Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    735
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Кочи Мишко. Ова од каде математиката дека ќе стане проруска? Незнам дали знаеш ама има Украинци што мајчин јазик им е руски и ама воопшто немаат симпатии кон Русија и после ова им е скроз омразена. Моменталнава заземена територија и уште целосен Донбас им е капацитетот. Одеса за да ја освојат треба ова да трае со години, а за тоа да не се лажеме тешко дека ќе се случи.
Зошто Одеса би била потешка за освојување од Мариопул?
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.862
Поени од реакции
8.422
... кога ќе направиш попис на тамошното население колку православни има нема баш така да пишуваш, ама и ако треба на сите горе наведени треба да им се даде ден слободен кога тие празнуваат, не реков празник за сите т.е. цела Германија, како што ние тука им даваме слободен ден на Ден на Власи, Ден на Роми, Ден на Турците, Ден на Албанците ...треба да ти дадат и тебе Ден да празнуваш Велигден дома, а не да идеш на работа!
Според православниот календар секој ден е некој празник календар-2022_10.jpg
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.506
Поени од реакции
27.325
И тоа така оди ко на игра, зазимаш територија и автоматски таа војска или ја ништиш или преоѓа ко кај тебе.
Па штознам… види ги Чеченците на пример, поголеми Руси од Русите. Ваљда имаат некој рецепт и Русите.
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
745
Поени од реакции
1.890
Може ли некој да најде и да постира следниве работи:

1. Список на земји и листа на сакнции кон Турција(нато) за воената операција во Ирак и нарушување на територијалниот интегритет на суверена држава членка на ОН.

2. Список на земји и листа на оружје дадено на Ирак за да се одбрани од турската агресија.

3. Има ли иницијатива за седница на ОН и некаква резолуција за осуда на Турција и кога ќе се гласа?

4. Има ли некое гласање за исфрлање на Турција од некој совет во ОН, на пр од совет за човекови права?

5. Кои високи западни функционери најавија политичка, финансиска, економска, разузнавачка, воена и остала помош за Ирак?

6. Кои високи западни функционери повикаа на осуда на Турција, Ердоган, високото раководство и воени лица?
Можеби не сте виделе, да ве тагирам за да помогнете.

@Staufer ? @Dardan-ia? @wicked_1? @teneke? @c i t r o?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.523
Поени од реакции
37.362
Според православниот календар секој ден е некој празникПрегледај го приврзокот 329741
... е некој, но не е секој како Велигден, ако си православен верник би требало да знаеш, али нема веза штом не чувствуваш џабе е пишувањето, ај тераме за Украина да не бидеме оф топик!
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.490
Поени од реакции
24.730
... кога ќе направиш попис на тамошното население колку православни има нема баш така да пишуваш, ама и ако треба на сите горе наведени треба да им се даде ден слободен кога тие празнуваат, не реков празник за сите т.е. цела Германија, како што ние тука им даваме слободен ден на Ден на Власи, Ден на Роми, Ден на Турците, Ден на Албанците ...треба да ти дадат и тебе Ден да празнуваш Велигден дома, а не да идеш на работа!
seriozno, sfakas deka toa sto se pravi u mkd e totalna glupost? praznicite treba da vazat za site, ako si slavis nesto ekstra od toa sto e u drzavata zemi si odmor i slavi. sto se svabite dolzni da se zamaraat so pravoslavni, muslimanski ili budisticki praznici...
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Зошто Одеса би била потешка за освојување од Мариопул?
Поголем град, подалеку од Русија, Украинците прават контра офанзива накај Керсон и има битки. Имаат напредок, но некако и доста војници и опрема губат.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.506
Поени од реакции
27.325
60 000 украинци се вратија од дијаспората за да војуваат , имаат 200к активна војска плус резервисти. Далеку е војната од крај.
Околу 160К Украинци се оспособени за вистинска војна овие 8 години. Другото е све глинен голуб. Околу 110К беа во Донбас на почетокот на војната, според проценките сега има уште 70-90К од нив. Не само тоа, главнината на опремата е во Донбас и тука се поставува прашањето зошто е тоа така, изгледа стварно спремале офанзива на Донбас. Кога ќе завршат со Донбас, Украинците ќе имаат околу 50К војска, без никаква сериозна опрема, дисперзирана во останатите градови.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Поголем град, подалеку од Русија, Украинците прават контра офанзива накај Керсон и има битки. Имаат напредок, но некако и доста војници и опрема губат.
Мариопул го бранеа најспремните украински сили. И секако, нема да тргнат кон Одеса од небо, за да стигнат до таму, прво треба да го освојат Николаев и сите попатни градчиња. Ама од опсаден аспект, единствени потешки од Мариопул би биле Харкив и Киев.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.161
Поени од реакции
3.398
Поголем град, подалеку од Русија, Украинците прават контра офанзива накај Керсон и има битки. Имаат напредок, но некако и доста војници и опрема губат.
Таа контраофанзија ја прават со месеци, едно време дури и Херсон го заземаа на Твитер,
не успеав да најдам повеќе информации за таа твоја контраофанзива, ако стварно тргнале тогаш немат грам мозок, на отворен простор ќе бидат смачкани како булдожер лајно.

Надеж за одолговлекување имаат ако се утврдат во Николаев, ама русите можат да ги заебат и да си ја преминат реката погоре или подоле и да останат заглавени и чувани со мала војска додека овие си ја "ослободуваат" Одеса.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.205
Поени од реакции
22.829
Поголем град, подалеку од Русија, Украинците прават контра офанзива накај Керсон и има битки. Имаат напредок, но некако и доста војници и опрема губат.
Интересно, има луѓе кои уште веруваат дека Украинците прават контра офанзива накај Херсон.
Автоматски споено мислење:

Таа контраофанзија ја прават со месеци, едно време дури и Херсон го заземаа на Твитер,
не успеав да најдам повеќе информации за таа твоја контраофанзива, ако стварно тргнале тогаш немат грам мозок, на отворен простор ќе бидат смачкани како булдожер лајно.

Надеж за одолговлекување имаат ако се утврдат во Николаев, ама русите можат да ги заебат и да си ја преминат реката погоре или подоле и да останат заглавени и чувани со мала војска додека овие си ја "ослободуваат" Одеса.
Пази, Пентагон викаше дека Украинците го повратиле Херсон, не викал било кој.

 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Околу 160К Украинци се оспособени за вистинска војна овие 8 години. Другото е све глинен голуб. Околу 110К беа во Донбас на почетокот на војната, според проценките сега има уште 70-90К од нив. Не само тоа, главнината на опремата е во Донбас и тука се поставува прашањето зошто е тоа така, изгледа стварно спремале офанзива на Донбас. Кога ќе завршат со Донбас, Украинците ќе имаат околу 50К војска, без никаква сериозна опрема, дисперзирана во останатите градови.
Пошто нели кога ќе ги разбијат линиите, автоматски ко на игра сите 70к-90к умираат и им остануваат 50к. После ако се тие на едно место и тие 50к ги убиваат. Нема повлекување, прегрупирање туку до крај.
И да, сите Руски војници се професионални рамбовци, не оставаа тенкови и оклопни возила ко аматери или некој нелогични јуриши и пробиви каде после беа покосени ко глинени голуби.

Ова ќе потрае доколку целта им е да се спојат со Трансритија, а се знае веќе кој ќе е победникот. Подобри се Русите, поголема количина на опрема, помоќна.
Автоматски споено мислење:

Интересно, има луѓе кои уште веруваат дека Украинците прават контра офанзива накај Херсон.
Има и такви што веруваат дека се ова е за денацификација.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.506
Поени од реакции
27.325
Пошто нели кога ќе ги разбијат линиите, автоматски ко на игра сите 70к-90к умираат и им остануваат 50к. После ако се тие на едно место и тие 50к ги убиваат. Нема повлекување, прегрупирање туку до крај.
И да, сите Руски војници се професионални рамбовци, не оставаа тенкови и оклопни возила ко аматери или некој нелогични јуриши и пробиви каде после беа покосени ко глинени голуби.

Ова ќе потрае доколку целта им е да се спојат со Трансритија, а се знае веќе кој ќе е победникот. Подобри се Русите, поголема количина на опрема, помоќна.
Што си се фатил со игра сега, не зборам јас од аспект на игра, туку од тоа што имам какво такво искуство. Знам што значи резерва, што значи редовна војска, што значи приобучена милиција и што значи добро обучена војска.

Прво и основно тоа „оставаа тенкови и оклопни возила ко аматери или некој нелогични јуриши и пробиви каде после беа покосени ко глинени голуби“, за војска која е во најмала рака искусна во таков начин на војување најмалку 6 години во екстремни услови во Сирија, е смешно да се помисли и да се падне на таква една пропаганда.

Од цел тој театар на северот, вистинска воена акција беше единствено првиот ден завземањето на аеродромот и завземањето на Чернобил. Друго све беше театар. Тоа пробивање и оставање на опрема, 40 километарските колони, кои наводно требаа да го нападнат Киев. Кои наводно на 100 километри од Руската граница останале без гориво, за да после преку ноќ, без никакво објаснување ги снема... Да збориме и за Македонска армија, па пак тешко ќе ми биде да го проголтам све тоа. А пази, на југот све си течеше како подмачкано. Но нејсе, дури и Пентагон се фати на таа мамка, уште на почеток почнаа да мантраат дека прва цел е Киев.

Второ, ќе потрае онолку колку што ќе им треба на Русите да потрае. Иако наративот на западната пропаганда, кажува дека времето работи за Украина, тотално спротивно, времето работи за Русија. Дури ни западот не може да ги навјаса Украинците со оружје, кое очигледно во голема мера или завршува кај Русите или пак е уништено од Русите. На пример 1/3 од џавелините што ги има произведено САД, се пратени во Украина. И тука се отвара едно друго прашање колку е спремен западов за конвенционална војна со противник од калибар на Русија, ако веќе почнале да креваат рачна. А од друга страна западов уште пред еден месец викаа дека ќе им снема муниција, дека ќе снемаат прецизно оружје, а како што гледаме војнава во Украина е војна во која највеќе е искористено прецизно оружје и како што гледаме Русите ич не ни почнале да штедат. Тоа значи имаат на претек и најверојатно турбо и се произведува.

Трето, Во сите територии (освоени ослободени кој како сака), се нема никаков проблем со локално население. Го немаше најавуваниот жесток отпор од локалното население, чак што више населението горе доле пријателски настроно или во најмала рака неутрално и нема абер да се бунат дека со под Русија. Дури и на некој начин како да им олеснало дека завршило тоа лудило и ете они се живи. А Русите како што гледаме им даваат храна, организираат безбедносни структури и слично. Значи овие 100К+ километри квадратни освоена територија е практично стварно како ослободена и Русите без проблем можат да ја присвојат и припојат со Русија. И тоа све без да се случат некои сериозни безбедносни проблеми. Претпоставувам дека е така и во Харков, Запорожје, Днипропетровск, Николаев и Одеса. А ништо чудно и во други области. Што го прави тоа Азов, кој шурувал на оваа територија?

И само да ти кажам, обуката на војската од персонален аспект (тоа што ти го кажуваш Рамбовци) има многу мала улога во една војна. Тоа е еден мал сегмент кој го имаат единиците со специјална намена, но пак во корист на војската како високо организиран колектив. Претежно обуката е од аспект на учество на единката во тој колектив. Успешна војна неможат да направат поединци Рамбовци, туку добро организирана групација. Тоа го покажаа на терен Талибаните, тоа го покажа на терен ИСИС, тоа го покажаа на терен и Русите. А очигледно тоа го покажуваат на терен и Украинците, поготово оние милитантни нацистички копилиња следбеници на Степан Бандера.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.897
Поени од реакции
13.022
Украинците правеле контраофанзива кон Херсон?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.506
Поени од реакции
27.325
Има и такви што веруваат дека се ова е за денацификација.
И да, денацификација е акцијава меѓу другото. Јас не им ги поттурив нацистите во безбедносните структури на Украина. Ниту пак јас ги натерав да го забрануваат Рускиот јазик и да ги опресираат Русите таму. Ете можеби Русите одвај чекале, но овие како и да е им дале и повеќе од легитимна причина ова што се случува.

Не е ова излезено од Руската кујна, има бејзброј видеа за нацисти во безбедносните структури и докази и видеа за нивни злосторства. Можеби не е цела Украина нацисти, но ете ќутеле и го дозволувале тоа. И Германија не била цела нацистичка, но очигледно повеќето се слагале со тоа што се прави... Така да денацификација е сосема легитимно да се каже.
Автоматски споено мислење:

Украинците правеле контраофанзива кон Херсон?
Имаа и претходно неколку неуспешни обиди за контра офанзива но ништо сериозно, повеќе ми личат на пробни напади, одколку на контраофанзива. А за сега незнам дали имало контраофанзива.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom