Тафталиџе 1 отсекогаш важела за кошаркарска населба. Дур бевме основно "Коменски" најчесто ги освојуваше општинските турнири и отсекогаш го фурале тој филм како маалска приказна, дека кошарката им е на прво место. Фудбалските тимови на пример им беа катастрофа секоја година, ама во кошарка секогаш мораше да се борат за да го освојат турнирот и најчесто го освојуваа.Прво бројките на групите ти се обратни, ФА беа повеќе. Второ Работнички не влезе во топ 6, и бивши членови на цпб сега за мала пара навиваат за тфт, цел репертоар на песни им се од цпб и анти аеродром.
Познати ми се доста од фаците што ги гледам сега по слики на нивни натпревари и дека некој од нив идел за пари на натпревари ми е тотално за неверување, не знам од каде ти е таа информација? Мислам дека сите го гледаат ова како забава, буквално како да следат меѓушколски турнир во маало, а не дека се сметаат себеси за некаква навивачка група. Буквално си ја тераат "Коменски" приказната на постари години и во прва лига. Не знам само зошто не им дозволија да играат во Форца, би требало да ги исполува таа сала условите за натпреварување во прва лига, ќе им беше комплетна маалската приказна така и ќе имаа многу повеќе публика и поубава атмосфера.
Дека во Тафталиџе 1 имало доста членови на ЦПБ е точно, ама ова си е комплетно друга работа и да си препознал ликови од таму тоа е од друга причина. Како што за @Saber Rider е Славија Пржино така за овие дечки е овој клуб
Како и да е годините поминуваат но навиките не, само МЗТ е клубот кој може да ве собере да навивате. Идеш како маалец навиваш за Аф Аф , а цел натпревар пееш анти - Аеродром и за прв пат користиш тапан и мегафон. Добро да бев од вчера навивач може и ќе паднев на приказнава маалска 




