Пред 2 дена добив папагал Козица - Kakariki жолт, луѓето што го чувале заминуваат во странство и ми го дадоа па го прифатив. Стар е 2 години, не знам дали е машко или женско (тие што го чувале го оставија во продавница за папагали и сопственикот ми го поклони мене ама и тој не знаеше за полот). Како и да е, купивме нов кафез, нови хранилки и поилка, лулашка, сипина коска, играчки, огледалце му ставивме, од тој аспект мислам дека се е во ред. Го чуваме во дневна кај што сме ние вело време, топла е собата (23-25 степени постојано), секој ден го пуштаме да шета, да пролета по соба малку, му ставам канче со вода да се бања (читав дека многу салале вода)… за ова до сега ако нешто правам грешно ве молам да ме советувате и корегирате.
Дополнително што сакам дс потенцирам: на главата (најизразено околу левото око и кон вратот) се гледа недостсток на пердуви, се лешка често на тоа место, по нет пто читав вика дека се работи за “mites”. Го однесовме на ветеринар денес (вет-свет кај песталоци) и ни рекоа дека најверојатно е тоа, му ставија некое лекче околу главата и ни рекоа за 1 недела ако нема подобрување да одиме пак. Го храниме со просо и со семиња, од продавница за миленици тоа ни препорачаа, дополнително купувме некои капки со висока количина на витамини па од тие ставаме по 1 капка во поилката (ја пие и со тоа водата и нема проблеми) и дополнително некои кекси за мали птици па и од тоа по малку грицка (многу е тврд бисквитот не знам дали ќе може баш да го јаде али можеби тоа му е намената за да го остри клунот - поправете ме и за ова ако грешам).
Подоле ќе сравам и некоја слика од папагалит па по основ на ова со пердувиве ако имате некаков совет или слично искуство ве молам да ме советувате. Фала на сите што ќе споделат нешто однапред…
Edit: му пуштаме музика да му пее (ставив еден стср телефон до кафезот и свири радио) гледам дека има и многу видеа на youtube ао parrot tv и кога ќе му пуштам тоа баш е заинтересиран и сака да дојде до телефонот, второто прашање ми е : дали сакаат музика да им свири и дали е добро да му пуштам такви видеа со други папагали ?