Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    747

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.242
Поени од реакции
9.884
Друже, пропагандата ти е смешна, затоа и многу тешко мине кај нормалниот народ.

Овие деца пред месец дена се родија во војна, русија реши да ги окупира и им фрла бомби во двор веќе месец и кусур дена, жртвите сигурно не ги ни бројат на дневна база.

Ти тоа го правдаш со прикаски за нато, нацисти, југославија, јемен, и нешто глумиш загрижен, ја гледаш шумата а не дрвјата и слични срања.

Ти се дивиш на тероризмов на русија, а во исто време си хуманист. Консултирајте се со учк, пристапот ви е скроз утнат.
Да си можел да го убиеш Путин во 2000 на пример, да му ставиш отров у виното, дали би го спасил светот така од уништување?
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.877
Поени од реакции
25.344
САД и Русија. ЕУ е ебената страна. Која што единствено што може да прави е да го лоботомира своето население дека е убаво да бидеш ебената страна.
samo ebanite stranki se bitni... uk, nz, aus i usa pukanki grickaat
 

Ivan898

they see you, but you don't see them!
Член од
3 јуни 2020
Мислења
417
Поени од реакции
792
Професор на математика од основно училиште во градскиот аутобус 19ка:
Ватикан е крив за војната во Украина, Нато на Македонија ке даде нови аутобуси за да се носи оружје во Украина :pos: :pos:
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.253
Поени од реакции
13.770
@MKD123 слушни го малце советникот на Зелински, Арестович што прогнози има и каква политика сакаат за Украина. ИСИС методи, само спакувано во правна држава наречена Украина и спонзорирана од САД/Европа. Штом ти вика Украина ќе биде новиот Израел во Европа, знаеш што следува.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.482
Поени од реакции
23.438
Зеленски вели дека побарал да се евакуираат ВСУ од Мариупол но Русите барале тие да се предадат, вика дека доколку Русите го уништат Азов тогаш ќе ги прекине мировните преговори.


Zelensky said talks were under way to help Ukrainian defenders in Mariupol, but the Russians demanded that they surrender.

"To be honest, there is no trust in the negotiators on Mariupol. We agreed that there would be humanitarian corridors. We wanted to take away the wounded, our women and children, but Russia refused," the president said.
Mariupol - it can be like ten Borodyanok, and I want to say, the destruction of our military, our guys will put an end to all negotiations - Zelensky
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.253
Поени од реакции
13.770
Ајде бре. Азов да не бил уништен а тој веќе попара напраен. Добар изговор на Зелински за да не продолжи со преговори пред Европската јавност.
 
Член од
12 април 2020
Мислења
471
Поени од реакции
886
Освен на руската војска ќе треба репарации да им бидат наложени и на оние земји кои ја финансираат војнава со купување руски суровини. Пред се на една западна држава тука се мисли. Биг елефант ин да рум.
Секој кубик руска гас е етички спорен во моментов.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.495
Поени од реакции
18.518
За жалење сте вие форумска багро што му се хвалоспевате на Путин и русите,кои неофицијално досега убиле со гранатирање близу 200 деца.Под наводниот нацизам и за гол интерес бомбардираат цели стамбени блокови,бегалски конвои и луѓе на улица.А добар дел сигурно се и руски деца,или од родители со мешан брак.Ама битно денацификација..На куров.
Идиоти
Кретени
Ги боли пенис нив и за Русија и за Украина, ова го прават само затоа што ги мразат педерите т.е. американците.

Иначе русите го уапсија адмиралот на црноморската флота, а овај кој што тврдеа дека не загина во Украина, денеска го закопаа.
 
Член од
12 април 2020
Мислења
471
Поени од реакции
886
Нема ефтина овде и кажав дека добивам 50% попуст. Гајле ти е тебе, не переш и онака.

Gesendet von meinem KB2003 mit Tapatalk
Чисто од љубопитност ме интересира ако може од права рака... Какво е расположението на јавноста во Германија во однос на забрана за увоз на руски гас? Тоа ми се чини ќе биде клучно во војнава.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.729
Поени од реакции
9.318
Cycle to 'annoy' Putin, Germans told

Every German should contribute to reducing the nation’s dependence on Russian energy, federal Vice Chancellor and Economy Minister Robert Habeck told the Funke Media Group on Friday, as he called on fellow citizens to start reducing their energy consumption, while offering several tips.

“As a rule of thumb, I would say: saving 10% is always possible,” Habeck said, urging “everyone to make a contribution to saving energy now” and announcing a government campaign. The Green politician said saving energy is not only part of the effort to “become more independent from Russian imports,” but also a “big joint project” that will help Germany in the long run.

Ау овие се ептен забегани.
1650124688142.png

1650124780913.png

1650124882990.png



:aplauz::aplauz::aplauz:


За тоа време, политиката на нивните господари:

1650121784710.png


Зависност на САД од руски јаглен, гас и нафта (За јаглен главни снабудувачи им се Колумбија и Канада, за природен гас и нафта - Канада):

1650121988761.png


1650122116992.png


1650122290254.png


Но затоа, што се однесува до санкции за рускиот ураниум, каде што Русија учествува со 16% од целокупниот увоз на ураниум во САД (главни снабдувачи: Канада, Казахстан и Русија), е таму САД нема да ставаат санкции. Не се глупави како Европјаните.

1650122520914.png

 
Последно уредено:
Член од
12 април 2020
Мислења
471
Поени од реакции
886
:aplauz::aplauz::aplauz:


За тоа време, политиката на нивните господари:

Прегледај го приврзокот 328948


Зависност на САД од руски јаглен, гас и нафта (За јаглен главни снабудувачи им се Колумбија и Канада, за природен гас и нафта - Канада):

Прегледај го приврзокот 328949


Прегледај го приврзокот 328950


Прегледај го приврзокот 328951

Но затоа, што се однесува до извоз на ураниум, каде што 16% го добиваат како увоз од Русија (главни снабдувачи: Канада, Казахстан и Русија), е таму нема да ставаат санкции. Не се глупави како Европјаните.

Прегледај го приврзокот 328952



Колку што ми е познато руските и американските реактори користат различни видови на ураниум добиени на различни индустриски начини кои не се компатибилни меѓу себе.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.685
Поени од реакции
5.315
Чисто од љубопитност ме интересира ако може од права рака... Какво е расположението на јавноста во Германија во однос на забрана за увоз на руски гас? Тоа ми се чини ќе биде клучно во војнава.
Тоа прашање ќе го поставиш батка у ноември, здравје боже ;)
Сеа можат и со ладна вода да мијат раце, и со млака гзот пред работа да го средат.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.433
Поени од реакции
7.145
Друже, пропагандата ти е смешна, затоа и многу тешко мине кај нормалниот народ.

Овие деца пред месец дена се родија во војна, русија реши да ги окупира и да им фрла бомби во двор, жртвите сигурно не ги ни бројат на дневна база.

Ти тоа го правдаш со прикаски за нато, нацисти, југославија, јемен, и нешто глумиш загрижен, ја гледаш шумата а не дрвјата и слични срања.

Ти се дивиш на тероризмов на русија, а во исто време си хуманист. Консултирајте се со учк, пристапот ви е скроз утнат.
Пиша дека јас терам некаква пропаганда и во следна реченица пиша дека војнава почнала пред месец дена. :facepalm:

Прво уште после месец дена ми немаш одговорено на постот каде со ликови од Википедија тврдеше дека во Русија наци групи имале исто влијание како овие во Украина, а и самите линкови кои ги имаше друг член постирано, а ти се надоврза на нив, те демантираа. Е тоа е пропаганда.

1. Војнава не трае месец или два, туку 8 години и овие деца не се разбудиле во војна пред месец дена, туку тогаш отиде на повисоко ниво. Намерно изоставаш осум ебани години војна, затоа што не ти одговара да признаеш дека во тој период, русите во Украина имаат голем број жртви, дека им се загрозени основните човекови права. И не, не го почнаа они тоа, туку тие што го искористија Мајдан, за да ги палат живи, забрануваат руски да учат, укинуваат телевизии. Е тоа е пропаганда, а не моето. Од сам старт пишувам и сум јасно против тоа да жртвите на едната страна, без разлика дали се руски или украински, се побитни од другите. Ти и уште неколку тука сте тие кои намерно се правите дека жртвите на другата страна не постојат.

2. Најди еден пост каде сум пишал дека Русија е добра страна во војнава, каде се восхитувам на тоа што го прави Русија. Од сам старт тишувам дека за мене е ова војна, не некаква специјална операција. За разлика од тебе, јас сметам дека и двете страни се лоши, во војнава нема добра страна. Тоа го пишувам уште од старт и така ќе биде и во иднина. И двете страни се лоши, и двете страни се подеднакво криви што ситуацијата ескалираше во војна. Никој не може да ме убеди дека не можеше ова да се избегне ако имаше добра намери од двете страни. Неутралност на Украина и спроведување на договорот од Минск, не може да биде нешто кое е неостварливо. Од сам старт ова го пишувам, а ти ми пишуваш дека терам некаква пропаганда.

3. Прикаски за НАТО? Украина во устав пред некоја година го вметна НАТО како обврска. НАТО во Украина имаше воени вежби, НАТО ги обучува и вооружува, ама прикаси биле. Прикаски за нацисти? Со имиња и презимиња ги имам наведено, од 2015 навака, јасно декларирани нацисти, на кои високи функции биле. Закони носени, нацистички изложби организирани од владата на Украина. Маршеви подржани и финансирани од локални власти. Нродна милиција, организирана од основачот на Азов, а составена од нивни членови, беше поставена за официјален набљудувач на изборите во 2019-та. Се има во постот што го пишав тогаш. Од имиња, влијание, одлуки. И тогаш пишав, најдете една држава во Европа каде нео-наци групи и нивни членови имаат толкаво влијание, како овие во Украина. Имиња, презимиња, закони. Факти, не од руска страна, туку од западни извори. И секако тие не се мнозинство во Украина, тешко малцинсто се, како и во други земји што се, ама тука имаат огромно влијание.

4. Да ова во Украина е еднакво на тоа што Западот го правел и го прави, на Југославија, Авганистан, Либија и ред други. Дента кога Русија ја бомбардираше Украина прв пат, САД ја бомбардираше Сомалија. Саудиска Арабија константно го бомбардира Јемен. Израел кога ќе му прдне, гранатира во Палестина. Турција, Израел, кога ќе им текне ја гранатираат Сирија. Зашто не се збори подеднакво и за овие работи? Зашто нема сакнции и осуди за нив? Една осуда дај ми од западниве просветлени, напредни држави за теророт кој САД го просеја во последниве 30 години на Блиски Исток и Африка.
Злото на САД, НАТО и западниот цивилизиран свет, кое го нанесоа на многу земји не може со ништо да се спореди. Не ве гледам вас просветлените, нормалните, да се борите да овие одговараат за тоа, да платат дебели оштети за уништувањата и убивањата милиони цивили. Не ве гледам да барате да им се суди. Еве јас јаско сум за да секоја земја, вклучително и Русија и Украина платат за злото кое го нанеле на друг, ама да ваќи тоа и за западните цивилизирани пљачкаши и убијци.

Јас секогаш ќе кажувам дека двете страни се лоши во војнава. Јас во ни еден случај нема да ги правам побитни едните и ги негирам и омаловажам другите жртви на војнава. Јас јасно пишав дека дека не е битно дали сега Мариупол ќе биде под Русија или Украина, кога градот го уништија 95%, и едните и другите, каде во дворовите има гробови на загинати цивили, во подрумите луѓето живееле по неколку дена со умрени сограѓани. Каков ќе биде тој живот таму? Јас имав доблест јавно на признаам дека сум погрешил и да се извинам за сиутацијата во Буча.
Ти тука ми правдаш регрутирање на 15-16 годишни деца. Не те видов ништо да пишеш за гранатата на железничката во Краматорск. После еден ден беше јасно од кој правец долетала ракетата, дека од тој правец никако не може да биде руска, дека серискиот број се поклопува со тие кои предходно ги користела украинската војска. Не те видов ништо да пишеш за гранатирањето на цивили во Доњецк. Или овие пошто се жртви на украински ракети не се битини?
 
Последно уредено:
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Не верувам дека целта им е било да направат брза промена на власта во Украина, немаат ниту капацитет, ниту подлога за такво нешто, да не збориме пак за антагонизмот и омразата што тлееше после отцепувањето на Крим.

Русија калкулираше дека по теркот на Крим ќе успее брзо да ги отцепи Донетск и Луганск, ама наиде на некалкулиран отпор кој се прелеа во војна.
Ја верувам дека тоа им беше првичната цел во првите неколку денови од војната. Ако не го сменат Зелински, барем да ја сменат ситуацијата на терен до тој степен што Зелински ќе мора да ја промени надворешната политика за 360 степени. Мислам дека и првичниот план на движење на руската војска иде во таа насока, затоа што претпоставувам дека очекувале хаос во украинската команда на почеток. Дури да се расчисти тој хаос, операцијата би била fait accompli, па на украинската војска како организирана целина, би и останала опцијата пасивно да гледа и да чека да се "демилитаризира".
Не викам дека тоа било изводливо, ама ми изгледа дека тоа била целта на првичниот high risk high reward дел од операцијата. Веројатно е и дека разузнавачките служби потфрлиле со извештаите за тоа што е изводливо на терен, на што упатуваат чистките во ФСБ.
Иначе, мене ми нема логика јуришот на некои од нивните најдобри единици на северот на Украина, надвор од опсегот на нивната логистика, оставени да претрпат тешки загуби, ако целта била само ослободување на Донбас. Украина во Донбас, од почетокот на војната ги има своите најдоби единици. Ако они беа целта нападот ќе се одвиваше нешто слично ко офанзивата која сега се очекува. Десетина илјади жртви и стотици парчиња на воена техника, жртвувани како мамка, за сега да го спроведуваат тоа што можеле да го спроведуваат на почеток на војната. Мене тоа ми е малку веројатно.
Скоро сигурно е дека Русите имаа некој почетен план, кој не им успеа.

За ова се зависи колку е спремна Русија да оди далеку.
Мислам дека споредбата на воените походи на САД и овој сега на Русија не баш добра, најмногу поради тоа што двете држави имаат различни политички системи, различна политичка атмосфера кај населението.
Влоговите и загубите на Русија сега се многу поголеми во споредба со САД и Виетнам.

САД го изгубија Виетнам но разликата е во тоа што САД немаа потреба да прикажат победа дома бидејќи сеопшто немаа подржка од населението, дополнително зборуваме за држава што беше во нејзиниот зенит, нешто што Русија моментално не е. Така да веројатноста за ескалирање во Виетнам со нуклеарно оружје би била 0.
Тука мислам дека ситуацијата не е иста, влогот е огромен а ако се изгуби војната за Русија ќе има големи геополитички загуби за неа како држава, ставени се во шах-мат позиција што е многу различен случај од воените походи на САД, со оглед на тоа што политичкиот систем не им е ист, веројатноста да се случи отпор дома би рекол дека е многу мал дури и да се искористи нуклеарно оружје.

Можеби звучи сулудо но искрено не би ја исклучил можноста Русија да ја игра и нуклеарната карта, ако ги доведат во неизлезна ситуацијата, а сега за сега расположението на Запад не е да ја де-ескалираат ситуацијата.
Дефинитивно не е исклучена таа можност. Не е многу веројатно, ама таа веројатност е доста поголема од нула. Ова е криза споредлива со Кубанската од 1962, во однос на потенцијалот да ескалира. Ама ризикот за секоја голема сила, од употребата на нуклеарно оружје во прокси-војна, е ист во сите случаеви. MAD и потенцијален крај на човековата цивилизација. Кога еднаш таа опција ќе се искористи од некоја голема сила, почнува ланчан процес, чиј исход доведува до ситуација каде физичката егзистенција на таа голема сила, е ставена под знак прашалник. Тоа е и целата причина зошто прокси-војните се појавија во модерната историја, за да се минимизира ризикот од употреба на нуклеарно оружје, во (дефакто) геополитички конфликт помеѓу две нуклеарни големи сили. Затоа и викам заканите со негова употреба, не помагаат многу. Дури и ограничена употреба во Украина, ја менува целосно математиката и прокси-војнава се трансфоримира во глобална криза, директно, помеѓу Нато и Русија.

Види, ја имам малку поинаков поглед на цела оваа криза, од конвенционалното објаснување за неа. Не мислам дека главната причина зошто сега има интервенција од страна на Русија во Украина, е единствено ради проширувањето на Нато. Искрата за кризата во Украина, која почна во 2014 година, е дефинитивно тоа. Затоа што, Украина интегрирана во западни безбедносни структури, е сериозна (можеби егзистенцијална) безбедносна закана за Русија. Меѓутоа, Украина во 2022 година не беше поблиску до членство во Нато, од Украина во 2014 година. Мислам дека, сегашната војна во суштина е од геополитичка, поточно геостратешка, природа. И руската одлука за интервенција сега, е донесена не ради наци-милитаризацијата и членство во Нато на Украина, туку затоа што рускиот политички врв процени дека подобра можност за тоа нема да имаат во иднина. Како и, перцепираната пост-ковид и пост-изборна слабост на САД и цел Запад со нив. Иако, ќе повторам, мислам дека таквата одлука е погрешна.
Украина е неверојатно геостратешки битна во новата голема игра, во свет кој полека се менува во 21 век. Не е случајно што САД и УК се толку инвестирани во нејзината иднина. Украина без западно (тука мислам на англо-саксонско, атлантско) влијание, е пат за географско поврзување, преку Унгарија и Австрија (кои самите играат со повеќе страни и имаат традиционално добри односи со Русија), на трите power brokers во Евроазија, Германија, Русија и Кина. Тоа се трите центри на економска и политичка гравитација, кои практично ја/ќе ја контролираат Евроазија во иднина. Таква оска, врз која САД како поморска суперсила (до неодамна хегемон) нема како да влијае, да ја попречува и да ја насочува по своја волја, е најлошиот кошмар за САД. И воедно најлошиот кошмар на секоја поморска голема сила низ историјата. Сите влијателни британски и американски геостратешки идеолози низ историјата, Mackinder, Spykman, Kissinger Brzezinski го потенцираат истото.

Најголемиот предизвик за поморска голема сила/империја е контрола на друга континентална голема сила, или алијанса на континентални големи сили, на континеталната маса на Евроазија. Инфраструктурно, логистичко, транспортно и трговско поврзување на Евроазија по копнен пат, ги неутрализира сите chokepoints на американската (во минатото на УК) поморска моќ и може да го промени поредокот на глобалната економија. Крвотокот на глобалната економија е трговијата по поморски пат. Контролата на поморските рути, значи дека имаш монопол на контрола врз светската трговија и врз можноста да проектираш моќ низ цел свет. Тоа е нуклеарна опција во овој свет на "мека" моќ. Суштински интерес на САД е да ја задржи таа контрола.
Баш затоа, мислам дека Украина е централното парче во сите пресметки, зошто другата држава со такво значење во тој дел од светот е Полска. А сите знаеме во кој камп е она.

Витален интерес на САД и Западот е Украина која не е под контрола на Русија. Витален интерес на Русија е да спречи про-западна Украина. Сите се фокусираат на влогот на Русија во Украина, меѓутоа и САД и сојузниците имаат влог во нејзината иднина. И САД нема да повлечат, пред никакви закани за ескалација, тоа треба на сите да им биде јасно. Нема ни Русија нормално. САД премногу инвестираа во исходот на оваа војна, и политички и воено и материјално, за да признаат пораз и да изгубат контрола врз Украина. Плус, треба да се има во предвид претходниот период и купот бламови на американската надворешна политика. Грешните потези со Ирак, Иран и најтазе резилот кој го претрпеа во Авганистан. Губење на војната од страна на нивниот режим во Украина, ќе изгледа како катастрофа од нивна перспектива и ќе направат се за тоа да го спречат. Затоа и сметам дека никакви закани со "сериозни последици", нема да ги предомислат.
Многу работи ќе одлучи офанзивата која сега ја спремаат Русите. Успешноста или неуспешноста ќе одлучи каква ќе биде ситуацијата на терен и кој какви преговарачки позиции ќе има. Се надевам дека така и ќе заврши се ова, со преговори на маса. Иако, исходот е целосно непредвидлив и не е исклучено за брзо, како многу пати во историјата, да влеземе во ирационална територија.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.797
Поени од реакции
37.798
Има масло иако потешко се наоѓа, ја до другото лето немам гајле да не ме думаш. И не ми е шубе.
...а не ти е шубе за време на најголемиот христијански празник Велигден да идеш на работа, затоа што токму тие што ни солат памет тука кај нас како треба да се однесуваме кон различностите, истите не ги почитуваат во сопствена држава онака да дадат пример за добрите намери, така да @Kadaif, @Staufer па и другите кои сте во Германија утре католички Велигден, петок и понеделник не се работи, ама вие и другите православни кои сте со престој во Германија кога треба да го славите православниот Велигден следната недела не ви дава Германија слободен ден за празникот, па ќе си идете на работа? хипокризија нели?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom