Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.164
Поени од реакции
12.147
Ти фали уште стар и нов еон.Не пропуштај такви битни поделби.

Историјата не е дел од духовниот свет, туку од телесниот.Само телесен човек бара книги да ја исполни празнината која му недостасува од немање духовност.

Неможеш да дадеш од тоа што го немаш.
Нормално. Пред христијанството и еонот кој што измина во знакот на догмата имаше друг еон... но историја ти не сакаш, премногу инфо кое мора да се анализира, складира и да се бара смислата - е премногу, знам... но затоа немаш проблем да се повикуваш на пророци како ќе ти дојде, оние од поодамнешната историја... мислејќи дека се што ќе ти дојде прво на ум, во сон или кој знае како е апсолутна вистина за Хепта, за Митра, за Стефан или Стојанче од Скопје...

Не сакаш книга но ко слеп за стап си се фатил за библијата како книга и за тебе таа е апсолутното најдобро нешто за човекот за да чита и да го разбере светот, себе си и оние околу него...

Не. Никогаш не било така, нема ниту да биде...

Јас и ти и сите дурги кои сме на Земјата, сме телесни битија. Преку писанија учиме, ете како што сега создаваме писанија за да се разбереме, да научиме едни за други кои сме, што сме и до каде сме... каква е оваа твоја омраза кон Телемити, масони, други христијани кои имаат потреба од „посредник“?

Ти ќе се наметнеш како пастир? Ти ќе толкуваш? Немој... од такви на форумов ми здосади веќе... купишта ве имаше, добро е што си заминаа, кај ќе беше крајот...

Тоа што погрешно разбирање имаш за книгите, симболите, историјата, боговите и се останато - само гледам човек што не ја разбира ниту карма јогата ниту бхакти - бидејќи освен твоето, се друго е лошо и погрешно.
Дури и светите книги на другите им ги толкуваш како да си ги ти напишал, како другите да не се способни да ги разберат, ти се наментуваш насекаде и ете, тоа за тебе е во делот „имам па давам“.

Не биди толку ограничен и без разбирање на човекот и човештвото.

Боговите без човекот се никој и ништо!
А ти не сакаш да го разбереш тоа човештво преку книги, историја, комуникација... човештво од кое си дел и не го разбираш бидејќи имаш премногу лоши искуства со неистомисленици.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Ја искрши тастатурата за да кажеш кој е, како е и каков ќе биде alf.

Темата не е алф.
Мака ти е што шпиунчето кое се закануваше во лична порака ти ги закопа надежите дека можеби ќе побарам иницијација во ото.нели?

Имаш проблем со некој виртуелен лик кој толкува цитати?

Пастир да сакав да бидам ќе ги прифатев некој ликови кој во лична порака бараа нешто повеќе да научат...
Тоа што вртиш со мислите да ми поставиш провокативно прашање, се сомневам дека токму ти сакаш да научиш нешто повеќе за животот на алф.

Земи си тоа книгите, практикувај си јога и уживај во живото.Не ме цитирај, и не се замарај со алф.
 
Ти сакаш да си пастир, но не можеш во реалноста и секојдневието, па форумов ти е блог каде даваш „толкувања“ за една христијанска КНИГА како да е апсолутната вистина турната таму...

Не се заморувам со твојот живот надвор од форумов, тоа е приватна работа... туку со твоите идеи кои ги пишуваш тука и како се преставуваш се „заморувам“. Посебно кога се напнуваш да ми зборуваш за Телема и сешто друго бидејќи знаеш дека ти зборувам вистина за пророците од минатото на кои се палиш и ни ги преставуваш како нешто посебно во однос на нас сега...

Се нервираш што не можеш библијата (како КНИГА) да ја извадиш од канџите на христијанството со сите негови деривати иако со години се обидуваш да ни покажеш „правилно“ толкување на христијанската света книга и како тие некои таму свештеници ја узурпирале големата порака за човештвото.
Јас тоа со децении го зборувам.... кога нема правилно наследство на учењата религијата почнува да раѓа секти... и тоа е големиот доказ дека нештата не се добро тргнати...

Затоа и се појави исламот 600 години подоцна...

Реков и претходно: книгите се битни (пишувањата) за да се разбереме кои сме и зошто сме и до каде сме... тука на форумов пишуваме и се читаме и се обидуваме да ги одгатнеме разните начини на изразување, да ги наречеме симболи...
Тука сме да расправаме за религиите, не да проповедаме и да објаснуваме што сакал пророкот Јона да каже со не знам што... сигурно еден рабин повеќе знае за тоа од мене и од тебе... или ти тоа не можеш да го протуркаш низ умот дека има авторитети на кои не можеме вода да им носиме?
Но ти не знаеш такви луѓе бидејќи ниту читаш книги, ниту пак познаваш такви луѓе... што е голема штета за тебе.

Постојано велиш книги не требало за ова за она, а ти се држиш до една книга: библијата, која за твоја жал е христијанска света книга.
И постојано креваш врева дали некој имал искуство. И да имал, тебе ќе ти каже некој за сопствениот пат и искуство? И тоа на јавен форум... нормално дека нема, никој не ти кажал до сега... нема ниту да ти каже....

Ти наназад низ годините и на странициве на форумов зборуваш како книги не треба за боговите, спознавање треба и постојано напаѓаш некој за неговото знаење, без ти да си седнал да се запознаеш со нештата преку книга барем, но без срам и усул јадење слатки за туѓите учења и пракси бидејќи не одговараат на твојот јудео-христијански светоглед :)
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.913
Поени од реакции
5.049
Да биде појасно тоа што пишуваш..
Преумувањето е всушност да го умртвиш стариот човек во себе и да се преумиш христообразно во име на љубовта како нов човек.
Извор
Како доказ го нудиш тоа преумување.
Интересно..ок
Отприлика така...Односно, или поточно, го увидуваш гревот во себе си и решаваш да се (само)поправиш, соогласно волјата Божја и со тек од време, со духовно и телесно увежбување, во послушност, да стануваш Христолик.
Автоматски споено мислење:

Трагам по одговорот на прашањето "кој сум јас".

Дали имаш одговор на тоа прашање?

Ако ме упатиш да го барам бог и него да го прашам, да знаеш дека токму тоа и го правам.
Потсети се на кажаното "јас реков вие сте богови"

Кое е твоето мислење, зошто Исус често им го поставуваше прашањето на своите ученици..кој сум јас?
Ти си уникатно Божјо творение, како и секое друго човечко битие, кое, согласно провородниот грев, Го заборавило Бога и се препуштило на славољубието, среброљубието и сластољубието, замаглувајќи го ликот Божји во себе.

„...Ние сме богови...„ не по суштина/природа, туку по Божјиот призив да бидеме (како) богови, но по благодатта и милоста Божја, а не сами од себе, по својата суетност.

Да, Исус често ги искушуваше своите ученици, поставувајќи им „незгодни„ прашања, за да провери дали тие (ученците/апостолите) Го препознаваат Христа како ветениот Месија или во Него гледаат само уште еден востаник, кој дошол меѓу Евреите за да ја поврати нивната старозаветна слава, пред да паднат во римска окупација.
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Ти сакаш да си пастир, но не можеш во реалноста и секојдневието, па форумов ти е блог каде даваш „толкувања“ за една христијанска КНИГА како да е апсолутната вистина турната таму...
Така е како што ти мислиш.
Не се заморувам со твојот живот надвор од форумов, тоа е приватна работа... туку со твоите идеи кои ги пишуваш тука и како се преставуваш се „заморувам“. Посебно кога се напнуваш да ми зборуваш за Телема и сешто друго бидејќи знаеш дека ти зборувам вистина за пророците од минатото на кои се палиш и ни ги преставуваш како нешто посебно во однос на нас сега...
Мора да е вистина она што ти го збориш и никако поинаку.
Се нервираш што не можеш библијата (како КНИГА) да ја извадиш од канџите на христијанството со сите негови деривати иако со години се обидуваш да ни покажеш „правилно“ толкување на христијанската света книга и како тие некои таму свештеници ја узурпирале големата порака за човештвото.
Јас тоа со децении го зборувам.... кога нема правилно наследство на учењата религијата почнува да раѓа секти... и тоа е големиот доказ дека нештата не се добро тргнати...
Да, многу се нервирам , од што се изнервирав синојка земјотрес предизвикав.
Реков и претходно: книгите се битни (пишувањата) за да се разбереме кои сме и зошто сме и до каде сме... тука на форумов пишуваме и се читаме и се обидуваме да ги одгатнеме разните начини на изразување, да ги наречеме симболи...
Тука сме да расправаме за религиите, не да проповедаме и да објаснуваме што сакал пророкот Јона да каже со не знам што... сигурно еден рабин повеќе знае за тоа од мене и од тебе... или ти тоа не можеш да го протуркаш низ умот дека има авторитети на кои не можеме вода да им носиме?
Но ти не знаеш такви луѓе бидејќи ниту читаш книги, ниту пак познаваш такви луѓе... што е голема штета за тебе.
Така е.

Постојано велиш книги не требало за ова за она, а ти се држиш до една книга: библијата, која за твоја жал е христијанска света книга.
И постојано креваш врева дали некој имал искуство. И да имал, тебе ќе ти каже некој за сопствениот пат и искуство? И тоа на јавен форум... нормално дека нема, никој не ти кажал до сега... нема ниту да ти каже....
Like, (y)
Ти наназад низ годините и на странициве на форумов зборуваш како книги не треба за боговите, спознавање треба и постојано напаѓаш некој за неговото знаење, без ти да си седнал да се запознаеш со нештата преку книга барем, но без срам и усул јадење слатки за туѓите учења и пракси бидејќи не одговараат на твојот јудео-христијански светоглед :)
Добро, отсега само телема ќе читам.
Каде да побарам инцијација?:)

п.с. апостолу смеам да користам Iphone 8 или да чекам да излезе Iphone 93?

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.164
Поени од реакции
12.147
Читај што сакаш, само престани да зборуваш како книгите и читањето се лоша работа, бидејќи и библијата е книга, и Куранот и ведите итн итн...

Не може да зборуваш за Телема а целото "знаење" ти е од форумов, без трошка друг вид инфо од самиот извор на целата таа философија и пракса :coffee:
Освен ако не е чисто дрдорење од омраза нели...

Читањето философски расправи за учењата и религиите само ќе те запознаат подобро со историјата, праксата, самиот човек :coffee:

Ќе го намали или ублажи догматскиот дел и его трупот кон човештвото и боговите, како сите се грешни на пример ...
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.164
Поени од реакции
12.147
Кажи духовни книги, а не само книги.

Или што? Ќе ме банираш?
Секакви книги поврзани со религиите и филозофите и симболите кои ги содржат. Само така ќе се разберат многуте патишта и кој колку може и зошто...

Сите духовни книги повеќе содржат нешта за човекот отколку за боговите. :coffee:
А човекот и човештвото не може да го разбереш ако не читаш и не се запознаеш со верувањата за кои некој се потрудил да ти ги објасни и да проба полесно да ги вметнеш во твојот универзум.
Книгите се патокази, едни автори ќе ти се поблиски од други бидејќи си имал слични искуства... Тоа се зборува во философијата на Телема, секоја ѕвезда не гради соѕвездија со кој стигне... Си има закони и правила во универзумот.

Манијакално болно е да мисли човек дека знае најдобро од сите за нештата поврзани со религиите, без знаење на историјата и симболите зошто се такви какви што се во една света книга. Затоа треба читање.

Затоа кога ќе цитираш еврејски пророци во иднина сети се дека и во Телема има еден пророк, не повеќе.... :coffee:
 
Пусти зборови,симболи , ритуали и пророци ви ја разредчија духовноста, поделени во табори со свој свети книги.
Група со група очи ќе си извадите штитејќи го вашето светилиште.

Како само ве прелажаа, сами меѓу себе да се уништите?

Па крив ти е алф што ви толкува.

Кажи дека ти е мака што не ме придоби, да се петелите после дека од вашите редови произлегов.

И пак ќе ти повторам, ако сака човекот духовен напредок, запалете ја секоја духовна книга, ништо да непостои што зборува за некаква духовност.
Насочете се со мислите кон водата која дава живот, таа на мажот да му биде жена,таа нема ниту мирис ниту вкус ниту облик, таа е на небото на земјата и под земјата. Во неа е целата меморија за постоењето на животот.Ете ја книгата која ја заменивте со пишан збор на хартија.Се ви е пред очи, но зборовите ве ослепеа размислувајќи да оставите наслетство за вашите потомци.Безумни , па нели во вода се оформува животот на човекот, зарем вашите книги можат да го заменат тоа оформување?

Толкувањата беа за ваша опомена.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.164
Поени од реакции
12.147
Не е ништо поделено. Да беше поделено човештвото немаше да напредува и да му се даваат нови искушенија и напредувања.

Така ти изгледа тебе бидејќи не си запознаен со учењата и бидејќи си читал само една книга, библијата, и само нејзе ја толкуваш и се обидуваш да направиш нешто посебно во однос на истата без да се заморуваш со историјата на нејзиното создавање, мисла и временски период.
И строго избегнување на луѓето кои ја создале низ вековите...

За палењето, ми се допаѓа тоа:

The Comment

Do what thou wilt shall be the whole of the Law.

The study of this Book is forbidden. It is wise to destroy this copy after the first reading.
Whosoever disregards this does so at his own risk and peril. These are most dire.
Those who discuss the contents of this Book are to be shunned by all, as centres of pestilence.
All questions of the Law are to be decided only by appeal to my writings, each for himself.

There is no law beyond Do what thou wilt.

Love is the law, love under will.

The priest of the princes,
ANKH-F-N-KHONSU

Ова е „коментар“ на крајот од Liber AL vel Legis svb figura CCXX или позната како „Книга на Законот“ :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.164
Поени од реакции
12.147
Има првобитен грев во христијанската догма. Се сложуваме за тоа.

Тоа што ти судиш за луѓето какви се и што чувстуваат само укажува дека зборуваш напамет за другоста. Јас немам омраза кон религиите, имам одбивност кон проповедници кои како верници се трудат да ги убедат сите дека се грешни и дека иако не го прифаќа тој концепт еден човек, ниту се пронаоѓа во нивните учења во кои тие од петни жили веруваат - сепак богот во кој што тие веруваат и целиот концепт на догма важи посекако и за тој човек што не гледа ништо посебно ниту битно во христијанството...
Не знам како можеш да излезеш од тој бајковит свет дека не важи тоа на Земјата, никогаш не ни важело ниту било правило.

Сега пак е сосема ново време, секој може да верува и практикува што сака и како сака... тоа значи дека верниците и свештениците не се повеќе повикани да јадат слатки за другите... држете си го јазикот за заби ако немате што паметно да кажете за сопствените учења во однос на човекот.
Дури и ти тоа го зборуваш иако пак како плима знаеш да се занесеш и да ни зборуваш за универзалноста на христијанството кое изроди купишта секти самото од себе, а да не зборуваме за другите учења кои крстосуваат јавно или тајно меѓу човештвото со еони...

И по кој знае кој пат: Не, не сме грешни и не ни треба спасител во форма на Христос. Дали ти е јасно тоа? И тоа не е причина да се зборува за другиот дека е зло или оди некаков погрешен пат. Ти не го знаеш сопствениот пат не пак за другиот да му ја мисли...
Не ги знаеш туѓите учења освен што ти се предавани од свештениците во негативна смисла, тоа не да е погрешно, тоа е директно грев против човештвото!

Дали може да разбереш дека и тој што не е христијанин и нема потреба од христијанската догма и учење - е човек исто како тебе, можеби и подобар во однос на божественото?

Христијанинот може да е свесен дека е грешен може да не е - не знам. Тоа е пак индивидуална работа. Ти како верник може да си матиш сопствената вода, не и туѓата ниту да ја загадуваш туѓата со твои размисли за божественото во и кон кое се стреми една индивидуа.

Немам проблем да се каете секој пат кога ќе доаѓате на Земјата. Јас немам проблем што прави некој во сопствениот живот и на кои богови им принесува дарови или ги обожува, ниту имам нешто против разните ритуали меѓу човештвото.
Мене ми е битна таа чудна потреба кај христијанските апологети, а по нив и муслиманите што по дифолт ги исклучуваат другите учења и ги фрлаат во една корпа наречена зло, погрешно итн итн - и тоа се прави така суптилно што обичниот човек окупиран со секојдневните проблеми не ги насетува овие разговори од ваша страна.
Ете се е идолатрија само христијанството е закон во однос на обожувањето крстови и икони... не може така веќе да се зборува за другите.
Најди нешто позитивно во сопственото верување и го проповедај на оние кои се чувствуваат повикани да бидат дел од твојата религија, а не со зборување злобно за другите да се прави црнилото да биде малку повеќе сиво...

И упорен си во тоа дека христијанската догма и учење ги опфаќа и другите дури и мене... ќе морам да ти повторам: не, не опфаќа никој што не е христијанин.
Само христијанин може да е свесен или не за својот грев во однос на божественото собрано од еврејските учења - онака, тешко. Освен насила ако не се запне..

Да, во христијанството нема ништо езотерично, премина се во егзотерија, надворешно обожување бидејќи реков не се пренесе знаењето од минатото како што треба - се узурпираа нештата и ги поврзаа со световната власт. И тука почна падот и ужасот за човештвото и религиите и божественоста.
Но се учи на грешките и тоа е добро.

P.S. @Tyrael - само ти ме читаш низ цел форум. Благодарам иако намерно ставаш секакви смајлиња, знам дека обратно мислиш од тоа како „реагираш“ и се сложуваш со се што зборувам. Некој да ме поддржува на форумов во однос на старите религии. Благодарам брат :)
 
Не, не зборувам ништо на памет-сиот човечки род пати од истите наследни болести: славпљубие, сластољубие и среброљубие и конечно, од смртта.

Дека е така, тоа го говори реалното и секојдневно живеење, небитно за кој народ се работи.

А лекот за тие болести ни се обајви пред 2000г. па кој сака, може да Му се придружи...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.164
Поени од реакции
12.147
Не е така со сите. Човештвото е едно и во него секој поединец си има свои искушенија и свои патишта за одење.
Воопшто не си запознаен со други учења освен христијанската религија.

Пак ќе повторам ако за тебе и оние кои мислат дека христијанството е апсолутното постигнување во овој живот како начин на дејствување и доближување до божественото - повелете, одете го патот и терајте си гревовите пред вас, зад вас - како и да оди сето тоа...
Никој не ве спречува... такво е времето денес: секој со својата природа, своето наследство, своите искушенија!

Не може да зборувате дека вашиот концепт на божественост има власт над сите други кои категорично не го прифаќаат тој концепт бидејќи им е далечен и бесцелен, не добиваат ништо од сето тоа во однос на животот како континуитет. Ќе им земеш за зло или ќе се чувствуваш навреден што некој не гледа ништо од ритуалите во христијанството и целиот концепт на еврејско учење?

Затоа и имате проблеми со дијаметрално спротивната религија од вашата, самиот ислам, со која си ги негирате суштинските темели на вашите религии - и каде ве носи тоа?
Кон поделба, упорна поделба и раѓање секти од вашите пазуви... а зошто? Бидјеќи премногу зборувате без да го слушате другиот...
Не сте само вие, не сте ништо посебни во однос на човештвото.

Лекот е надминување. И е постар уште минимум V милениуми од твоите II што ги зборуваш.
Ако за тебе лекот е спасение од гревови - нека ти биде - и тоа е сепак постигнуавње во овој миг за тебе...

П.С. И претходно ти напиша дека христијанството е достапно за секој. И никој не вели дека не е... никој не вели да не зборувате за вашите учења и што пракса и ритуали имате...
Но забораваш дека и се друго е достапно за човекот и е валидно исто како и твоето христијанство. Се додека практично човекот оди кон божественото како тој го разбира, се додека човештвото е во прв план - не гледам потреба да се користи христијанската практика на сатанизирање и злонамерно окарактеризирање на сешто (без реално да се запознае човек со туѓите пракси) за погрешно и зло...
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.913
Поени од реакции
5.049
Пробај со без временски интервал во умот да расудуваш, можеби ќе осознаеш ново преумување.
Преумувањето е едно и единствено. „Второто„ преумување е просто враќање на гревовното битисување, напуштајќи го вистинското преумување.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Преумувањето е едно и единствено. „Второто„ преумување е просто враќање на гревовното битисување, напуштајќи го вистинското преумување.
Е за ова зборам.Правилата и законите го држат човека во грч, не можејќи да направи чекор нанадвор од кругот од својата вера.
Седи си така...во другиот живот обиди се.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom