целото учење што го имаме за душата е грешно, намерно за да го збуни секој од нас. Поимот душа кој што го знаеме и е прифатен денес не е точен.
И Господ Бог го создаде човекот од земен прав и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа. (Библијата)
Земен прав + Дух животен = Жива Душа
Како прво целиот концепт за поимот душа кој го знаеме и кој што преовладува скоро кај сите луѓе не е точен. Сите ние мислиме дека кога телото умира душата не умира туку излегува од телото како што видовме во претходното учење на спиритуалистите. Е како прво поимот на душа не е точен кога велиме душа мислиме на дух животен.
А кога се вели дека душата продолжува да живее она е вечна и неуништлива се мисли на животниот дух а не на душата бидејќи телото + духот = жива душа. Тоа е душа заедништвото на телото со духот = душа. Како можеме да кажеме дека со умирањето на телото нашата душа не умира, кога сме сведоци дека телото умира. Телото е само едниот дел од нашата душа што умира и се распага заедницата од тело и дух. А само заедништвото помеѓу телото и духот се нарекува душа. Телото е мртво и вие сепак сметате дека вашата душа ќе живее? Како? Тоа е невозможно?
Ако зборуваме за душата. Но ако зборуваме за Духот животен прашањето е што се случува со Духот по смртта?
Бог си го зима Духот животен што го е дал кога го создал човекот и останува само правот земен/нашето тело кое што се распага.
Значи сега знаеш дека ти си еден ентитет составен од тело и дух и дека ти си жива душа.
И му заповеда Господ Бог на човекот, велејќи: „Од секое дрво во градината можеш да јадеш,освен од дрвото за познавање на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш.” (Библијата)
Тогаш змијата и рече на жената:„Не, нема да умрете! Но Бог знае дека оној ден кога ќе вкусите од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро, а што зло.”
Дали сега можеш да ја видиш спротивноста Бог вели ако јадеш од дрвото за познавање на доброто и злото ќе умреш, а змијата вели не, нема да умреш! Кој лаже? (Библијата)
Постои ли смртта или не. Учењето што го видовме застапуваат спиритуалистите, окултистите и хиндуистичките култови ти вели не нема да умреш, твојата душа (што е тотално спротивно сваќање на душата)ќе се реинкарнира на земјата и преку илјадници и илјадници години на селење на душата ќе има еволуција на таа душа, ќе се очисти од кармата што ја има душата и можеш и тие еден ден да станеш Бог и да бидеш обожаван. Погледнете ја Индија има мноогу примери кои и денес се самопрогласени за Богови и имаш обожавање на нив од илјадници и милиони луѓе кои слепо веруваат во нив. Саи Баба, Махараши Маши Јоги, Багаван Ражниш и.т.н.
Ако ова селење на душата и карма е вистинита и има еволуција погледнете ги луѓето што живејат и како живејат во Индија, како крпаат крај со крај живеејќи во најголема можна беда што можеш да ја замислеш на земјата, за каква еволуција на душа и очистување од карма говорат овие источни култови и секти???
Дојде време кога луѓето од западните развиени општества се палат на овие источни култни и привлечни работи како што се медитацијата, јогата, магијата, спиритуализмот, одењето по оган, обожавањето на мртвите, паганизмот и обожавање на луѓе богови и уште триста чуда… луѓе изгубени денес од ова сурово брзо и капиталистичко време, луѓе коишто читаат секакви глупости од книги за магии, астрологија, хороскопи, видовитос, паранормалното, окултизам, медиум и спиритуализам, духови, криминални романи исполнети со крв, сатанистичка литература а забораваат да ја почитаат барем еднаш Библијата.
Луѓе оделени од Бог, празни во душата прифаќаат секакви работи и се најлесни за манипулација а токму овие new age движења им го заматуваат умот со привлечни часови за јога и медитација. Жално.
Зошто е забранета од Бог комуникацијата со мртвите?
Затоа што кога си мртов си мртов.
Нема свесност кога си мртов. Нема мислење повеќе, нема мудрост, нема ние стануваме духови, нема одиме во рајот (рано е за тоа), нема мртвите дека знаат повеќе од живите, нема нивно надгледување на нас и дека знаат се за нас, ѓи нема сите тие работи.
Кога си мртов си мртов. Зошто тоа верување дека ќе бидеш супериорен и дека ќе научиш нешто повеќе знаења и мудрости можеби и летање и уште што ли не си мислиш дека ќе го правиш кога си мртов. Е нема.
Кога велиш дека комуницираш со некој мртов ти не комуницираш со духот на мртвиот туку со паднат ангел/демон коишто знаат да се претставуваат во туѓо лице. Тоа е базирано на паганизам или безбожност.
Токму затоа и Библијата ја забранува комуникацијата со мртвите, бидејќи тоа не се тие. Мртвите се мртви и остави ги намира.
Ти можеш да си мислиш што сакаш и да си фантазираш. Но животот е еден и единствен. Нема втора шанса. Нема ќе се вратам повторно на земјата и тоа и тоа ќе го направам. Направи го сега додека можеш и додека имаш време. Што и да сакаш да направиш направи го во овој живот пошто нема да имаш можност да го направиш тоа друг пат.*
Мртвите не знаат ништо. Кога си мртов исто како да спиеш. Не спиеш.
Но исто како и кога спиеш немаш свесност. На тоа се мисли. Заспан си.
И единствен некој кој што може да те разбуди од тој сон е само Бог, преку Христос и никој друг.
Затоа што Бог не е Бог на мртвите туку Бог на живите.
Со Христос има само вечен живот. Само Бог е бесмртен.
Кога живата душа (човекот) умира т.е земјениот прав (телото) му умира а духот (животниот дух) оди (се враќа) кај Бог.
А Бог може да го врати тој животен дух и да го спои со телото и токму тука настанува воскреснување и мртвите кога ќе воскреснат стануваат живи.
Бидејќи Бог е Бог на живите а не на мртвите, Бог доага кон луѓето како да се живи. Затоа што се живи само со него.
Ако сакате да дознаете што ќе се случи со мртвите по смртта и со нас со повторното доагање на Бог, Христос на земјата прочитајте го последниот дел од Новиот Завед (Библијата), Откровеније на Јован.
Хехе, интересно кажано од некој чиј ник е инспирација од реинкарнирана/воскресната душа желна за одмазда :smir:
секој учи од своите грешки братче :wink: