Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.164
- Поени од реакции
- 12.147
Нормално. Пред христијанството и еонот кој што измина во знакот на догмата имаше друг еон... но историја ти не сакаш, премногу инфо кое мора да се анализира, складира и да се бара смислата - е премногу, знам... но затоа немаш проблем да се повикуваш на пророци како ќе ти дојде, оние од поодамнешната историја... мислејќи дека се што ќе ти дојде прво на ум, во сон или кој знае како е апсолутна вистина за Хепта, за Митра, за Стефан или Стојанче од Скопје...Ти фали уште стар и нов еон.Не пропуштај такви битни поделби.
Историјата не е дел од духовниот свет, туку од телесниот.Само телесен човек бара книги да ја исполни празнината која му недостасува од немање духовност.
Неможеш да дадеш од тоа што го немаш.
Не сакаш книга но ко слеп за стап си се фатил за библијата како книга и за тебе таа е апсолутното најдобро нешто за човекот за да чита и да го разбере светот, себе си и оние околу него...
Не. Никогаш не било така, нема ниту да биде...
Јас и ти и сите дурги кои сме на Земјата, сме телесни битија. Преку писанија учиме, ете како што сега создаваме писанија за да се разбереме, да научиме едни за други кои сме, што сме и до каде сме... каква е оваа твоја омраза кон Телемити, масони, други христијани кои имаат потреба од „посредник“?
Ти ќе се наметнеш како пастир? Ти ќе толкуваш? Немој... од такви на форумов ми здосади веќе... купишта ве имаше, добро е што си заминаа, кај ќе беше крајот...
Тоа што погрешно разбирање имаш за книгите, симболите, историјата, боговите и се останато - само гледам човек што не ја разбира ниту карма јогата ниту бхакти - бидејќи освен твоето, се друго е лошо и погрешно.
Дури и светите книги на другите им ги толкуваш како да си ги ти напишал, како другите да не се способни да ги разберат, ти се наментуваш насекаде и ете, тоа за тебе е во делот „имам па давам“.
Не биди толку ограничен и без разбирање на човекот и човештвото.
Боговите без човекот се никој и ништо!
А ти не сакаш да го разбереш тоа човештво преку книги, историја, комуникација... човештво од кое си дел и не го разбираш бидејќи имаш премногу лоши искуства со неистомисленици.