Заслужен пораз, нема шо.
Честито титула за Вардар, заслужено.
Многу го потценија Вардар, шо беше грешка, на крај од гла ни се мана.
Дојдоа со една постава, не изгазија, пред една ваква атмосфера како не била години наназад.
За то треба да му се честита на Вардар, провоцираја, знаеја шо сакат, и то е дел од тактиката.
И такви играчи ко Борко ти требат во екипата, си ја заврши работата чоеко, ги изремети оние манекените наши, му ги сече рачињата.
Куни Моралес на 36 години му покажа на звездите наши како треба да се игра на дерби.
Секоја чест за зверот, капа до под, играчиште.
Исто и за Талески, го плукаме, ваков таков, ама последната сезона си гази чоеко, сам игра на лев бек цела полусезона.
Вчера здравјето му го зеде на пола одбрана наша, се преку него одеше, Радовиќ не можеше сам со него, без бекап од другиот дел од одбраната.
Единствено Маркоски помагаше и Обрадовиќ, се друго очај во одбрана.
Или Талески не бушеше или одеа на пикер, а Столе не е од вчера за да не успеј да прифати такви поклони, сам не тепа на крај.
Не ми е јасно оти Кукоски не играше? И шо мислеше Бабиќ со трет голман? Стварно убо би било да се дај одговор на то прашање?
Како и да е, јасно беше дека ова екипа на Пелистер, со овај тренер не знај да игра под притисок.
Со Нексе 2020 во СЕХА ништо, со НИМ ко зајаци играа, со Нексе изгубени.
Вардар 3 сезони со 5-1 зона ни држи лекции по одбрана.
А, лекцијата не е научена, за жал, нема ни да биди научена со оваа тренерко-играчка постава.
Со онаков шалабајзерски пристап не заслужваш да бидиш шампион.
Нема шо да се жали.
Среќата ги прати храбрите- а најголем дел од оваа екипа на Пелистер НЕ Е ХРАБРА и не заслужва да го носи овај свет дрес.
На чело со тренерот, не можи ти со онаков тренер да бараш екипата да има дух, борбен карактер, да гини на терен.
Не можи само ко ќе оди да си мангуп, ко шо беше со Кадетен, АЕК, Спортинг, Татабања.
На мака се познават јунаците.
Правиот карактер си го покажа Бабиќ во појќе наврати, поразот со Ним ко не отепаја за едно полувреме, со Нексе му ја дувна ко некое чупенце уплашено, го пушти Божо на прес, вчера беше кулминација, избега уџум фати.
Ејјј, ти иди +4500-5000 публика в сала, цел месец градо живеј за ова утакмица,, каква атмосфера имаше вчера, Буре, Јагода, Офицерски, во парко, лудило, да имаш таква група ко Чкембари на трибини, башка другите в сала.
Европски екипи пари дават за ова шо го има Пелистер, а овие не знат да искористат, а имат на тацна нешто за шо сонва цела Европа.
Луѓето здравјето го остаја вчера в сала, буквално, и за шо, или подобро да речам
ЗА КОЈ?
Зеде Бабиќ КО НЕВЕСТА БЕГАЛКА ја летна
, а по него скоро цела екипа.
Освен Радовиќ, Обрадовиќ и не знам уште 2,3 ца кој останаа!?
Пу бе, јазк да ви е.
Кој срам, во еве скоро 30 години шо одам нон стоп на утакмици, на тренинзи на РК Пелистер, поусрамен во живото не сум бил.РЕЗИЛ.
Зедоја избегаја бе, требаше 5 минути да поминат да ги вратат сосила в сала, ко некој жени шо ги терат сосила да се мажат, за раче ги враќаја в сала.
За
ми бевте шо се вративте?Зошто се вративте? Шо демек чекавте дека пак ќе ви шлукат луѓето? За шо да ви шлукат бе?
Па не е само ова утакмица, 3 сезони со иста тактика губат од Вардар, му излегват 5-1 зона, со Дибиров напред и толку.
3 сезони Бабиќ не најде игра, противигра, тактика, било шо.
Шо ќе најди, поеднодимензионален тренер неам видено.
Тренер шо можиш од авион да го прочиташ шо ќе игра, нула инвентивност, нула тактика.
Една акција да не знајш да смислиш 3 сезони значи не е само слаб ден, не оди, ова она, значи дека не си за тука.
За тие пари шо ги фрлија за него јас да сум ко управата, прво шо ќе напрам раскин на договор и ќе платам колку и да треба пенали за раскинот на договорот.
Најголема грешка шо ја напрај управата беше шо не му го раскина договоро уште по утакмицата со Ним, ко бараше цела публика оставка.
Го остаја да се извај и ја спаси фотељата, а ние си влеговме во некој лажен имиџ дека имаме игра, дека можиме до крај.
Куќата од темел се гради, ако немаш тренер џабе ти е се. А ние неаме тренер.
Бабиќ како прво нема карактер да води ваква екипа, зошто не го разбира БИТОЛСКИОТ МЕНТАЛИТЕТ И СТИЛ НА ИГРА.
Чоеко нема препознатлив стил, уште живеј во 2005. Лино Школа е, ракомет со одење, дај ја на пикер и чекај пенал да свирнат.
Се виде вчера со тајмаутите, сите побарани во погрешен тајминг, ефект нула. изгубени Германци на терен.
Бабиќ 3 години е тука, уште не знај кај е дојден, од Марс да беше дојден ќе сфатеше некои работи, овај ништо.
Аљушо, Јовиќ да ги клаеја за тренери на ова екипа јас гла сечам дека Пелистер ќе личеше на нешто.
Гледајте ги децата шо напраја пред 1 месец со Вардар. Е то е тренер ко ќе имаш ко Јовиќ, а не матрапаз ко Бабиќ.
Изгинаја децата на терен, и то десетковани,цела прва постава не играше и до крај се држеа, машки.
Ги искршија од ќотек, на гла му се обесија на Тото и Столе, крв капеше на паркет.заби летаја на терен ( Џукичу
,, уствари сам си го скрши)
Рацете му се тресеа на Дибиров, 100 промаши, вчера ко паун батето си шета, не се ни испоти ги изремети оние дрвата,
Танкосен ќе играл со Дибиров
, то очекуваше Бабиќ вчера,а ние се тресиме онде од нерви.
Е то е тој битолски менталитет шо го има втората екипа, а шо го немат звездите од првата екипа.
Го немат оти ги разгалија многу, му дадоја договори шо не се реални, шо не се соодветни на сложеноста на работата шо ја работат,
Плус, како карактери не се компатибилни, оти ја немат та ДНК шо треба да ја имат, ",
инает, желба, мотивација, дрскост итн", шо го красеше Пелистер низ годините, а треба да се врати та ДНК во Пелистер шо побрзо.
Втората екипа ти е како на времето шо беа Кире Поповски, Злате Рамбо. Ќани, Заре, Тосето, Тото, Василе Митевски, Папата и да не ги набројувам.
Шо играја БЕЗ ЌОРА БАНКА, шо немаја ни дресој, тренерки, ништо немааа, ама ко ќе излезеа на терен ГИНЕА ДО ПОСЛЕДЕН АТОМ ОД СИЛИТЕ, крв капеше на терен, повредени играја, осакатени, за Битола, за публиката, за луѓето шо идеа на секој тренинг да ги гледат, ко беа најотепани, ко не се знаеше дека клубот ќе постој.
Па вчера да излезеше ова спомената постава, на 50 години шо имат сеа, јас гла сечам дека појќе ќе даеја од оние манекените вчера.
Е то беше тој прав Пелистер, не ова шо го гледаме овие 3 сезони со Бабиќ.
Значи, покрај Бабиќ шо мора под итно да се избрка.
Треба сериозен ремонт на екипата.
Под итно да се пуштат децата од двојката во прва екипа, нема шо да се чека бе, да се уходале, шо ќе чекат? да помини уште една ќора сезона?
Па да му поминат договорите и да си одат?
Значи под итно Браќата Атанасијевиќ, Ѓорѓовски, Цветан Кузманоски, Петровиќ, Арсеновски во прва екипа, нема шо да се мисли овде.
Заедно со Ојлески, Костески, Кизиќ, Кукоски ете и уште еден од голманите македонски да остани, Ивановски и Трајкоски.
Можи и Кукуловски да се задржи, оти да не.
Тој треба да е костуро на екипата, македонски играчи, па врз нив да ја прајш базата од странци и да го градиш квалитетот.
Танкоски ака ТАНКОСЕН го држиш онде 3 сезони, алооо, на арбитражи бе одеа за него, процеси се водеа. Ќе се отрујам.
Деца златни онде ко Павле, Ѓорѓовски играт со Бутел, Тиквеш ги искрши од ќотек во саботата, за Танкосен да изиграва мангуп во прва екипа.
Зеде вчера ко зајак уплашен, 4 ( четири ) топки в раце му ги даде до 15 та минути, ги броев, за второто да не прајме муабет изгубив евиденција.
Гледајте го Карапалевски, детето нема ни 10 % од искуството на Танкосен, вчера една ебана грешка не напрај, докторски изигра.
Од ко влезе тој Вардар беше далеку посигурен во напад.
Е то е среден,не онај уплашенио зајак Танкосен.
Сите утакмици ги еба шо можеше да ги еби овие сезони, со Ним во Франција уште не можам да се начудам како успеа за нецела 1 ( една ) минута да му дај на тацна 3 ( три ) топки, од+2 за нас ни ја вртат утакмицата.
Вчера не смееше ни 1 ( една ) минута да игра Танкосен, не онде да почнува прва постава, алооо.
Па на Европските утакмици ни на крај не го клаваше, ко беше решено, сеа ми глуми лидер на екипа.
Играј со Обрадовиќ цела утакмица, барем се бори чоеко.
Играј со два пикери, без среден, само без Танкосен, послаб среден немал Пелистер, никогаш.
Боро Чурлевски во гробо се превртва, кој се стигна да игра за Пелистер.
Фала ти Танкосен за се, се трудиш, ама џабе дечко, не си ти материјал за Пелистер, џабе е.
За Маџоски веќе се е кажано за детето, секоја чест за борбеноста и желбата, за то неам никаква замерка, игра детето години наназад со 200 % од силите, ама дечко да сме реални, не си ти калибар за прво крило во Пелистер, не е ни за трето.
Не можи ти зицери, чисти шутој од широки агли да не можиш ни голо да го погодиш, срамота е, се повторва веќе утакмици наназад, сезони наназад.
Прашање е дали и за во двојката е кадарен.
Исто важи и за Велковски,сеа ко шо е повреден прашање е дали и ќе можи да се врати? Уште една нагазна мина за управата, да плаќаш играч под договор а нејасно е дали и колку ќе можи да изигра.
И друга работа не ми е јасна?Вервам и на цела Битола не и е разјаснета.
Кај се повреди жити се Периќ? На ова прашање ако можи некој да ми дај концизен одговор.
Па не можи бе цела полусезона ти да изиграш 2 утакмици.
Таман се враќа, мистериозно го снемва, обновува повреди, боловања отвора.
Озбилно, колку шо знам со Бутел во СК беше во ростер, со Тиквеш во гости не играше?
Кај се повреди? Кога, против кој? Од шо?
Еве и да се повреди, толку беше тешка повреда па да не можи барем 20 минути да поможи?
Друго ќе беше со него на терен, макар и на клупа, да дај мотивација.
Зел вчера селфи прај, се дресо на репрезентација
, дај бе не заебавајте луѓе, баталете селфија, сториња и слично.
Порано со една нога играја Злате, Кире Поповски, Ќани, итн. овие нежни многу.
Ко ланските повреди на Стипе, се повреден беше за најважните утакмици, ко од шеќер да беше.
Ете и Табоада повреден беше, па стегна заби изигра колку шо можеше.
Јасно е дека Периќ има скап договор потпишано со Татабања и ризик е да се повреди,
ама до Јуни тој е или требаше да е ракометар на Пелистер,
Шо значи дека интересите на клубот се пред се, и од тие на играчите и на тренерите.
Ама то е веќе друга математика и работи шо нема да ги знајме, ниту ќе ги дознајме некогаш.
И веќе сега касно е да се смени нешто, помина возот.
Добро е шо речиси цела екипа си оди, веќе монотоно станва со оваа група играчи, нема напредок.
После она издание на Стипе вчера можам да заклучам дека грешката од мечот на 15.12.2021 не е случајна,
В раце му фрла топка вчера бе. ко на дете мало му ја зедоја, според мене клучна грешка, замина утакмицата после.
Зеде паѓа на провокација на Борко ејјј, колку треба да си празен во умо да падниш шо викат Американците на THE OLDEST TRICK IN THE BOOK?
Зеде ќе го лобова бе? Борко каков таков, бранел Германија, Шпанија,има искуство огромно, од авион го прочита.
После то се изгуби Стипе звездата, ејјј 14 К наводно земал месецо, па за тие пари треба да го изметиш паркето бе, по 10 гола и асистенции да имаш.
Сакав да остани за наредна сезона,ама после она вчера, не заслужва овај појќе шанси.
Јасно е зошто не напрај кариера во Бундеслига, таму со вакви шалабајзерски игри, со шлепање не ти дават пари.
Крв треба да плукаш за да го опрадваш договорот и да не те избркат пред време.
Од Граџан најпојќе сум разочаран, не ми е јасно како можеше 4 чисти зицери да ги промаши, во клучни моменти.
Многу очекував од него вчера, недозволиво е за професионалец она да се промаши.
Еднодимензионален играч, ко Стипе, еден правец, не врват појќе вакви играчи.
Се надевам дека не е вистина за Жарета Пешевског?
Шо фајде од него? Иста приказна ко Граџан, според мене и бетер.
Ќе фрлат за џабе огромни пари, ќе нема никаков ефект.
Ете го Арсеновски, дете во два правци, веќе се уходва детето со втората екипа, со Василев доволни се на пикер, два правци двата.
Штета за Маркоски, ова сезона искина дечкото, заслужи да остани, ама то е, нека му е со среќа во новиот клуб.
Бекој фалат, се надевам дека ќе се земи еден екстра лев бек, покрај Сери, тука сметам на еден од Павле или Ѓорѓовски како трет лев бек.
На среден фали уште еден, покрај Дејвис, уствари треба еден екстра среден бек, Дејвис да е замена. оти е играч во поодминати години.
На десен бек исто фали уште еден играч, ако не најдат некој салам странец нека го пробат Петровиќ, имаш веќе кадар дете.
Поубо него шанса да му дат отколку да експериментират.
За лево крило време е на Цветан да му се дај шанса, ете и Ојле нека остани.
Десно крило уште еден за смена да има за Костески.
И то треба да е ростерот, здрава конкуренција од 20ина играчи, шо ќе дат сите придонес во играта, а не да се заебаваме овде, да си играме
.
Најважно е тренер да се најди, ако нема тренер џабе прајме муабет.
Се надевам вистински се шпекулациите за Шпанец тренер, то ни треба сега.промена во климата и размислувањето.
Ако го донесат Голужа ко шо има/ше шпекулации џабе прајме муабет и да не се нервираме џабе.
Ако не успеат да донесат салам тренер, нека си пробат со Звонко, Јовиќ, зошто да не и Аљушо.
Било кој би се снашол подобро од Бабиќ и Голужа.
Пред се мислам на Јовиќ, зошто најуходан е чоеко, со втората екипа, стило на работа во клубот и се останато.
То е народе,да резимирам, кузнеј кога ќе пишам пак сеа, толку од мене ова сезона за првата екипа, време треба за рехабилитација.
Ќе си одам на втората екипа, за првата екипа, со најголем дел од оваа постава и со овај тренер не планирам да се замарам појќе.
Фала му за се, време е за разделба, секој по својот пат.
Купот не ми е ни 0.1 % важен сеа, и да го освојат не ми значи ништо, ко титулата на ревијалниот пријателски турнир во Струга.
Многу сакавме, на крај ништо не добивме, оти то шо го сакавме не бевме храбри да си го земиме.
Никој на тацна нема да ти дај туку така титула, мора со борба и желба да си ја земиш.
Нереално влеговме во некоја еуфорија, опасно го потценивме Вардар и ни се удри од гла.
Посебно шо Вардар во гости даде доста добри утакмици и во ЛШ, а се знаеше дека во БТ идат на се или ништо.
Сепак Вардар е ЛШ калибар, не е АЕК, Татабања, Кадетен и слично, то требаше да биди поука.
Дојдоа машки, без каллулации и не решија, поштено.
Џабе е сеа, судиите биле криви и слично,
Имаа грешки да, ама и било кој да судеше, со онај пристап на игра кој го имаше Пелистер вчера немаше да тепаме, гарантирам за то.
Вчера и со судење во наша полза немаше да тепаме, со оние грешки шо ги напраја, ти да имаш +10 аматерски грешки со изгубени топки ( фрлени в раце на противникот ) нема шо да бараш со Вардар, пак ќе изгубеа на крај.
Едноставно немаа то шо требаше да го имаат за победа, кратко, јасно.
Не ни се судиите криви оти Стипе глуми лудило, или Танкосен му дава 10 топки в раце, или дека Граџан не можи 4 чисти зицери да погоди.
Такво алиби не поминва, не сме појќе во 98ма . 99та ко кукавме по Начевци или Камишевски-Металари, тогаш не крадеа машки.
Вчера поразот лежи на глата на Бабиќ и лошиот избор на играчи, во ништо друго.
Овај пораз отвора сега и друг проблем, шо наместо да ја земат титулата од Вардар по секоја цена тие го вратија во игра, со нова сезона во ЛШ, со ветер во грб за нови спонзори, нови подобри играчи.
Толку беше важна победата вчера, не само за титулата ова сезона туку и за наредни сезони.
Двократен ефект, шо значи дека наредна сезона нема се да зависи колку ќе биди јак Пелистер, туку шо ќе биди со Вардар и колку Вардар ќе дозволи Пелистер да му биди конкурент.
Дека Вардар наредна сезона ќе губи од втората екипа малце потешко то, ја научија лекцијата.
Зато беше важно да се добие вчера, милум или силум.
Ама за да победиш треба да имаш храброст, срце, а 80 % од ова екипа го нема то, со секоја чест на исклучоци кои 2.3 сезони ја носат на грб екипата.
И треба да имаш тренер на клупа, а Пелистер за жал нема тренер во моментот, а то значи дека нема се шо треба да биди шампион.
Има само добра управа и невидени навивачи.
То е, глата горе, посилни се враќаме наредна сезона.