По предавањето на над 1200 украински маринци во Мариопољ, Зеленски објави фотографии од "уапсениот" Виктор Медвечук во украинска војничка униформа. Веднаш понуди размена на заробените од Мариопољ за Медвечук.
Малку контекст. Медвечук е/беше лидер на најголемата опозициска партија у Украина и во 2021 по рејтинзи беше во водство према владата и имаше нагорен тренд. Важи за "про-руски" ориентиран и "човек на Путин". 48 дена му немаше трага. Се претпоставуваше дека при освојувањето на аеродромот Гостомел и општо опклувањето на Киев, една од задачите на руските специјалци била да го евакуираат токму Медвечук и дека успеале во тоа.
Со најновиот развој на настаните од вечерва, станува јасно дека украиската "демократска" влада уште на почеток го заробила/киднапирала својот политички опонент (веројатно по совет на уште подемократските нато сојузнички инструктори).
Интересно е што според сликите Медвечук е во украинска воена униформа, а официјално причината за апсење е дека бил фатен како дезертер. Зеленски потенцираше дека бидејќи бил во воена униформа, се третира како воен заробеник и поради тоа предлага размена со воените заробеници од Мариопољ.
Вистината е дека Медвечук бил држен во заробеништво 48 дена досега. Поради огромниот срам и деморализација на армијата и народот поради предавањето на 1200 украинци во Мариопољ а и се поизвесното целосно предавање/заробување/уништување нс преостанатите таму, одлучено е да се искористи ваквиот "џокер" за баланс на емоциите, т.е. демиџ контрол.
За мене останува нејасно дали понудата на Зеленски важи за сите досега заробени од Мариопољ? Само за денешниве 1200? Или можеби вклучувајќи ги и останатите во Азовстал меѓу кои има најверојатно високи нато офицери?
Според мене, покрај неколкуте обиди со хеликоптери да се евакуираат странците, покрај вчерашните неуспешни обиди за бегство и пробив и покрај радио комуникацијата преку која самите странци барале коридор од русите за да избегаат, ова е последен очајнички обид на нато да спречи паѓање на нивни офицери во руски раце, а Зеленски да спаси што повеќе нацисти - идни сведоци за злосторства против човештвото од страна на нато и украина.
Ме интересира вашите мислења:
1. Како ќе постапи Русија?
2. Како би постапиле вие да сте на место на Русија/Путин?