,,...Министерството за образование и наука ја известува јавноста дека и од понеделник 28.04.2022, за кога е најавен штрајкот од страна на раководството на Синдикатот за образование, наука и култура - СОНК, основните и средните училишта ќе продолжат да работат, односно ќе примаат ученици и ќе организираат воспитно - образовен процес.
Правната регулатива во оваа област ги штити интересите и на учениците. Согласно законите за основно и средно образование, воспитно-образовната работа мора да се реализира во текот на целата наставна година.
Прекин не смее да има, освен во услови на вонредни околности како постоење на кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди, за што одлучува Владата и го уредува начинот на организирање и реализирање на наставата до крајот на учебната година.
Училишните раководства имаат законска должност да го организираат воспитно - образовниот процес и да овозможат продолжување на континуитетот на следење на настава во училниците, кој беше воспоставен откако по година и половина едукација на учениците во вонредни околности и услови на пандемија, тие повторно се вратија во училишните клупи, каде што впрочем им е местото...,,
...СОНК не го прифати предлог за покачување на платите на наставниците во износ од 2500 денари,
...според СОНК, според минималната плата во државата , а тоа е 18.000 денари, број кој се множи со коефициентот за сложеност на работно место, кој за позицијата наставник во основно образование изнесува 2,503, тогаш излегува дека платата на наставник треба да изнесува 45.054 денари, додека за професор во средно образование, овој коефициент е 2,533, што значи дека платата на професор во средно училиште треба да биде 45.594 денари, додека хигиеничар во средно образование автоматски (иако не е просветен работник) со коефициент 1,3 би земал плата од 23.400 денари?