Едно големо уа за сите оние кои ставиле оф топик и отишле да кењаат незамарајки се за тоа кои сме и шо сме, а наместо тоа идат во кафани на певалјки и слични срања... Па добро ре, тоа е самодеструкција, да не размислуваш за себеси, што сум јас? Колкумина од вас барем еднаш длабоко се запрашале за тоа ШТО СУМ ЈАС? Колку што гледате , не сте само едно обично тело што би изгнило за 1 недела во отсуство на ДУШАТА. Што е ова што размислува во мене. Мозокот??? Па нели мозокот е составен од материи кои сами по себе не се живи, нели телото е составено од нешто што само по себе не е живо?? Што е тоа што телото го движи? Еее тука е сеа поентата на оваа тема. Телото би го споредил со една мртва машина, но кога ке се пушти струја таа проработува. Така и човекот. Кога душата е во него тоа е живо, функционира, кога таа го напушта телото, телото е само куп материјал. Та ако телото живееше само од себе тогаш зошто не може да се поврати никој од мртвите? Со оваа медицина ако беше така требаше на мртвиот да му се заменат сите нешта кои не фиункционираат и тој пак да профункционира (оживее). Но и телото исто како и машината, го изгубил изворот на енергија, таа струја (душата), неповратно изгубено, крај на еден живот. Душата е енергија која живее вечно, не се уништува.
Каде одиме по смртта? Има многу патишта, традиционално кажано во христијанството рај, пекол... Рај значи да се родиш на повисока положба од сегашниот живот, а пекол на пониско ниво, како животно, растение, инсект... Ретки се оние кои во овој живот доживуваат нирвана (достигање на бога, соединување со вечноста, станување на дел од универзалната космичка енергија), таква чест имал Буда, т.е успеал во овој живот да го достигне тоа ниво, а за да се достигне тоа ниво треба комплетна посветеност на тоа.
Телото е како облека, кога се изветвува, ја фрлаш и прифаќаш ново тело. Но душата, личноста, носителот е иста СВЕСТ. Така да јас или било кој од вас би можеле да се родиме било каде во било која форма, во зависност од нашите постапки во овој живот. Затоа треба да се внимава на се, не за џабе е кажано мери 3 пати пред да кроиш, тоа е многу логично и јасно. Што правиш тоа ти се врака (тоа веке знам дека сите луѓе го знаат, ама за жал не го применуваат, со што глобалната ситуација се влошува уште повеке, бидејки мнозинството од планетата да размислува негативно или неутрално е еден огромен бран на негативна енергија, посебно во ова општество, се е оптеретено, само нервози, и замислете тие нешта како ја обвиваат планетата во слој од сивило, напнатост и негативна енергија)
Кога човештвото би размислувало здраво, кога луѓето би сфатиле дека треба само да сакаат да не се преоптоваруваат со негативни нешта, кога би сфатиле дека нема причина да љубиш и дека треба да љубиш СЕ и тоа МАКСИМАЛНО, бидејки веке го знаеме правилото: ако правиш нешто добро тоа со многу многу подобро ти се врака, ако правиш зло се самоуништуваш себеси и шириш негативна енергија околу тебе... КОЈ Е ВАШИОТ ПАТ? ЉУБОВТА ИЛИ СТРАВОТ? СРЕЌАТА ИЛИ НЕРВОЗАТА? ова се едноставни прашања кои се сепак тешки да ги одговори модерниот човек (шит, човештвото како да стана органска машина што јаде само сендвичи у мек доналдс
![Тапшање :tapp: :tapp:](/styles/default/xenforo/emot/tapp.gif)
![Возбуда :vozbud: :vozbud:](/styles/default/xenforo/emot/vozbud.gif)
) кога ке одговорите на овие прашања и ке ги примените во целост, ке живеете по принципот на неизмерно давање на љубов, тогаш ке бидете потполно срекни, и уште повеке ке напреднувате не само вие туку и сите ваши блиски, ке бидете магнет за среката и за позитивната енергија. Кај ке одите после смртта? Се знае каде, на повисок план на егзистенција, со цел достигање на совршенството, нирваната.
Еден личен пример на самоспознавање... Седам пред компјутер и како и секогаш полн со срека и покрај се. И моите помали братучеди ме прашуваат: аа зошто си толку среќен? Јас, што да им кажам не знам, да не ме сфатат погрешно и чудно, но јас си создадов живот со константна среќа. И сега не знам што да одговорам, па сум срекен заради себеси, заради вас, заради светот,заради тоа што фала богу сум здрав и прав, заради тоа што не сум дел од милијардите кои се гладни и жедни.
Не барајте многу и ке одите таму (по смртта) каде што заслужувате, а сегашниов живот ке ви биде полн со хармонија и прогресија
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
:wink: