Воена и Цивилна Морнарица

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.978
Поени од реакции
6.464
Утринска доза поморска историја, кафенце, тутун и бојни крсташи :D

И покрај потопувањето на првиот британски капиталец во оваа битка, таа сеуште е во почетна фаза бидејќи главнините на обете флоти не се свесни дека се на околу 100 НМ една од друга. Тоа можеби делува бизарно од денешна гледна точка но во тоа време немало радар и единствен начин да се дознае положбата на противникот била со голо око од т.н. "гавранско гнездо" високо на главниот јарбол или со двоглед или дурбин во најдобар случај.
Друг начин биле pickett пловилата, обично лесни крстосувачи, разурнувачи или подморници кои биле истурени малку подалеку од главнината и нивната задача била чисто извидувачка.

Првата фаза на оваа битка во која учествувале најбрзите капиталци од двете страни ќе добие трагичен тек за британците. Сеприсутниот Дерфлингер (30К тони, 210м, 8*305мм) го погодува крсташот Принсес Ројал неколку пати а на тоа се надоврзува и Зајдлиц со еден погодок кој ги пали димните бомби на Принсес Ројал и предизвикува пожар. Британскиот брод прима извесна количина вода, започнува да накривнува помалку и лута низ бојното поле.
Адмиралот Џеликоу е информиран дека Принсес Ројал тоне при што тој се врти кон својот помошник и ја кажува славната фраза "изгледа денес нешто не е во ред со нашите проклети бродови" :unsure:.
Ако ништо друго, пумпите кај британските бродови биле врв во својата класа и со нивна помош Принсес Ројал успева да се исправи и под свој погон да побара спас позади линијата брзи бојни бродови. Повторно спас у задњи час.

А токму тие ќе се приклучат во борбата засипувајќи ги германските бродови со гранати од 380мм кои тежат по 935кг секоја и 152мм со своите 45кг запалива материја.
Но за чудо, германските крсташи го издржуваат притисокот! Првите плотуни на бојните бродови ги префрлаат противничките, наредните неколку се прекратки за да конечно после десетина плотуни британците успеваат да го регистрираат првиот погодок, граната од 380мм од Берам го погодува Фон Дер Тан директ во кулата каде што овој има најдебел оклоп. Штетата постои но во никој случај не е од толкава мера да му попречи на Фон Дер Тан да се бори понатаму.

Во меѓувреме, не обазирајќи се на гранатите кои паѓаат околу нив, Дерфлингер и Зајдлиц го земаат на нишан Квин Мери. За неколку минути во 16:26 часот седум гранати од 305мм го решетаат британскиот крсташ. Две гранати паѓаат директно во муниционата комора за гранати од 343мм и веднаш се случуваат три експлозии кои го дрмаат овој брод. Минута потоа, отворените оддели за полнење на муниција го плаќаат данокот на невниманието на посадата. Огнот ги зафаќа гранатите во лифтовите на пат кон топовите и спектакуларна експлозија со јарко црвено светло го дроби Квин Мери на неколку дела!
Експлозијата на Квин Мери се смета дека е втора најголема ненуклеарна во историјата на светот со претпоставени 1,4 кТ, отприлика двојно помала од најголемата евер, детонацијата на брод со муниција во канадското пристаниште Халифакс година подоцна (2,8кТ, околу 9200 мртви и 25К ранети).

За неколку минути, раздвоените делови на крсташот исчезнуваат под морската површина заедно со капетанот и 1275 морнари и офицери. Спас наоѓаат само девет души!

Британците сега се веќе сериозно загрижени.
Во случај да главнините на флотите не се приклучат кон бојот на брзите бродови, ова би било тотален дебакл на британците. Но тоа нема да биде случај и подоцна ќе имаме судар без преседан на светските мориња.

Додека Квин Мери тоне, германците забиваат седум 280мм гранати (за пет е одговорен жилавиот Фон Дер Тан) во Лајон, адмиралскиот брод на дејвид Бити, командант на трите брзи британски дивизии, уште шест во слабо подвижниот Принсес Ројал, цели 14 од 208 и 305мм во Тајгер, една во Њу Зиленд, пет во Инвинсибл, и два во Берам. Прецизноста и брзината на оган на германците ги шокира британските команданти.
За возврат, 4 гранати од 343мм го погодуваат Лицов и прават сериозна штета, 4 други Зајдлиц, две Молтке и само една паѓа на Фон Дер Тан.

Околу 16.40 часот, Принсес Ројал е погоден уште еднаш и покрај тоа што очигледно има одлично обучена посада тој погодок значи дека овој крсташ има само една опција ако не сака да потоне а тоа е враќање во својата база. Полека подигнувајќи ја брзината до некои 15 јазли, бродот се упатува кон Скапа Флоу.
Тоа значи дека после неполни два часа борба, три британски капиталци се надвор од игра (два потопени еден се повлекува) додека кај германците ниту еден брод не излегува надвор од борбен строј.

Овој факт го тера Бити да нареди очајнички торпеден напад на разурнувачите со цел да ги принуди германците да свртат назад и да овозможи на линијата брзи бојни бродови да дојдат во преден план додека тешко оштетените преостанати бојни крсташи да бидат во втор план позади 4-те бојни брода, делувајќи ако и само ако проценат дека имаат можност за погодок.

24 британски разурнувачи, под полна пареа и со максимална брзина се упатуваат кон линијата германски бродови. Забележувајќи го ова, Хипер наредува на своите 16 пратечки разурнувачи и 5 лесни крстосувачи да извршат контранапад. Набргу настанува вистински хаос. Контранападот е малку задоцнет бидејќи британците успеваат да лансираат околу 70 торпеда.
Под водство на капетанот Били Бингем, торпедниот напад завршува со само еден погодок во немачки капиталец = Зајдлиц, кој прима извесна количина вода но со помош на пумпите останува во строј. Механичарите ги поправаат штетите на цевководите и Зајдлиц набрзо развива скоро максимална брзина маневрирајќи да ги избегне другите торпеда.
Разурнувачите Петард и Нестор забиваат по две торпеда секој во германските им колеги V-27 и V-29 кои потонуваат за десетина минути. Во сета таа гужва бродовите се доближуваат на пушкомет па имаме и митралески оган врз палубата на германските бродови со што се оневозможува пристап до топовите на палуба. Двата разурнувачи се првите германски жртви во оваа битка.

Во таква атмосфера, Петард ја торпедира својата втора цел, разурнувачот S-35. Недалеку оттаму, изрешетан со топовски оган од 76 и 102мм, започнува да тоне и V-26. Германците употребуваат димна завеса за да се повлечат бидејќи се надјачани од противникот.
Нестор и Номад, и самите изрешетани од 88мм гранати се вртат во круг поради уништени кормила. Како такви се идеална цел за Дерфлингер и Лицов кои доаѓаат да ги спасуваат своите помали собраќа. Набрзина, погодени со десетина гранати секој, обата британски разурнувачи потонуваат.
ХМС Петард, што со торпеда, што со гранати погодува неверојатни 11 противнички пловила и потопува два од нив. Поради тоа каптеанот Бингем подоцна ќе добие Викториин Крст, највисокото воено одличје во Британската Империја.

Оваа акција на Адмирал Бити овозможува на британците да се соземат, отвара временски прозорец за наближување на главнината и го подигнува моралот кај своите морнари поради брзото потопување на четири германски разурнувачи.

Некаде околу 17 часот, од двете страни полека но сигурно се забележуваат димни столбови кои надоаѓаат од страна со што сознанието дека ова ќе биде флотна битка а не битка само на брзите претходници станува очигледно.
Доаѓа времето за решение, и покрај загубите на 2 бојни крсташи, еден повлечен назад, еден оставен да ја чека главнината поради тешки оштетувања и 2 потопени разурнувачи, заедно со 3 други крсташи сериозно оштетени и 7 разурнувачи со ист проблем, британците сеуште се во голема бројчана надмоќ во споредба со своите непријатели.

Што ќе ни донесе влезот на главнините на двете флоти во отворен судар ќе видиме понатаму :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.004
Поени од реакции
83.388
За Блухер во Норвешка.


Да. Знаеле дека крајбрежните тврдини имаат застарено оружје, ама требало да знаат дека тие тврдини имаат извесен домет и дека колку и да се застарени не им ставаш брод у домет на топови кои пробиваат 27 сантима оклоп. Плус топовите биле правени од Круп, зарем се сомневале нешто Германците во нивниот квалитет?

Зашто им влегле у домет, е прашање чиј одговор лежи во неколку точки.
Прво, застарени се. ОК, тоа го поминавме.
Второ, на препад ќе ги изненадат, како посадите на поистурените фјордови предходно. Некои од нив и ги виделе и пропуштиле, пошто да не нарушуваат неутралност. (не знаеле која им е целта, веројатно мислеле дека нешто поврзано со британско-германските поморски чарки).
Трето, Абвер.
Они мислеле дека тврдината нема посада у моментот, која е спремна за дејство.

Вакви крајбрежни тврдини со топови, добро се покажале при првииот напад на Вејк и полошо при нападот на Сингапур. Само не заради тоа што не можеле да ги свртат накај копно (како што е јавниот наратив), туку заради тоа што имале погрешна муниција. Инаку, голем дел од нив можеле да се свртат накај копно и се свртеле и дејствувале по пешадијата, но со муниција за пробивање оклоп, а не експлозивна муниција.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.978
Поени од реакции
6.464
Лека полека стигнуваме и до главната фаза на Скагеракшлахт, како што ја нарекуваат оваа битка во Немачка :)

Бидејќи германската главнина била поблиску до веќе заглавените во борба дивизии на бојни крсташи, дивизијата од 4 брзи бојни брода под команда на вицеадмирал Хју Еван Томас ќе се најде неочекувано на удар на целокупната германска Флота на отворено море!
Оштетените крсташи ќе отвараат оган од позадина, чисто колку да одржат морал кај посадите.
Ќе пројде уште некое време додека главнината на Великата флота со своите 24 дредноти се довлечка на бојното поле.
Шансата за победа на Германија во оваа битка не била никогаш поголема.

Но тука стапува на сцена квалитетот на новите бродови, за Ворспајт пример се зборувало дека сеуште бојата на него не била исушена, заедно со Малаја, Берам и Валиант ќе бидат пример за нестварно херојство. Бидувајќи изложени на сите 16 германски дредноти, 6 предредноти, 5 крсташи и остали бродови, четворката британски ББ ќе претрпи сериозни оштетувања. Малаја е погодена 7 пати од 280 и 305мм гранати и 19 пати од 150мм гранати. Дерфлингер сам по себе го погодува Берам 4 пати со 305мм и 13 пати со 150мм калибар.
Ворспајт е погоден два пати со 280мм и 17 пати со 150мм со што е релативно сериозно оштетен.
Едино Валиант не е погоден со тешка граната иако на него паѓаат 11 средни запаливи гранати од 150мм. Но британците ги гасат пожарите веднаш и Валиант останува 100% борбено употреблив.

До 17.45 часот кога британската главнина веќе малку по малку се приближува кон домет доволен да отвори оган по германците, Ворспајт веќе се повлекува од линијата со што остануваат само три брода да се борат против комплетната Флота на отвореното море!
И не само тоа, успеваат да остварат завиден број погодоци. Четири тешки гранати од 380мм и 9 од 152мм го погаѓаат Лицов и му уништуваат пола артилерија, самиот Дерфлингер е погоден од 3 тешки гранати и 11 средни, Зајдлиц најмногу страда иако не излегува од линијата, 6 од 380мм и 7 од 152мм не се доволни да го уништат немачкиот боен крсташ што само по себе е најдобро сведоштво за изузетниот и феноменален квалитет на германскиот оклоп.

Од линијата германски ББ погодени се четири со по една граната од 380мм но само кај Маркграф има посериозно оштетување изразено во уништување на една кула со 2 топа од 280мм.

Во тоа време, сеуште немајќи јасна претстава за позицинираноста на непријателот на бојното поле, адмиралот Џеликоу ги праќа Оклопните крсташи придружувани од лесни крстосувачи на извидувачка мисија со цел да се стекне колку што е можно подобра претстава за позицијата на германците и конечно да се отвори оган кон нив.
2-те дивизии капиталци, во случајов Оклопни крсташи со по 4 брода во секоја се упатуваат кон боиштето. Околу 18 часот Оклопниот крсташ (отсега понатаму ОК) Блек Принс заедно со лесните крстосувачи Фалмаут и Честер ја здогледуваат главнината на Флотата на отворено море.

Невнимателно, извршувајќи ја задачата, овој состав од 20-тина британски брода влегува во дометот на германските БК и лесни крстосувачи. Приметувајќи го тоа, едната дивизија на веќе оштететните БК предводена од Адмирал Хорас Худ (третиот по важност адмирал на Великата флота) веднаш се упатува да им помогне на двете дивизии ОК.
Инвинсибл, адмиралскиот брод на Худ отвара оган кон најблискиот брод на видикот, германскиот лесен крстосувач Визбаден кој е погоден со 6 гранати од 305мм и 16 од 102мм при што е уништена погонската група и така овој брод без можност за движење се претвара во статична цел за британците.

Минувајќи по истиот правец, главнината на Великата флота испалува гранати по Визбаден кој сеуште не тоне туку со секој примен удар од 234,305,343мм гранати како да пркоси на судбината.
Разјарени дека лесниот крстосувач издржува тешки гранати, 24-те британски брода го решетаат Визбаден до таа мера што станува најпогодуван брод во дотогашната поморска историја, надмашувајќи го БК Блихер во битката кај Догер Бенк претходната година кој прима 70 тешки и 214 средни гранати заедно со 9 торпеда!
Овој лош рекорд ќе биде надминат тек 1941 кога Бизмарк ќе прими неброен број погодоци а подоцна и Јамато во 1945 кој ќе биде постепено претваран во мелено месо од страна на Јуес Нејви.

Но оваа опсесија со Визбаден кому требаат 4 часа за да конечно потоне, симболично истрелувајќи едно торпедо пред тоа.
Во меѓувреме на Шер му е конечно јасно дека ѓаволот ја однел шегата и покрај дотогашните успеси.
Тој наредува заокрет за 180 степени за да избегне да биде "вкрстен со Т". За да ги покрие тие маневри, сите немачки бродови испуштаат димна завеса а разурнувачите добиваат наредба за напад.
Британците забележувајќи маса мали бродови како со макс.брзина напредуваат кон нив, наредуваат контранапад со своите разурнувачи.

Повторно имаме хаотична битка од point blank range при што британскиот разурнувач Шарк погодува дузина бродови со својата артилерија но и самиот е претворен во изгорена рушевина поради 280мм гранати и подоцна тоне, за среќа посадата се спасува.

Со паѓањето на ноќта, приквечерината значително ќе ја промени оваа битка. Имено, овој пат британците тешко се забележуваат на темниот хоризонт, додека германците се причилно добро воочливи имајќи го зајдисонцето зад себе и данската брегова линија.
Но и покрај тоа, двете главнини конечно се паралелно една на друга со што започнува кризата на битката.
Германците многу подобро ќе маневрираат за да ооформат линија со 22 брода, оставајќи ги БК да бидат на крилата на формацијата заедно со лесните крстосувачи. Разурнувачите ќе бидат исто во линијата на ББ поради нивната можност да со огромна брзина по потреба удрат на непријателот.

Британците за чудо, имаат сериозни проблеми да оформат линија, често контрадикторни наредби, знаменцата веќе не се гледаат во настапувачката темнина а рефлекторите кои со Морзеов код треба да бидат главен начин за комуникација остануваат надвор од игра поради претходна наредба да не се употребуваат пошто ќе биделе видливи и за немците?! WTF?
До таа мера британската линија е хаотична што имаме десетина судари меѓу бродови, ОК Вориор за малку не го прободува Лајон по средина, ОК Дифенс лута во цик-цак позиција поради сомнителен извештај дека вребаат подморници...

Но на крај сепак околу 18.30 двете флоти конечно се спремни да го започнат најголемиот мегдан во историјата, наредниот пост ќе биде со најмногу насилство до сега, ќе има многу крв, пот и солзи, искривен челик, тешки гранати и бродови-гробници :)
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.978
Поени од реакции
6.464
Ух ја заборавив битката скроз откако го снема форумот, деновие ќе продолжам, тек следи најинтересното :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.004
Поени од реакции
83.388
може и тука овој пост
Не знам дали е зборено веќе овде за ова, но сеедно бидејќи сега ќе го спомнам.

Проектот Хабакук

Првите години од војната Британија ги поминала во сосема незавидна положба, сама спротиставена на остатокот од Европа (освен Грција). Еден од најголемите проблеми (а ги имало многу) била војната во Атлантикот. Прекините на рутите со САД биле огромен фактор. Целото тоа потопување на фантастични тонажи за кратко време, било екстра загрижувачки.

Во тој период од војната ескортите на транспортите биле прилично блиску до Британија и после огромен празен простор (празен - без ескорт, но не вистински празен, бидејќи таму царувале глутниците германски подморници), блиску до американскиот брег, почнувале американските ескорти. Зборувам за авио-ескорти.

Тој вакуум било најлесно да се пополни со носач у средина на океан, но со оглед на фреквенцијата на подморничарската германска активност, тоа би било фрлање во оган на носач.

Затоа Черчил подржал проект на носач на авиони, кој ќе биде речиси непотоплив. Долг 1100 метри и широк 180 метри, тој би бил ваљда најголем носач, убедливо. Финатата е што ќе бил направен од материјал, кој е мешавина на струганици и лед.

Во Канада, тајно биле направени два протипа, од кои едниот со 1:50 размер. И функционирало.



Во внатрешноста на носачот, во трупот, ќе имало распоредени екипи за ладење, кои при најмал процеп, доаѓаат на лице место и со посебна технологија го ладат местото кое, така самото се "лечи".

Цената на овој проект, како и поангажираното дејствување на САД (кои после и официјално влегле во војната) со нивните бродови, го направиле овој проект неисплатив и останало само на прототип.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.004
Поени од реакции
83.388
1978-ма.
Plymouth (модел 63-та) полетува од USS Enterprise (CVN-65).
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.978
Поени од реакции
6.464
После долга пауза, продолжуваме во водите на Скагерак, 31.Мај 1916. :)

Погореопишаното хаотично прегрупирање на британската главнина како-така е релативно успешно завршено околу 18.45 часот. 24-те дредноти се наоѓаат во линија и започнуваат со канонада врз германската флота.
Наоѓајќи се во незавидна позиција, Шер наредува на својата флота да изведе маневар према југ.
И така, типично немачки, како под конец, како на мирни маневри, десетици бродови складно вртат према југ без ниту еден судир измеѓу себе.
Овој мајсторски изведен, очигледно долго увежбуван маневар носи свои ризици а тоа е изложеноста на најсеверната дивизија на бродови, во случајов повторно напатените бојни крсташи. Зајдлиц добива ненормални 13 удари со гранати од 305,343 и 380мм и 19 од 152мм но ниту една граната не го пробива палубниот оклоп! Лицов, Фон Дер Тан и особено Дерфлингер трпат најмногу, но нивната упорност овозможува на Рајнхард Шер да го изведе маневарот.

Британците сега се во позиција да го гонат противникот и да му зададат пораз.
Но германскиот маневар со вртење кон југ и наводно бегање кон базите во Вилхелмсхавен и Кил е само мамка да се одвлечат 24-те дредноти во wild goose chase!
Откако Шер е известен дека мамката е проголтана од страна на Британците, следува наредба под димна завеса и преку брз и масовен торпеден напад од страна на разурнувачите да се завие повторно на североисток и да се докрајчат дивизијата од 4-те најмоќни британски ББ и останатите крсташи.

За тоа време, бидејќи британските БК се на североисток, два од нив потопени, еден пратен за дома, три други сериозно оштетени, улогата на авангарда ја преземаат оклопните крсташи, две дивизии по 4 брода.
И тогаш, низ маглата и чадот, во темнината на ноќта, Британците ја здогледуваат олупината на крстосувачот Визбаден како стои во место, брод дух од кого веќе биле евакуирани преживеаните немачки морнари.
Но во она што се нарекува the fog of war не секогаш рационалното е решавачко.
Капетаните на првата дизивија ОК на чело со Дифенс и Вориор понесени од инстинкт да го докрајчат тој мистериозен германски брод се упатуваат на подогна далечина за стрелба. Нивните топови од 234 и 152мм отвараат оган со што ја оддаваат својата положба во ноќта.
А најјужната германска линија која веќе го извршила маневрот за враќање назад према план, ненадејно се разминува на некои си 2500м од Дифенс и Вориор кои се најистурени од осумте ОК на Британците!

Следува урагански оган кој трае неполни 15-тина минути. Посадата на Дифенс се бори херојски но попусто. Дваесетина гранати од 280 и 305мм и околу педесет од 150, 105 и 88мм предизвикуваат серија експлозии на муниционите комори и Дифенс тоне со цела посада од 903 офицери и морнари. Нема ниту еден преживеан. 3-0 за Флотата на отворено море во капиталци.

Вориор со макс.брзина се упатува да се сокрие зад моќниот ББ Ворспајт кој пак плови со само 16 јазли поради оштетувања на бојлерите. Во тоа и успева при што Ворспајт го покрива неговото бекство со плотуни врз Германците но само за кратко. Пожарите предизвикани од 9 гранати од 280мм и 20 од 150 и 105мм си го прават своето. Вориор сепак има шанса да извади неколку чамци за спасување пред експлозиите да го раздробат на неколку дела кои ќе потонат влечејќи над 500 морнари во темнината.
4-0.

Во меѓувреме германската главнина се враќа на североисток и стапува во борба према планот, со остатоците на трите дивизии БК и дивизијата ББ ослабена за отсуството на Ворспајт кој сеуште е на југ и нема да може да се приклучи кон својата единица бидејќи веќе е погоден во кормилото од 305мм граната со што е осуден да врти во круг, да лута низ столбовите со вода предизвикани од тешките гранати на противникот, морнарите молејќи се да не бодат погодени повторно. Неговото отсуство ќе значи многу за Британците, нови трагедии и траур.

Со 4 капиталци на дното, еден на пат за дома, 4 други кои лутаат бесцелно наоколу, на повидок е незамисливото...
 
Член од
11 февруари 2009
Мислења
1.072
Поени од реакции
1.144
После долга пауза, продолжуваме во водите на Скагерак, 31.Мај 1916. :)

Погореопишаното хаотично прегрупирање на британската главнина како-така е релативно успешно завршено околу 18.45 часот. 24-те дредноти се наоѓаат во линија и започнуваат со канонада врз германската флота.
Наоѓајќи се во незавидна позиција, Шер наредува на својата флота да изведе маневар према југ.
И така, типично немачки, како под конец, како на мирни маневри, десетици бродови складно вртат према југ без ниту еден судир измеѓу себе.
Овој мајсторски изведен, очигледно долго увежбуван маневар носи свои ризици а тоа е изложеноста на најсеверната дивизија на бродови, во случајов повторно напатените бојни крсташи. Зајдлиц добива ненормални 13 удари со гранати од 305,343 и 380мм и 19 од 152мм но ниту една граната не го пробива палубниот оклоп! Лицов, Фон Дер Тан и особено Дерфлингер трпат најмногу, но нивната упорност овозможува на Рајнхард Шер да го изведе маневарот.

Британците сега се во позиција да го гонат противникот и да му зададат пораз.
Но германскиот маневар со вртење кон југ и наводно бегање кон базите во Вилхелмсхавен и Кил е само мамка да се одвлечат 24-те дредноти во wild goose chase!
Откако Шер е известен дека мамката е проголтана од страна на Британците, следува наредба под димна завеса и преку брз и масовен торпеден напад од страна на разурнувачите да се завие повторно на североисток и да се докрајчат дивизијата од 4-те најмоќни британски ББ и останатите крсташи.

За тоа време, бидејќи британските БК се на североисток, два од нив потопени, еден пратен за дома, три други сериозно оштетени, улогата на авангарда ја преземаат оклопните крсташи, две дивизии по 4 брода.
И тогаш, низ маглата и чадот, во темнината на ноќта, Британците ја здогледуваат олупината на крстосувачот Визбаден како стои во место, брод дух од кого веќе биле евакуирани преживеаните немачки морнари.
Но во она што се нарекува the fog of war не секогаш рационалното е решавачко.
Капетаните на првата дизивија ОК на чело со Дифенс и Вориор понесени од инстинкт да го докрајчат тој мистериозен германски брод се упатуваат на подогна далечина за стрелба. Нивните топови од 234 и 152мм отвараат оган со што ја оддаваат својата положба во ноќта.
А најјужната германска линија која веќе го извршила маневрот за враќање назад према план, ненадејно се разминува на некои си 2500м од Дифенс и Вориор кои се најистурени од осумте ОК на Британците!

Следува урагански оган кој трае неполни 15-тина минути. Посадата на Дифенс се бори херојски но попусто. Дваесетина гранати од 280 и 305мм и околу педесет од 150, 105 и 88мм предизвикуваат серија експлозии на муниционите комори и Дифенс тоне со цела посада од 903 офицери и морнари. Нема ниту еден преживеан. 3-0 за Флотата на отворено море во капиталци.

Вориор со макс.брзина се упатува да се сокрие зад моќниот ББ Ворспајт кој пак плови со само 16 јазли поради оштетувања на бојлерите. Во тоа и успева при што Ворспајт го покрива неговото бекство со плотуни врз Германците но само за кратко. Пожарите предизвикани од 9 гранати од 280мм и 20 од 150 и 105мм си го прават своето. Вориор сепак има шанса да извади неколку чамци за спасување пред експлозиите да го раздробат на неколку дела кои ќе потонат влечејќи над 500 морнари во темнината.
4-0.

Во меѓувреме германската главнина се враќа на североисток и стапува во борба према планот, со остатоците на трите дивизии БК и дивизијата ББ ослабена за отсуството на Ворспајт кој сеуште е на југ и нема да може да се приклучи кон својата единица бидејќи веќе е погоден во кормилото од 305мм граната со што е осуден да врти во круг, да лута низ столбовите со вода предизвикани од тешките гранати на противникот, морнарите молејќи се да не бодат погодени повторно. Неговото отсуство ќе значи многу за Британците, нови трагедии и траур.

Со 4 капиталци на дното, еден на пат за дома, 4 други кои лутаат бесцелно наоколу, на повидок е незамисливото...
Мало дополнување на одличниот пост:
The wreck of HMS Warrior was found halfway between Scotland and Norway. Photograph: Imperial War Museums/PA


 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.978
Поени од реакции
6.464
Криза на битката :)

Следуваат решавачките моменти во оваа битка кога имаме ситуација да Флотата на отворено море има реалистична шанса да ги искористи предностите во квалитет на оклоп, поквалитетни гранати, подобра комуникација и подобра внатрешна заштита на своите бродови во споредба со оние на Великата флота.

Додека Дифенс и Вориор тонат а Ворспајт се врти во круг, германската главнина веќе е на североисток и стапува во борба со дивизијата брзи ББ на адмиралот Бити заедно со трите дивизии БК под вицеадмиралот Хорас Худ.
Околу 18:20 часот, при услови на видливост кои носеле предност за британците, на удар повторно биднуваат измачените германски бојни крсташи кои изгледа се насекаде во оваа битка.
БК Индомитејбл го погодува Дерфлингер три пати со 305мм и 10 пати со 102мм гранати, Зајдлиц добива една тешка и 4 средни погодоци но најмногу ќе настрада БК Лицов врз кого се истрелуваат стотици гранати од 7 британски капиталци па така Лајон, Инфлексибл и Инвинсибл заедно со дивизијата ББ го погодуваат Лицов со 10 тешки и 31 средни гранати.
Особено значајни се две 305мм гранати од Инвинсибл кои го погодуваат Лицов испод вода, под оклопниот појас и подоцна ќе го осудат овој брод на пропаст. Но јасно е видливо дека германските бродови се нестварно жилави и покрај толку удари сеуште задржуваат борбена активност.

На помош доаѓаат германските ББ Маркграф, Тиринген, Кениг и Остфризланд кои ја спасуваат ситуацијата.
Во целата збрка, Инвинсибл кој го осакатува Лицов од некои 4-5 км далечина врти за да се повлече зад линијата брзи ББ но е забележан од посадата на Дерфлингер (а кој друг?) при што германскиот БК истрелува неколку плотуни 305 и 150мм гранати.
Третиот плотун од 8 гранати од 305мм го погодува Инвинсибл директно во мунициона комора кај третата 305мм купола, па така неполни две минути после почетокот на борбата, уште една гигантска експлозија разнесува уште еден британски капиталец при што загинуваат 1032 британски морнари и офицери, вклучувајќи го третиот по значај во ланецот на команда, вицеадмиралот Хорас Худ. Според него подоцна ќе биде именуван првиот од серијата на бојни крсташи кој нема да биде завршен за време на WW1, ќе биде гордост на Ројал Нејви во Интербелумот а во WW2 ќе има кратка кариера која ќе кулминира со слична судбина која го задесила и човекот чие презиме го носи големиот БК.
Од целата посада се спасуваат само шест (!) морнари.
5-0.

Новодојдените германски ББ вршат сериозен притисок врз британските линии при што 4 гранати од 305 и 11 од 150мм го подогуваат Принсес Ројал кој ги плави муниционите комори за да не доживее крај и подоцна е упатен назад кон својата база.
Но за тоа време и првиот германски брод излегува од борба, тоа е споменатиот Лицов кој прима барем илјада тони морска вода и започнува да накривнува, радиото е неупотребливо поради тоа што батериите се под вода. Адмиралот Хипер во тој момент решава да се префли на друг брод со помош на разурнувачот Г-39 кој го носи кон неуништивиот Дерфлингер од каде ќе може да командува со својата дивизија неометано.
Лицов е земен во влечење од страна на еден крстосувач со цел да биде одвлечкан во базата позади насипот на устието на Јаде.

Во меѓувреме британската главнина од 24 ББ поделени во три дивизии од по 8 брода се појавува конечно во борбата при што Џеликоу успева да направи вкрстување на Т (објаснето во првиот пост за оваа битка) при што дожд од тешки и средни гранати врне врз германската линија.
Адмиралот Шер дури тогаш сфаќа дека во акција е целата Велика флота а не само нејзини делови!
ББ Ајрон Дјук, бродот на Џеликоу остварува најдобри резултати бидејќи ја погодува својата цел, германскиот ББ Кениг 7 пати со 343мм и 9 пати со 152мм гранати. Но и покрај тоа, Кениг останува во борба.
Од 24-те брода, само 10 успеваат да погодат германски противник од било која класа бродови, останатите 14 не погодуваат ништо.
Но и покрај тоа, на Шер му станува јасно дека односот на силите станува драматично поволен за британците и дека ќе треба уште едно нагло свртување кон југоисток со цел да се извади главнината од можната стапица...
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.978
Поени од реакции
6.464
На Шер и Хипер им станува јасно дека се во борба со целата Голема флота, дека линијата за нишанење према хоризонтот не им оди во прилог и дека битката ќе се развлече до длабоко во ноќта.

Знаејќи го сето тоа и со цел да се избегне британската стапица, Шер наредува нов заокрет за 180 степени, повторно помогнат од маса торпеда истрелани врз Британците. Маневрот иако не толку прецизен колку претходните сепак бил изведен доволно добро за да овозможи враќање на Флотата на отворено море назад кон своите бази. На очекуваната рута вребале неколку групи немачки подморници кои планирале сачекуша.

Џеликоу поради страв од торпедниот напад решил да не ги гони директно германците кон југоисток туку да продолжи во јужен правец држејќи допир го противникот. Оваа одлука ќе се покаже катаклизматично лоша за Големата флота која на овој начин, со германските бродови кои иако полека, се повеќе и повеќе се оддалечуваат од крајниот домет на британските тешки топови = пропушта прилика да ја разбие Флотата на отворено море имајќи предвид дека 24-те ББ тек неодамна влегле во игра и биле сосема неоштетени и со целосна муниција.
Можеби најмногу за оваа одлука придонело торпедирањето на ББ Марлбороу од страна на немачки разурнувач кој со тоа бил тешко оштетен, изгубил пола бојлери и морал да плови со преполовена брзина, криејќи се позади Ајрон Дјук, ББ на адмиралот Џеликоу кој бил сведок на овој настан.

Загубените два часа во пловење на југ станале очигледни за Џеликоу и тој со паѓањето на ноќта наредува вртење директно кон немачката линија и стигнување на противникот.
Шер веќе го предвидел тоа и затоа наредува да се завие скроз на Исток и да се дојде до базите по малку заобиколен пат. Бидувајќи свесен дека ќе мора да судри повторно со Големата флота која уживала барем 3 јазли поголема просечна брзина, одбрал тоа да биде само еднаш а не повеќекратно со што практично ја спасува Флотата на отворено море.

Во меѓувреме торпедните сили стапуваат во борбен допир при што доаѓа до жестока борба во која британците го губат големиот разнурнувач и Флотила лидер Типерери а германците го губат малиот разурнувач В-48. Капетанот на еден британски разурнувач под име Лофтус Џонс продолжува да се бори и покрај тоа што парче од граната му откинува една рака, а како последица на погодок на торпедо, останува и без обете нозе. И покрај тоа, останува свесен (!) и дава наредби се до потонувањето при што не го напушта својот брод и тоне заедно со него. Овој акт ќе му донесе постхумен Викториин Крст.

Околу 20.00 британците ги стигнуваат германците на домет и повторно имаме "вркстување на Т" кое поради раздалечината не дава резултати какви очекувале британците.
Сепак, ББ Кениг бил погоден 4 пати, Маркграф и Кајзер по три а Хелголанд 2 пати. Крсташот Зајдлиц пак од своја страна два пати го погодува ББ Колосус.
И пак и пак погодоците врз немачките бродови резултираат со слаби оштетувања што максимално ги фрустрира британските капетани.

Бидувајќи очигледно дека полека но сигурно британците ги пристигаат, Шер се одлучил на очајнички чекор и наредил самоубиствен напад на лесните сили (лесни крстосувачи и разурнувачи) со цел да ја натера Големата флота да промени правец за да ги избегне торпедата со што Флотата на отворено море би добила малку на време, но сосема доволно за да успее да се извади од можната катастрофа и да стигне до базите. Во планот за успорување на британците биле вклучени и веќе споменатите подморници кои требало да торпедираат све што е на домет.
Но дали ова праќање на малите бродови во центарот на бурата ќе даде резултати ќе видиме подоцна :)
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.978
Поени од реакции
6.464
Командата на флотата на отвореното море имала малку време да ги прибере сите торпедни бродови кои се во можност да пловат, оние кои не се оштетени до таа мера да не можат да изведат напад. Во тој момент доаѓаат до одлука нападот да биде предводен од измачените и оштетени бојни крсташи, Дерфлингер, Зајдлиц, Фон Дер Тан и Молтке. Лицов не бил во можност да плови над 12 јазли, и така примал сериозни количини вода во себе така да останале 4 БК да одат во самоубиствен напад со што би се спасила главнината на флотата.

И така, околу 20.30 започнува она кое подоцна ќе се нарече вожња смрти, 30-тина немачки бродови под полна брзина ја напаѓаат Великата флота додека истовремено Флотата на отворено море завива на југозапад за стигне до базите.
Повеќе не е прашање дали и како да се победи британскиот противник, сега е прашање на спасување на жива глава.
4-те немачки БК со артилерија ги покриваат лесните крстосувачи и разурнувачи кои тргнуваат во торпеден напад. Она што ќе следи ќе биде најолема концентрација на оган истрелана било кога во историјата на човештвото на море. 26 британски дредноти безмилосно стрелаат по германците, 4те БК се погодени од 37 тешки и 112 средни гранати, само Дерфлингер сам е погоден 14 пати од 305,343 и 380мм артилерија плус 22 пати од 102 и 152мм.

Не се сомневам дека во тие моменти британските команданти за миг помислиле дека конечно ќе потопат германски дреднот, но повторно, како језиво дежа-ву, Дерфлингер излегува од маглата со максимална брзина иако со преполовена артилерија, продолжува да ги дразни британските капетани кои не се сигурни дали овој германски брод воопшто може да биде потопен!

Иако сите истрелани торпеда промашиле, германците успеваат во намерата да ги оддалечат британците за барем 20-тина минути со што и последната дневна светлина заминала а со тоа и предноста на британците во нишанење. Два германски разурнувачи се потопени заедно со лесниот крстосувач Фројенлоб кој потонува без да се спаси ниту еден морнар или офицер (320 души) но тоа е цена која и тоа како Шер и Хипер биле спремни да ја платат.
Она што требало да биде самоубиствен напад испаднало многу подобро од најоптимистичните очекувања на германската команда.

4-те споменати БК сега ја штитат отстапницата на лесните сили при што Дерфлингер го погодува Принсес Ројал во командниот мост но затоа Зајдлиц добива 5 тешки и 7 средни гранати а страдаат и други германски дредноти од најсеверната дивизија.
ББ Вестфален заостанува за да осигура повлекување при што го погодува Кинг Џорџ V неколку пати иако и самиот добива број удари.

Со тоа завршува дневниот бој и преостанува ноќната акција која ќе биде сосема хаотична и во знак на очајни обиди на Великата флота да го надомести заостанувањето зад противникот и да го вовлече во конечна пресметка.
Флотата на отворено море ја остварува целта и добива доволно време за повлекување и спас.
Великата флота потфрла на велико (pun lol) во сите свои намери!

И така доаѓа темнината...
Проблемот бил што во британските поморски правилa не било предвидено вежбање на посадите за ноќен артилериски бој на соодветна далечина а германците и тоа како биле издрилани за една таква можност.
Таквиот превид ќе има големо значење во ноќта и секако, врз конечниот исход.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.978
Поени од реакции
6.464
Тешко можеше да се претпостави дека ќе се случи потопување на адмиралски брод во Црно Море, најголем брод потопен во војна пост-WW2, 13К тони крстосувач под име Москва, симболиката на овој руски блам е голема. Со тоа е надминат Хенерал Белграно за време на Фокланди кој бил потопен од британски торпеда.
Интересно е што тој брод бил граден баш во Украјина па затоа некои сметаат дека сериозно инфо околу слабите точки на бродот било овозможено од лица кои работеле на констукција на овој брод во осумдесети.
Нешто имаше и грозје е кисело моменти како тоа бродот бил стар, но луѓе не знаат дека бродови се градат за да траат по една генерација, значи најмалку 30 години.
Пример носачи како Нимиц се стари по 47 години што не значи дека се застарени. Покрај модернизациите треба да се напомене дека бродовите не се авиони и не им инстекува ресурс по одреден број часа активна служба, често во одредени морнарици имаме ситуација да 2 брода од класа се во служба а 2 истоветни се во резерва или во сув док што значи дека еден брод за 40 години всушност има 20 активни.

Иако имаше неколку потопени бродови, пред се за амфибиско искрцавање, веста за потопувањето на Москва беше неверојатна. Се зборува дека амерички П-8 Посејдон авиони за извидување и патрола им соопштиле координати на приближната локација на бродот на Украјинците по што следело истрелување на 4 ракети од украјинско производство Нептун од кои 2 успеваат да удрат во крстосувачот. Не бев запознаен со тие ПБР пошто биле во употреба од 2019, ниту пак претпоставував дека земја како Украјина има можности за такво нешто. Знам дека Тајван, Израел, Бразил и некои други имаат сопствени ПБР програми кои се резултат на децениска работа на тоа поле.
Но све тоа се шпекулации, некогаш кога ќе се пишуваат истории на оваа војна ќе се открие нешто повеќе.
Факт е дека Украјина имале потенцијал да откријат, следат и лансираат после 50 дена непрекидни напади, веројатно од брегот со лансери на камион што значи coastal dеfence.
Иако состојбата на терен нема да се промени многу поради потопувањето, значително е тоа што Украјина сеуште има сили за координирани и сложени операции на тоа ниво. Кој би рекол...
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.089
Поени од реакции
9.385
Тешко можеше да се претпостави дека ќе се случи потопување на адмиралски брод во Црно Море, најголем брод потопен во војна пост-WW2, 13К тони крстосувач под име Москва, симболиката на овој руски блам е голема. Со тоа е надминат Хенерал Белграно за време на Фокланди кој бил потопен од британски торпеда.
Интересно е што тој брод бил граден баш во Украјина па затоа некои сметаат дека сериозно инфо околу слабите точки на бродот било овозможено од лица кои работеле на констукција на овој брод во осумдесети.
Нешто имаше и грозје е кисело моменти како тоа бродот бил стар, но луѓе не знаат дека бродови се градат за да траат по една генерација, значи најмалку 30 години.
Пример носачи како Нимиц се стари по 47 години што не значи дека се застарени. Покрај модернизациите треба да се напомене дека бродовите не се авиони и не им инстекува ресурс по одреден број часа активна служба, често во одредени морнарици имаме ситуација да 2 брода од класа се во служба а 2 истоветни се во резерва или во сув док што значи дека еден брод за 40 години всушност има 20 активни.

Иако имаше неколку потопени бродови, пред се за амфибиско искрцавање, веста за потопувањето на Москва беше неверојатна. Се зборува дека амерички П-8 Посејдон авиони за извидување и патрола им соопштиле координати на приближната локација на бродот на Украјинците по што следело истрелување на 4 ракети од украјинско производство Нептун од кои 2 успеваат да удрат во крстосувачот. Не бев запознаен со тие ПБР пошто биле во употреба од 2019, ниту пак претпоставував дека земја како Украјина има можности за такво нешто. Знам дека Тајван, Израел, Бразил и некои други имаат сопствени ПБР програми кои се резултат на децениска работа на тоа поле.
Но све тоа се шпекулации, некогаш кога ќе се пишуваат истории на оваа војна ќе се открие нешто повеќе.
Факт е дека Украјина имале потенцијал да откријат, следат и лансираат после 50 дена непрекидни напади, веројатно од брегот со лансери на камион што значи coastal dеfence.
Иако состојбата на терен нема да се промени многу поради потопувањето, значително е тоа што Украјина сеуште има сили за координирани и сложени операции на тоа ниво. Кој би рекол...
callejón de la muerte брате, друже, кога ќе можеш те молам заврши ја сагата за Јитланд.

Исто така мене интересни ми се операциите кај Фолкландите, ако не се лажам еден Британски генерал рекол дека 5 (не)исправни упаљачи на Аргентинските бомби ја делеле флотата од пораз или победа.

А после Елиат и Индиско-Пакистанската војна во 1971 јасно е дека капиталните бродови нема што да бараат во модерна војна. Освен ако со носач не треба да малтретираш некого.
За се друго се доволни фрегати и корвети со ракетно вооружување и моооожеби по некој разурнувач натоварен со ПВО и анти ракетни системи.

1650983027008.png
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.978
Поени од реакции
6.464
callejón de la muerte брате, друже, кога ќе можеш те молам заврши ја сагата за Јитланд.

Исто така мене интересни ми се операциите кај Фолкландите, ако не се лажам еден Британски генерал рекол дека 5 (не)исправни упаљачи на Аргентинските бомби ја делеле флотата од пораз или победа.

А после Елиат и Индиско-Пакистанската војна во 1971 јасно е дека капиталните бродови нема што да бараат во модерна војна. Освен ако со носач не треба да малтретираш некого.
За се друго се доволни фрегати и корвети со ракетно вооружување и моооожеби по некој разурнувач натоварен со ПВО и анти ракетни системи.

Прегледај го приврзокот 330112
Ќе ја довршам сагата за Скагерак само тетратката во која шкрабав разни ствари меѓу кои и битката за Вис, Цушима и Јитланд изгледа жената што ја најмивме да чисти ја има фрлено во ѓубре пошто генерално чистење на куќата и тие женски опсесии :facepalm: па ќе пробам од она што сум запаметил, во секој случај мора да го довршам тоа. Вис го напишав тука а ете и Јитланд, штета за Цушима иако планирам да шкрабнам нешто и за таа битка како и за Лепанто 1571 или опсадата на Малта од страна на османлиите.

Тоа што викаш, интересно е што Југославија се откажала од разурнувачи како преголеми бродови уште во 80-ти и немала поголем брод од корвета, заедно со бројни ракетни и торпедни чамци кои користејќи го рељефот на Јадран заедно со милион острови, заливи и ПБР батерии лоцирани на островчиња заедно со авионски писти. Една од ракетните корвети се викала Мирче Ацев :angel:

Не знам дали е минато времето на крстосувачите и големите разурнувачи бидејќи нивниот габарит овозможува инсталација на големи системи кои не можат да се монтираат на фрегати и корвети.
Пример Аегис е толку масивен што го има само на крстосувачи (ок, Ерли Бурк формално е разурнувач а е поголем од Тајкондерога за барем 1500 тони што е политичка ствар).
Друго, заштита на флотила тешко би можела да се врши од страна на фрегати, потребен е простор на палуба и под неа за ПА ракети од мал, среден и долг дострел, заедно со рандом топови и CIWS.

Поентата е во тоа што крстосувач како капиталец не смее да плови сам, мора да има пикет бродови околу него кои ќе ја откријат опасноста уште во самиот старт.
Но поради тоа што Украјина практично нема морнарица очигледно ги опуштило русите до таа мера да оставаат да пловат големи бродови без пикети и без бетл групс. Од 4 истрелани Нептун 2 ја погодиле целта, пред се масивните палубни лансери за Сандсторм ракетите кои ги имаше 16 на тој брод.
Гледав симулација во која при силен дожд и ветар, Москва не можеше да лансира ниту една ракета и остана само на CIWS да реагираат, прилично точна симулација имајќи предвид фотките од Москва како и каде гори, еден погодок врз Сандсторм бил кобен.

Гледам на Вики за тоа Нептун наводно имал 300км домет и ме фати туѓ срам. Со оглед на големината се работи за мал проектил со нешто повеќе околу 100-120км домет на сметка на боевата глава која е прилично мала (околу 200кг) но каталошките вредности често се чиста лага.
По формата наликува на хибрид меѓу Звезда и Харпун :icon_lol:

Саратов исто бил удрен со два Нептуни што говори дека хибридната ракета на Украјинците добива спектакуларна реклама и во иднина ќе биде предмет на интерес од секакви морнарици, особено оние кои немаат домашни проекти.

Точно е тоа за Фокланди, бомбите биле вишоци од WW2 од америчко производство па и со нив успеаа да потопат 3 фрегати и 2 големи десантни брода,клучот бил во неповолните временски услови кои спречиле Етандарите да полетаат од аргентискиот носач и да лансираат Егсозе на британските носачи. Подморница го имала Хермес на перископ но обете торпеда затаиле, исто винтиџ WW2 орудија. Британците имале луда среќа која често е голем фактор кој никој не сака да го признае.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom