Eве ти мислиш дека целта им е да ја претворат Украина во Белорусија, друг мисли дека целта им е да ја освојат Европа, трет мисли трето...
Што им е целта, може било кој да кажува од страна што си мисли дека е. Но, Путин на почетокот јавно ги кажа целите на војната. Може лаже, може не, ама јавно кажа кои се целите.
За ова веќе зборевме поназад повеќе и има и линкови. Инаку секој у главата си има идеја што у ствари сака Путин, но дали војната е успешна или не, можеме да процениме според тоа дали целите кои ги декламираше на почетокот, се исполнети или не се, а не според тоа тетка Митра од комшии што си мисли.
Еве на пример, гледам овде многумина кои си мислат дека војната е изгубена поради нешта како бродот Москва, па се радуваат како нездрави, додека се предаваат секојдневно, парче по парче од најелитните 15-20.000 трупи.
Да, битни се такви работи, ама да биде стратешки значајно за војната, треба да да им уништат многу повеќе од поморските сили. Што и кажа еден американски генерал, одма после нападот. Овие 15-20.000 елитни трупи се многу повеќе стратешки битни, од еден брод како Москва.