Абе јес да Русија е помоќната страна во војнава и воено, економски, територијално, популационо... б.т.в. всушност и они се напаѓачите/агресорите така да се изразам на друга независна држава, во случајов Украина, но треба да се земат во обзир некои факти.
Русите не ја напаѓаат/освојуваат Украина со целата своја армија и оружје. Ако Русија има еден милион војници активна војска, а во Украина им се ангажирани стотина илјади војници, тоа матемачки се 10%, океј ај да ги додадеме тука и оние армиите на ДНР и ЛНР кои имаат по 20ина илјади борци, пак сите собрани на купче не се ни двесте илјади. Од друга страна Украина има активна војска 250-300 илјади војници кои се сите ставени во погон во овој конфликт, плус имаат и неколку стотини илјади резервен армиски состав кој е исто така ставен целосно во погон и плус веќе скоро два месеци од почетокот на конфликтов секојдневно се мобилизираат и се дели секаков тип на оружје на илјадници воено-способни мажи(цивили), па ај да ги спомнеме и Азовците и други такви пара-воени Украински милитантни формации, така да математички гледано Украинските сили се многу побројни од Руските и Про-Руските на теренот на Украина !