Тоа што највисоко воено лице мора да преземе и да оди на фронт некои може да го толкува како знак до сега сепак не оди све по план. Делува и малку аматерски толку многу високи воени лица на едно место собрани во дофат на Украински ракети. Факт е дека Украина и поради ваква помош се држи толку добро. Тоа што го имаат со максимална ефикасност го користат. Не знам дали ова повеќе кажува за САД или за Русија, ваљда и за едно и за друго.
Досега сеуште не се десило нешто вистинито да биде објавено од украинската страна, да почекаме и за ова.
Но, да претпоставиме дека е вистина. Ако навистина бил Герасимов заедно со други генерали, тоа може да укажува на "состанок" од стратешка природа. Може да е промена на стратегија, може да е потврда за продолжување со досегашната или може да е нешто измеѓу, мали корекции, приспособувања, прилагодувања на актуелна или евентуална идна ситуација за кои се разработиле сценарија.
Ако е вистина, причината за таков ризичен потег, не мора да значи дека нешто не оди по план. Баш напротив. Може да е ради сензитивност на информации и претпазливост од пресретнување комуникации. Може да е ради консултации со генералите кои се позапознени со тактичката и реалната природа на боевиот театар.
Според она што е познато од досегашното дејствување на руските единици, според воени историчари и експерти, се работи за сосем нова методологија и пристап на оперативно делување, каде сите единици со нивните команданти и генерали над нив, делуваат најсамостојно што се може, независни едни од други во смисла координација, комуникација итн. Оперативно-тактичкото делување е препуштено максимално на командантите на терен. Повторувам, колку се може. А повисокото, стратешко планирање и консултирање се дешава изузетно ретко и не се меша во тактика, туку во посеопфатна стратегија. Немаат рок, имаат само зададена цел и нејзино исполнување.
Најбанален пример: Иде Герасимов вика стратешки потребно е да се опколат во Донбас не да се иде груда у груда со нив. Командантите одлучуваат или предлагаат како ќе го остварат тоа, во кои правци ќе се движат, кои населени места, селца, стрстешки точки ќе ги зазимаат по кој редослед и во реагираат во согласност со постојаните промени секој во својот реон на делување.
Лавров денес по 283828283829 пат повтори и потврди она што веќе сите го знаеме, нема рокови за завршување. Какви 3 дена какви 3 недели каков 9ти мај каков крај на година или деценија. Има само остварување на задачите.
Околу држењето на украинците. Прво, не сакам на никој да му одземам од храброста (или будалоста), свесни се дека се топовско месо и немаат никаква шанса за некаков успех. Главна задача им е да нанесат нешто штета на руска опрема и некој војник. Но ништо од тоа нема да промени исход. И среќа се повеќе се предаваат и ја сваќаат реалноста. Штета што како и самите кажуваат, со 3 дена обуки ги носат на први линии, командантите си се враќаат у штаб, не им дозволуваат да се предадат, сопствени снајперисти ги држат на нишан. Кога ќе им утепаат командант или генерал на единицата, тогаш веднаш се предаваат.
Дури една новинарка, ултрапроукраинска, како и неколку твитер профили западни почнаа се повеќе да објавуваат за катастрофата што владее во украински редови, што од мотив и морал, што од недостаток на оружје, муниција, храна, логистика, што од разочарување од лагите на нивното раководство, што од соочување со реалноста кога ќе дојдат у фронт, дека све е обратно од што им сервирала пропагандата. Впрочем има миљон сведоштва за ова и на странски платеници, не само на украински заробеници.
Така да, отпорот што го даваат е мн слаб, не по нивна вина, повеќекратно побројни се од русите, и се во одбрана, во долго време утврдувани позиции, на свој терен, би требало и со поголема мотивација јер бранат татковина итн. Но, освен во бројност и тоа составена од лица кои не кренале потешко од пенкало и кои нажалост се праќани како жртвени јагниња на покољ, немаат начин да дадат сериозен отпор на многукратно инфериорните по бројчаност руски единици со кои се соочуваат. Но тие се професионална, одлично опрема и со поддршка од неограничено количество артилерија и воздушна доминација.
Се молам што повеќе да се предадат и да си ја сватат реалноста дека нивната сопствена влада и раководството ги смета само ко бројка, статистика, ги праќа во сигурна смрт и изгубена битка без око да им трепне. Кога доволен број ќе се соочат со таа сурова реалност, ќе се деси масовно откажување послушност што се надевам ќе доведе до притисок врз лидерството и ќе ги остаи без опции и ќе седнат да потпишат примирје/капитулација.