Препорака за влезни врати?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ana2
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
11 март 2022
Мислења
12
Поени од реакции
3
Возраст
47
Здраво, може ли да ми препорачате добри влезни врати за во куќа, да бидат околу 500 евра?
 
Здраво, може ли да ми препорачате добри влезни врати за во куќа, да бидат околу 500 евра?

Јас би ти препорачал како овие моите што ставив, ама веројатно нема да ти одговараат, затоа што се влезни и излезни истовремено, зависи на која страна од вратата си.
 
Само да не бидаат од медијапан. Моите беа по 200е и се искривија после 2 недели заради температурни разлики као наводно. Сеуште се бркам со нив за да ми ги сменат со нови. Односно од 6 врати се искривија 2.
 
Само да не бидаат од медијапан. Моите беа по 200е и се искривија после 2 недели заради температурни разлики као наводно. Сеуште се бркам со нив за да ми ги сменат со нови. Односно од 6 врати се искривија 2.
koj materijal e dobar za nadvoresni vrati (vlezni),a isto i za vnatresni (sobni)?
 
Немаш проблем со кондензација од внатрешна страна на зима?
Не, кога ја порачував ми спомнаа дека имаат со некаква изолација да се спречи тоа ако сакам, ама дека малце поскапо ќе биде. Ја порачав со изолација, досега не сум имал никаков проблем
 
Здраво, може ли да ми препорачате добри влезни врати за во куќа, да бидат околу 500 евра?
4 години ја имам, никакви проблеми. Само на директно сонце да не е изложена.
 
Технички имаш три класи на врати кај нас на пазар за таа цена. Турски, домашни, и италијански/грчки.

Турските се продаваат на места како Полар, Doors & Doors, Шмеки и сл. Цената им е од 250 до 300 евра, плус демонтажа, монтажа, ширење отвор, може да те фати и до 400 и нешто евра во зависност од фирмата. Ако сакаш поголема каса од таа шток со која најчесто се продаваат, цената ќе стигне и до 500 евра. Овие се Кале брава, со која најверојатно се запознаени сите професионални крадци во Скопје.

Тука што прават врати имаш Проспера, Сеф, Тензор, Сеф Компани (различна фирма), Codekey, Унисеф и уште некои други. Овие се од медијапан или иверка за лице, а внатре ист систем, метал плус камена волна како турските. Бравите на овие се најчесто од Securemme купени од Вуле Јуниор кај Зоил. Предност кај овие е што може да дојдат од фирмата да ти земат мерки и за недела да ти испорачаат/монтираат врата. Исто можеш да си бираш која брава сакаш. Повисока класа за повисока цена. Вектор Плус може имаат некој повисок квалитет на врати, општо. Не сум многу запознаен со нив, само знам дека над 600 евра им се вратите.

После имаш врати од 600 и нешто евра, од Стил Порте, Ариктон, а мислам дека и на Златна Рака им се странски. Кај овие ќе треба да чекаш да донесат месец и нешто најчесто за испорака.

Во принцип, сите се изработени на сличен принцип. Искрено, квалитетот кај сите ми е малку дискутабилен. Така што немам некоја препорака. Рачка може да си бираш кај сите освен кај турските. Јас би одел со Проспера или Унисеф, али што знам. Проспера има фабрика во Скопје за врати, ама имаат некои лоши рецензии, и некако безвезе ми е што рекламираат делови дека им се од ЕУ, без да прецизираат од која држава. Некои викаат дека тоа е така зошто се од Бугарија. Што знам. Знај дека сите овие брави се обиваат од тој што си ја знае струката. Втора брава е добра идеа зошто крадецот ќе мора да изгуби некој момент повеќе да ја обие во кој може некој да го затекне.
 
Последно уредено:
Вектоп про за двокрилна врата од 1600 евра нагоре, по мерка најевтини се од 1200/1300 евра па нагоре за двокрилна (што е у суштина врата и пол а не баш две еднакви крила) што стварно мислам е многу, зашто сакам нормална врата а не некој луксуз. Фала КостеМ за опширното објаснување.
Сеф 1350 евра..., Лесна од 1600 евра нагоре, Полар 1250 евра...
Не живееме у Македонија со овие цени....
Јас лично сметам дека за 700 евра треба да има пристојна двокрилна врата ама ете нема....
 
Последно уредено:
Вектоп про за двокрилна врата од 1600 евра нагоре, по мерка најевтини се од 1200/1300 евра па нагоре за двокрилна (што е у суштина врата и пол а не баш две еднакви крила) што стварно мислам е многу, зашто сакам нормална врата а не некој луксуз. Фала КостеМ за опширното објаснување.
Сеф 1350 евра..., Лесна од 1600 евра нагоре, Полар 1250 евра...
Не живееме у Македонија со овие цени....
Јас лично сметам дека за 700 евра треба да има пристојна двокрилна врата ама ете нема....
Абе ја сум прашувал во сите овие. Иако за стан јас зборев. Тебе за куќа ти требало, не сум заприметил убаво. Тие се поскапи. Ама верувам дека има за пониски цени од овие наведените. Поготово во Полар, кај што им се турски и цените им се наведени на сајтот. Имаш и Orient Doors, некои ми кажаа дека кинески врати продаваат они, ама мислам дека и нив им се турски. Прашувај на фб кај сите со димензии и материјал, многу, ќе ти кажат цени. Јас за стан гледав пред некое време, и на крај за никоја не се решив, ќе оставам за месец-два да видам. И мене ми беше до 600 евра буџетот. Не знам, горе-доле, сите истиот производ го продаваат, прашање е само овие тука што ги прават, кој колку пази при изработка, да ти го погоди мерките и да запази детали.
 
Изгледа ќе идам со Шмеки двокрилна, ако сум се зезнала ќе пишам....
 

Attachments

  • Screenshot_20220411-204808_Facebook.jpg
    Screenshot_20220411-204808_Facebook.jpg
    465,4 KB · Прегледи: 73
Последно уредено:
Еден другар зема за стан од Шмеки, мислам дека ми кажа дека некои 70 евра му зеле за монтажа, со ширење отвор, али може грешам. Имај си во предвид.
 
Шмеки буквално ме избркаа :D, не знам што се дешава со тие продавачи, ете чисто да не им седи реклама, веројатно е многу ситна пара тоа за нив
 
веројатно е многу ситна пара тоа за нив
Тоа е. Многу се однесуваат вака. Они со фирми гледаат да соработуваат на големо, не сум индивидуални купувачи. И јас имав слично искуство со Сеф во Аеродром. Тотално незаинтересирани, и ко те чекаат да си излезеш.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom