Значи овака, нема нападнато воен обијект, освен ако едната цистерна не се наоѓала на воена база.
Друго што многу е неверојатно е што нападнале нафтен склад усвет од воените дејства, ај да речеме тој складот во Белгород има логика одма е до границата, ама овој на никаков начин нема да има ефект врз операциите, освен што таму поминува нафтоводот Дружба, па можеби тоа била целта да се сопре продажбата на нафта.
И друга многу интересна работа Брањск е 150 километри од границата, како нападнале украинците, тоа никој не го кажува, овие кај Белогород беа од хеликоптери, а овие?
Точките немаат толкав дострел, со хеликоптери е самоубиствена мисија, 300 километри лет на противничка територија, со дронови да ама нема никаква информација за Брањската област, а што е најчудно и украинците не се пофалија како ги рокнале (или барем јас не сум видел).