Немам никакви симптоми (само еден ден е поминат од ризичниот однос), но сакам што поскоро да се проверам од СПБ. Каде тоа најлесно и најбрзо да го направам?
,,...за испитување на присуство на хламидија, микоплазма или уреа-плазма во урината, потребно е да се даде првиот млаз, односно првиот утрински млаз кој обично ги собира епителните клетки на уретрата во кои се наоѓаат овие микроорганизми, ова најмногу се однесува на мажите, бидејќи кај жените за изолација на овие микроорганизми се зема цервикален брис.
...при сомнеж на уретритис, било да е предизвикан од бактерии, хламидија, микоплазма или уреаплазма, се зема уретрален брис и тоа наутро пред мокрењето, а ако тоа не е можно, тогаш кога било во текот на денот, но така што помеѓу последното мокрење и земањето на брисот да поминат најмалку 2 часа..."
...микробиолошките испитувања можат да се направат ,,на државно со упат,, или на приватно во поголемите приватни дијагностички лаборатории Биотек, Авицена ...итн, сега што е побрзо и најлесно зависи каде живееш,
...види кај микробиолошки испитување од урина,
...сите микробиолошки анализи треба да се направат без да имаш претходно пиено антибиотик,
И што очекуваш после поминат 1 ден од ризичен однос?
Најчесто симптомите се појавуваат од 1 до 4 недели од заразувањето. Дури има луѓе кои немаат никакви симптоми воошто, а сепак да се заразени.
Институт за јавно здравје или приватниве лабаратории.
...и затоа најчесто ,,од око,, им препорачуваат еднократна доза на антифунгален лек Дифлазон 150 мг и Панцеф антибиотик 5 дена, но најчесто жената треба да се испита и најлесно да се одреди преку вагинален (цервикален) брис ако има нешто, а мажот не прави испитување само ќе испие иста терапија како неа.