Историската улога на жената во религиите

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Држи се до темата, а не за алф.
Со што можеш да го потврдиш кажаното од твоја страна.....
Христос како Богочовек кој се раѓа од дева Марија, логично е маж, бидејќи го претставува првиот човек Адам,

Повели образложи, понуди цитати, книги, линкови, видеа и просветлине и објасни од каде дојде до заклучок дека Христос го преставува Адам?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
@liberij, @alf - гледајте да не заминете во христијански води далеку од темава и само зборување за Исус, темата е жената и религиите, а не што бил Исус...
Имате други теми за вакви муабети или гледајте нештата да ги поврзете со жената, не ја заборавајте аман знам дека библијата ви е мила, ама жената како човек треба да ви е помила бидејќи без неа, каде? :)
Никаде, одговори тишината помеѓу столбовите на храмот наречен Човештво ;)

П.С. И да, не заборавајте да не зборувате за она што е запишано во светите книги како да е историски факт и едно верување да го преставувате како знаење или факт во природата и историјата на човештвото. Како што читам тука „човекот го направил богот“. Прв бил мажот, па жената ваму па таму, па иста била ко мажот ама болките при раѓање, па таа згрешила, па змијата па се нека оди по ѓаволите со вакви размисли...

Бевте таму знаете и видовте кој бил прв и од што... во ред е верувањето, но кога ќе почнете да го прикажувате како факт, реалност која важи за сите - одиме во фанатизам и не звучи добро... не дека ви е грижа како звучи, ама сепак...
Зборуваме за религии, верување, надеж во животот итн итн... сето друго ќе донесе зло.

П.П.С. И не заборавајте дека религиите во светот не се појавуваат изолирано, сами по себе... сите носат нешто од претходни учења и верувања... затоа учете историја и знајте дека жената не е ништо помалку од мажот. Тоа што е помалку или неспособна за божественост е заради две-три религии кои ви се познати вам, инаку во светот - не е така никаде во светот на живите... иако читам како „таму каде што жената е главна гледате каде оди светот, во зло - дајте мажите за се способни“ - свештеници на највисокото! :)

Не дозволувајте, посебно вие кои сте жени да бидете убедени дека нештата се такви бидејќи „боговите така сакале“ нема што да се сомневате вие во „светите зборови“ и толкувања на старците!
 
Последно уредено:

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
@Хептаграм XI
Фала за грижата...
Кажав за Христијанскиот концепт сосема адекватно, елоквентно..., наместо "берењето туѓо гајле" во километри, од твоја страна, изразено преку Христијанско, неписмени, некомпетентни, критички текстови, сподели го Телемитското разбирање на кое припаѓаш, биди парламентарен и конструктивен токму на темата. Дец д рајт веј оф дискашн.
Повели :):coffee:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Темата не е да проповеда е за една религија, туку жените и религиите и каде се ...
Намали го доживувањето на светец и проповедање и бранење на христијанството... Ако ти е ок сето тоа, уживај никој не ти вели жената која е до тебе да не е токму како по библијата... Нека ти е таква кога си запнал дека така мора.
Остави ги другите жени да бидат како им е волја бидејќи можат да бидат дури и во духовното исто што може да биде и мажот Ако мажот не се чувствува повреден и навреден бидејќи жената може исто...

Цело време зборувам наназад... или забораваш или ти го кршам филмот на каде си ти запнал да не убидуваш за жената и религиите. Исто како исламот да го прифатам дека по книгата жената е бомбона таму кај што е...

Религиите не ми се туѓи... Тоа што ти имаш концепт на делење мое и твое, само покажува омраза и неразбирање на светот заради религии и верувања...

Тебе се ти е антихристијански бидејќи така те учат во школо, те индоктринираат дека како ти е дадено така јет... Не смее демек никој да каже грешка е, имате нели "наследство, свет дух" и купишта оправдувања и демагогија каде и зошто жената во еврејскиот мистицизам е тоа што навидум е... па и оправдување мажот и жената се исти праведно на место...
Наместо на сите да им проповедаше дека духовно се неуки бидејќи ти нели со школо за поп како не се христијани седни учи со разбирање и желба да знаеш за другите...

Јас зборувам за жената каде е во однос на божественото, но ти не сакаш да разбереш бидејќи така мораш или забораваш што зборуваме. Не се повторувам и враќам назад за еден христијанин кој што смета дека се што не е христијанство е зло и како жената е неспособна за свештеничка на највисокото, како мажот..
Извини но тоа е...
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2019
Мислења
214
Поени од реакции
466
Извадок од едно четиво:

The Protestant Reformers' study of Scripture and the resulting conviction of the equality of all believers before God led them to initiate changes in the way education, the church, family, and societal structures were conceived. As a result of the Reformation, women were given new opportunities to be educated, participate in the church and in the family, and share the Gospel.

Martin Luther proclaimed the priesthood of all believers, teaching that both men and women were equal before God and free to pursue their God-given vocational callings. This concept elevated the status of both the homemaker as well as the farmer in the field. The hierarchy was no longer to be valued above the lay person. Changing diapers and milking cows were holy work. In his treatise, To the Christian Nobility of the German Nation, Luther wrote:

It is pure invention that pope, bishop, priests, and monks are called the spiritual estate while princes, lords, artisans, and farmers are called the temporal estate. . . all Christians are truly of the spiritual estate, and there is no difference among them except that of office. Paul says in 1 Corinthians 12:12-13 that we are all one body, yet every member has its own work by which it serves the others. This is because we all have one baptism, one gospel, one faith, and are all Christians alike … we are all consecrated priests … as St Peter says in 1 Peter 2:9, ‘You are a royal priesthood and a priestly realm.’ The Apocalypse says, 'Thou has made us to be priests and kings by thy blood’ [Rev. 5:9-10].

By all Christians, Luther meant women as well as men. No longer was a woman to be considered “defective and misbegotten,” as Aquinas had taught, but created in the image of God and of infinite value. In Christ, all Christians are consecrated priests. Therefore, Luther referred to his own beloved wife Katie, a former nun, as “my rib,” my book of Galatians, and the “boss of Zulsdorf” (the Luthers’ farm). He called marriage the “school of character” and encouraged a husband to take his wife’s opinion into account and not seek to “demonstrate his masculine power and heroic strength by ruling over his wife.” Furthermore, Luther even encouraged men to love their wives selflessly and sacrificially, like Christ loves the church. “Man cannot do without women” and should not listen to the harlot of reason that says:

Ah, should I rock the baby, wash diapers, make the bed, smell foul odors, watch through the night, wait upon the bawling youngster and heal its infected sores, then take care of the wife, support her by working, tend to this, tend to that, do this, do that, suffer this, suffer that, and put up with whatever additional displeasure and trouble married life brings? Should I be so imprisoned?

Instead, the godly man should seek to serve his wife and family saying:

I confess to thee that I am not worthy to rock the little babe or wash its diapers. or to be entrusted with the care of the child and its mother. How is it that I, without any merit, have come to this distinction of being certain that I am serving thy creature and thy most precious will? 0 how gladly will I do so, though the duties should be even more insignificant and despised. Neither frost nor heat, neither drudgery nor labour, will distress or dissuade me, for I am certain that it is thus pleasing in thy sight.

Сега извадок од мојот ак'л.

Еднаквост, историски гледано не е најпопуларната човечка вредност. Светски гледано, човечката историја е полна со опресија, ропство, тиранија, неправди, мизерија, сиромаштија, страдање, борба за преживување. Таа е таква бидејќи такви биле луѓето тогаш, нереформирани во дух, и многумина сеуште се такви, и затоа тие работи сеуште се присутни. Правилото би било, каде што има [физичка, политичка, економска, материјална, а нема духовна] сила, нема правдина. Па така жените, како покревки суштества, биле лесна мета за агресија и опресија. Но како што реков, без духовното, останува хиенското и така без разлика на пол, секој е секому храна во оваа мала савана.

Но што има врска тоа со „религиите“? Нема да коментирам за староеонските религии, туку само за големата Тројка од новиот еон односно новата односно нашата ера. И не религија, туку авторитет, хиерархија и моќ.

Може да се каже дека православието во целина е најпатријархално. Свештеништвото е резервирано за брадастиот пол. Духовниот авторитет е владиката и неговиот внук, селскиот поп. Улогата на лаиците односно рајата е да се дотера за неделното оговарање во црква додека во позадина го слуша односно трпи перформансот односно блеењето на попот и да плати за таа привилегија пред иконата во кеш. Улогата на жената во православната црква е сведена бришење лиги од икони, полирање жезали и гасење свеќи. Мислам хелоуу, духовниот водач на православието се вика вселенски патријарх или на англиски space paythreeaargh. Вредностите се исто така прилично патријархални. Во православните села, и некои градови со не толку многу еретички комунистички еврејски либерални западни влијанија, снаата е обично робинка, синчето е 30+ годишно синче, свекрвата е злобен лик од дизни филм, а свекорот седи бос во дневната и чека снаата да му донесе чорапи, ракија и мезе, во тој редослед. Синчето ја наследува куќата, нивата и православието. Снаата само православието.

2/10

Што да кажам за онаа со култот на Мери и бриченото целибатно свештенство? Историски благородна, моќна, сериозна и често корумпирана институција која денес постои воглавно како инспирација за Мартин Скорсезе филмови. Мафиа ди тутти мафии. Најголемата организација во светот, со крупна бирократија за контрола и ширење на империјата во светот. Сите сличности на папите со императорот од Стар Уорс не ќе да се случајни. Подипломатична од православната. Примордијално ЕУ/НАТО. Културен обединител а и понекогашен воен и морален опресор на скоро цел континент. Мамма миа религија. Ефеминизирано машко свештенство кое не смее да има секс со жени па развиваат некаква си филија кон деца. Иако духовниот водач и врвен авторитет е машко и е познат како папо ди тутти папи и фактот дека Аквински бил мисогинист и најверојатно расист, не може да кажам дека ова е патрихарјална религија. Поскоро е матријархална, девауринг мотхер архетип со нудење социјални услуги во пакет со вина и страв од Тројниот да ги држи верниците во строј и број. Ок, и разбој.

4/10

И стигаме до оние реформираните во номенклатура. Навистина не многу промислени имиња за нивните секти. Во суштина се што не е православно или католичко е протестантско. Авторитетот е обично Д Бајбл, во обично своја авторизирана протолкувана верзија. Црквите доста различни од оние средновековните погоре. Нема икони, ја нема Мери доилката, нема статуи, нема кич. Некои се доста вакви голи, некои се зачинети со малку уметност и повеќе национализам. Некои се либерални, некои се конзервативни, некои се девици, некои се сатанисти, некои се онлајн, некои се Амиши. Доста разновидна. Фокус кон вера односно идентитет а не толку дела односно корисност. Нешто како боттом уп вс топ даун од претходните две. Или поточно интерно вс екстерно. Историски анти-авторитарни, анти-институционални, анти-догматични и храбри трагачи по вистината, сега засолниште и сејф спејс за политички и социјални конзерви. Улогата на жената прилично рамноправна како во четивото погоре. Обично фокусирана кон поединецот и атомската фамилија, освен кога е евангелистичка мегачурч. Тогаш е место за регрутирање и тренирање војска за Војната против Абортусот и Војната против Истополовите Бракови. Но тоа се тривијални работи. Битна е самоправичноста, губењето допир со реалноста, бројките и приходите.

5/10

Ок карикатурите настрана, историски а и сега мислам сепак е подобро да си жена во рисјанска култура него ли било каква друга. Феминизмот (онај човечкиот, не кучкарскиот) е произлезен од рисјанскиот свет и затоа е најуспешен таму. Во другите култури не вирее баш многу, можеби оти се ослонуваат на природните закони, повеќе сила и силување, помалку правда и последици и така. Затоа кога зборуваме за религиите, на кои религии точно се мисли? Кај повеќето пред-христијански религии откако племето ќе окупира туѓа територија стандард процедура било силување, грабеж, поробување и уште убивање, оти зошто да не? Животите на оние од другото племе не вредат ни 5 пари. Внатрешен пат, духовност, душа, љубов... бла бла досаааднооо дајте ново дете за клада и нова женка за ќеф...

Да не заборавам да ги спомнам и Телемитите, храбрите просветлени феминисти и хуманисти кои се разбудија во раниот 20ти век, после 19 вековна духовна борба за ослободување на човекот вклучително и жената од прангите на мисогиниститичките традиции и верувања од предишните еони. Навистина е очигледно дека се на фронтовите на оваа борба.

Како и да е, ќе оставам на Џејн Ер да ја сумаризира темава:

Do you think I am an automaton? a machine without feelings?...Do you think, because I am poor, obscure, plain, and little, I am soulless and heartless? You think wrong — I have as much soul as you, — and full as much heart...I am not talking to you now through the medium of custom, conventionalities, nor even of mortal flesh; — it is my spirit that addresses your spirit; just as if both had passed through the grave, and we stood at God's feet, equal, — as we are.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Да не заборавам да ги спомнам и Телемитите, храбрите просветлени феминисти и хуманисти кои се разбудија во раниот 20ти век, после 19 вековна духовна борба за ослободување на човекот вклучително и жената од прангите на мисогиниститичките традиции и верувања од предишните еони. Навистина е очигледно дека се на фронтовите на оваа борба.
Благодариме за спомнувањето. Жената мора еднаш засекогаш да се разбере дека таа е Свештеничка на највисокото, таа Е највисокото....
 
Шо бе досадно ти е на подфорумов а? :)
Па вие сте имале и фемдом елементи во здружението, не сум знаел, али сепак веќе имате репутација за перверзии така да ок е ви дозволувам (y)

Сега за оние правените од реброто на Адам. Жена може да биде свештеничка, но може да биде и животина, на пример кучка. Според религијата на Највисокиот, жената е прво по дефолт женка, за жена треба малку да се воспита, а за свештеничка треба долг пат да помине кон Највисокиот носејки го крстот на рамо. Секако сето ова може да оди и во обратен правец пример ако попат цело време набива рогови и стане коза.

Проблемот го дијагнозирам во тоа што вие сеуште сте заслепени од феминацихуманизмот и не познавате повисоко од човекот, или уште полошо во овој случај Жената. Си правите непотребно долг кај Највисокиот.

(Големо Ж, колку интересна буква. Ж. Ж Ж Ж. ЖжЖ. ХаХ.)
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.988
Поени од реакции
6.472
Извадок од едно четиво:

The Protestant Reformers' study of Scripture and the resulting conviction of the equality of all believers before God led them to initiate changes in the way education, the church, family, and societal structures were conceived. As a result of the Reformation, women were given new opportunities to be educated, participate in the church and in the family, and share the Gospel.

Martin Luther proclaimed the priesthood of all believers, teaching that both men and women were equal before God and free to pursue their God-given vocational callings. This concept elevated the status of both the homemaker as well as the farmer in the field. The hierarchy was no longer to be valued above the lay person. Changing diapers and milking cows were holy work. In his treatise, To the Christian Nobility of the German Nation, Luther wrote:

It is pure invention that pope, bishop, priests, and monks are called the spiritual estate while princes, lords, artisans, and farmers are called the temporal estate. . . all Christians are truly of the spiritual estate, and there is no difference among them except that of office. Paul says in 1 Corinthians 12:12-13 that we are all one body, yet every member has its own work by which it serves the others. This is because we all have one baptism, one gospel, one faith, and are all Christians alike … we are all consecrated priests … as St Peter says in 1 Peter 2:9, ‘You are a royal priesthood and a priestly realm.’ The Apocalypse says, 'Thou has made us to be priests and kings by thy blood’ [Rev. 5:9-10].

By all Christians, Luther meant women as well as men. No longer was a woman to be considered “defective and misbegotten,” as Aquinas had taught, but created in the image of God and of infinite value. In Christ, all Christians are consecrated priests. Therefore, Luther referred to his own beloved wife Katie, a former nun, as “my rib,” my book of Galatians, and the “boss of Zulsdorf” (the Luthers’ farm). He called marriage the “school of character” and encouraged a husband to take his wife’s opinion into account and not seek to “demonstrate his masculine power and heroic strength by ruling over his wife.” Furthermore, Luther even encouraged men to love their wives selflessly and sacrificially, like Christ loves the church. “Man cannot do without women” and should not listen to the harlot of reason that says:

Ah, should I rock the baby, wash diapers, make the bed, smell foul odors, watch through the night, wait upon the bawling youngster and heal its infected sores, then take care of the wife, support her by working, tend to this, tend to that, do this, do that, suffer this, suffer that, and put up with whatever additional displeasure and trouble married life brings? Should I be so imprisoned?

Instead, the godly man should seek to serve his wife and family saying:

I confess to thee that I am not worthy to rock the little babe or wash its diapers. or to be entrusted with the care of the child and its mother. How is it that I, without any merit, have come to this distinction of being certain that I am serving thy creature and thy most precious will? 0 how gladly will I do so, though the duties should be even more insignificant and despised. Neither frost nor heat, neither drudgery nor labour, will distress or dissuade me, for I am certain that it is thus pleasing in thy sight.

Сега извадок од мојот ак'л.

Еднаквост, историски гледано не е најпопуларната човечка вредност. Светски гледано, човечката историја е полна со опресија, ропство, тиранија, неправди, мизерија, сиромаштија, страдање, борба за преживување. Таа е таква бидејќи такви биле луѓето тогаш, нереформирани во дух, и многумина сеуште се такви, и затоа тие работи сеуште се присутни. Правилото би било, каде што има [физичка, политичка, економска, материјална, а нема духовна] сила, нема правдина. Па така жените, како покревки суштества, биле лесна мета за агресија и опресија. Но како што реков, без духовното, останува хиенското и така без разлика на пол, секој е секому храна во оваа мала савана.

Но што има врска тоа со „религиите“? Нема да коментирам за староеонските религии, туку само за големата Тројка од новиот еон односно новата односно нашата ера. И не религија, туку авторитет, хиерархија и моќ.

Може да се каже дека православието во целина е најпатријархално. Свештеништвото е резервирано за брадастиот пол. Духовниот авторитет е владиката и неговиот внук, селскиот поп. Улогата на лаиците односно рајата е да се дотера за неделното оговарање во црква додека во позадина го слуша односно трпи перформансот односно блеењето на попот и да плати за таа привилегија пред иконата во кеш. Улогата на жената во православната црква е сведена бришење лиги од икони, полирање жезали и гасење свеќи. Мислам хелоуу, духовниот водач на православието се вика вселенски патријарх или на англиски space paythreeaargh. Вредностите се исто така прилично патријархални. Во православните села, и некои градови со не толку многу еретички комунистички еврејски либерални западни влијанија, снаата е обично робинка, синчето е 30+ годишно синче, свекрвата е злобен лик од дизни филм, а свекорот седи бос во дневната и чека снаата да му донесе чорапи, ракија и мезе, во тој редослед. Синчето ја наследува куќата, нивата и православието. Снаата само православието.

2/10

Што да кажам за онаа со култот на Мери и бриченото целибатно свештенство? Историски благородна, моќна, сериозна и често корумпирана институција која денес постои воглавно како инспирација за Мартин Скорсезе филмови. Мафиа ди тутти мафии. Најголемата организација во светот, со крупна бирократија за контрола и ширење на империјата во светот. Сите сличности на папите со императорот од Стар Уорс не ќе да се случајни. Подипломатична од православната. Примордијално ЕУ/НАТО. Културен обединител а и понекогашен воен и морален опресор на скоро цел континент. Мамма миа религија. Ефеминизирано машко свештенство кое не смее да има секс со жени па развиваат некаква си филија кон деца. Иако духовниот водач и врвен авторитет е машко и е познат како папо ди тутти папи и фактот дека Аквински бил мисогинист и најверојатно расист, не може да кажам дека ова е патрихарјална религија. Поскоро е матријархална, девауринг мотхер архетип со нудење социјални услуги во пакет со вина и страв од Тројниот да ги држи верниците во строј и број. Ок, и разбој.

4/10

И стигаме до оние реформираните во номенклатура. Навистина не многу промислени имиња за нивните секти. Во суштина се што не е православно или католичко е протестантско. Авторитетот е обично Д Бајбл, во обично своја авторизирана протолкувана верзија. Црквите доста различни од оние средновековните погоре. Нема икони, ја нема Мери доилката, нема статуи, нема кич. Некои се доста вакви голи, некои се зачинети со малку уметност и повеќе национализам. Некои се либерални, некои се конзервативни, некои се девици, некои се сатанисти, некои се онлајн, некои се Амиши. Доста разновидна. Фокус кон вера односно идентитет а не толку дела односно корисност. Нешто како боттом уп вс топ даун од претходните две. Или поточно интерно вс екстерно. Историски анти-авторитарни, анти-институционални, анти-догматични и храбри трагачи по вистината, сега засолниште и сејф спејс за политички и социјални конзерви. Улогата на жената прилично рамноправна како во четивото погоре. Обично фокусирана кон поединецот и атомската фамилија, освен кога е евангелистичка мегачурч. Тогаш е место за регрутирање и тренирање војска за Војната против Абортусот и Војната против Истополовите Бракови. Но тоа се тривијални работи. Битна е самоправичноста, губењето допир со реалноста, бројките и приходите.

5/10

Ок карикатурите настрана, историски а и сега мислам сепак е подобро да си жена во рисјанска култура него ли било каква друга. Феминизмот (онај човечкиот, не кучкарскиот) е произлезен од рисјанскиот свет и затоа е најуспешен таму. Во другите култури не вирее баш многу, можеби оти се ослонуваат на природните закони, повеќе сила и силување, помалку правда и последици и така. Затоа кога зборуваме за религиите, на кои религии точно се мисли? Кај повеќето пред-христијански религии откако племето ќе окупира туѓа територија стандард процедура било силување, грабеж, поробување и уште убивање, оти зошто да не? Животите на оние од другото племе не вредат ни 5 пари. Внатрешен пат, духовност, душа, љубов... бла бла досаааднооо дајте ново дете за клада и нова женка за ќеф...

Да не заборавам да ги спомнам и Телемитите, храбрите просветлени феминисти и хуманисти кои се разбудија во раниот 20ти век, после 19 вековна духовна борба за ослободување на човекот вклучително и жената од прангите на мисогиниститичките традиции и верувања од предишните еони. Навистина е очигледно дека се на фронтовите на оваа борба.

Како и да е, ќе оставам на Џејн Ер да ја сумаризира темава:

Do you think I am an automaton? a machine without feelings?...Do you think, because I am poor, obscure, plain, and little, I am soulless and heartless? You think wrong — I have as much soul as you, — and full as much heart...I am not talking to you now through the medium of custom, conventionalities, nor even of mortal flesh; — it is my spirit that addresses your spirit; just as if both had passed through the grave, and we stood at God's feet, equal, — as we are.
А кои се тие "новоеонски" религии и што воопшто значи тоа нов еон?!
Телемистите придонеле со што? Тоа била организација за богати лица кои не знаеле што со слободното време како што имам читано за сицилијанската одисеја во која имало све и свашта :angel:
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Сега извадок од мојот ак'л

Може да се каже дека православието во целина е најпатријархално. Свештеништвото е резервирано за брадастиот пол. Духовниот авторитет е владиката и неговиот внук, селскиот поп. Улогата на лаиците односно рајата е да се дотера за неделното оговарање во црква додека во позадина го слуша односно трпи перформансот односно блеењето на попот и да плати за таа привилегија пред иконата во кеш. Улогата на жената во православната црква е сведена бришење лиги од икони, полирање жезали и гасење свеќи. Мислам хелоуу, духовниот водач на православието се вика вселенски патријарх или на англиски space paythreeaargh. Вредностите се исто така прилично патријархални. Во православните села, и некои градови со не толку многу еретички комунистички еврејски либерални западни влијанија, снаата е обично робинка, синчето е 30+ годишно синче, свекрвата е злобен лик од дизни филм, а свекорот седи бос во дневната и чека снаата да му донесе чорапи, ракија и мезе, во тој редослед. Синчето ја наследува куќата, нивата и православието. Снаата само православието.

Како во може жена во случајов Богородица, да благословува, исцелува, спасува, и се обраќаме во молитвите со пресвета Владичице, а не е владика итн. ако не е свештеник, нема брада, не влегува во олтар ...
Наративот кој го карикираш е парафраза на македонски народни приказни, кои пак токму имаат за цел да ја критикуваат духовната неписменост на нашиот народ, како резултат на долгите ропства и угнетувања, а пред дваесет години не ја искористивме шансата да воведеме веронаука во училиштата и затоа секакви самоповикани "теолошки" субјективитети ќе ни "објаснуваат" што е Православие....,
а за останатите критики кон другите деноминации без елементарно познавање на сопствената вера е дегутантно и бесмислено да коментирам.
 
Последно уредено:
Член од
30 април 2022
Мислења
248
Поени од реакции
347

Како во може жена во случајов Богородица, да благословува, исцелува, спасува, и се обраќаме во молитвите со пресвета Владичице, а не е владика итн. ако не е свештеник, нема брада, не влегува во олтар ...
Наративот кој го карикираш е парафраза на македонски народни приказни, кои пак токму имаат за цел да ја критикуваат духовната неписменост на нашиот народ, како резултат на долгите ропства и угнетувања, а пред дваесет години не ја искористивме шансата да воведеме веронаука во училиштата и затоа секакви самоповикани теолошки субјективитети ќе ни "објаснуваат" што е Православие....,
а за останатите критики кон другите деноминации без елементарно познавање на сопствената вера е дегутантно и бесмислено да коментирам.
Nevernik e toj ja pogani Majkata Bozja. Takvite treba da se pokajat za svoite grevovi i da ja primat verata Hristova.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.510
Поени од реакции
37.349
А, оти досега немало ниту една жена поставена за владика?
...е ајде сега, жена да биде глава на семејство, а мажот да плаче на нејзино рамо зошто шефот го искарал!

...ниедна жена не сака да биде на врвот главна, да доминира на секое поле каде не и' е местото, па ниту во религијата, нејзината телесна структура и емоции се генетски приорентирани како понежен пол, но не во правец тоа да се запоставува и злоупотребува, туку напротив во правец да се почитува, негува и заштитува, така е поставено од Природата која е резултат на Виша Сила или Татко на Земјата- Господ!

...денешните девијации да жената постане доминантна таму каде не и' е место, па и владика, да функционира мускулеста и со мушки мајнд кој ќе кулминира со психолошко растројство за да се постане спротивен пол т.е. маж, не иде во нормален правец на продолжување на човечкиот род на Земјата.

...но тоа не значи дека жената нема сила и можност, да опстане сама, но не смее тоа да се случи за да се покаже и задоволи сопственото его и да се докаже еднаквост, едноставно такви сме креирани,

....не може додека мажот има простата и пенис, а жената матка и вагина, другите органи Господ ги даде исто подеднакво, но разликата мора да ја има, сега што поради развој на медицината ќе ги смениме тие органи и ќе ја анулираме разликата?

...но уеј, но хау, машкиот пол никогаш не ќе може да роди, со што се запечатени разликите на век векови, точка!

...единствено ако исчезне човекот од планетава и го замени некоја хермафродитна форма како единствен универзален примерок на комбинација од жена и маж.

...така да жената не треба да биде, ниту да посакува да биде Владика, ниту да влезе позади олтарот, хаосот на такво размислување нема да донесе ништо добро на човечкиот род.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
ниедна жена не сака да биде на врвот главна, да доминира на секое поле каде не и' е местото
Ги праша сите жени на планетава, па можеш да го тврдиш ова?
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.402
Поени од реакции
4.775
...го има тоа некаде во (машките) писанија за Бог?
...мажот е сеуште олицетворение на социјалната матрица
...а жената олицетворение на плодност и семејство
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
...го има тоа некаде во (машките) писанија за Бог?
...мажот е сеуште олицетворение на социјалната матрица
...а жената олицетворение на плодност и семејство
Како сето ова е поврзано со божественото во однос на човекот како единка?
Божественото се грижи за социјалната матрица и семејството на Земјата?
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.402
Поени од реакции
4.775
...прашуваш а знаеш :)
...мажот = смееше да знае пишување и читање, да биде "Божји чиновник", да биде политичар
...жената = allrounder во смисол на куќата и децата и толку
...историската улога на жената стои,и допрва ќе стои,во новите и идните страници на историјата
 
Kajgana Shop

На врв Bottom